абе нема врска не беше Мексес крив за голот.... видете пак целата вина е на Перота, од секогаш сум имал негативно мислење за Перота незнам зошто ич не ми е по кеф дечкото и катастрофални грешки има дали на реализација или било како.
П.С. Русин ич те нема бе појке да те читам......(не дека мене ме има) а не дека ке кажам нешто + секако се Кркирома прв ке кажи
поздраф до сите и ФОРЦА РОМА другари
истото мислење и јас го имам за Перота, од секогаш не сум го сакал истото ваши и за Тадеи, ма да признавам дека имаат големи заслуги во последните 4-ри години како што се во Рома
инаку за мечот со Палермо, Раниери е ставен на слатки маки, посебно во дефанзивните редови... еве сега читам Сисињо полека се враќа во форма па за брзо време ќе го видиме на терените, прашање е сега кој ќе започне против Палермо како десен бек Касети или Мота??? па незнам што ќе се прави кога ќе се врати и Сисињо??? моментално јас сум за Мота да го започне мечот, јас незнам зошто Раниери ги комплицира работите, ем знае дека Касети е најголем виновник за поразот од Јуве, а на душа ќе му одеше и утакмицата со Сиена доколку не победеа, бидејќи беше тотално изгубен на истата, втор проблем е кој ќе игра централен бек, сега има тројца бекови на располагање(Мексес,Хуан и Бурдисо) од овие на Бурдисо некако нај му е загарнтирано местото во првиот тим за дуелот со Палермо бидејќи стандардно до сега во сите утакмици изигра без грешка и се мислам дека Мексес ќе биде извисен, јас не би сакал така да испадне сепак сакам да ги видам и Мексес и Хуан во првата постава, но ќе чекаме до среда да видиме...
Епа момци следен предизвик кој не очекува утре е гостување на Сицилија кај Палермо.
Играчи на располагање за натпреварот:
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Bertagnoli
Brighi
Burdisso
Cassetti
De Rossi
Doni
Faty
Guberti
Juan
Lobont
Menez
Mexes
Motta
Okaka
Perrotta
Pizarro
Riise
Taddei
Totti
Vucinic
Дони конечно во составот
Судија на натпреварот: [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Gianluca Rocchi[/FONT]
Еве какви формации предвидуваат La Gazzetta dello Sport и Corriere dello Sport
И двете одат со 4-3-1-2
на оваа долната постава би направил четири измени 1.Тадеи-Бриги(доколку е физичќи спремен) 2.Касети-Мота(по кој пат да кажам Касети е киксер, губе се у просторо) 3.Перота-Менез(со оваа замена ќе имаме подобра офанзива) 4.Бурдисо-Мексес(абе овој е класа спрема Бурдисо, можеби имаше лоша недела, но сепак е еден од најдобрите дефанзивци во светот)
мораат да го задржат овој Миколи во нападот како што направија со Џилардињо и Муту(во поголемиот дел од натпреварот) оти Миколе знаел да биде повеќе пати кобен за нас, но исто така мораме да ја пробиеме и добрата одбрана на Палермо, Бово и Кајер функционираат одлично, ако се сеќавате Бово беше и играч на Рома, незнам од кој причини си отиде ама играше доста солидно, препознатлив е по одличниот и силен шут кој што го поседува, за Кајер да не зборувам одличен млад централен дефанзивец, ако издржи уште оваа година Палермо другата сигурно оди во голем клуб, ако Мексес некогаш си замине(не дај боже), а се си бива кај Рома и Росела, Кајер би ми бил прв на листата на желби
интересна изјава на Капело можеби е во право а можеби и не, според мене Тоти е подеднакво добар и како најистурен напаѓач и како полушпиц
Капело: Менувањето на позицијата на Тоти е криминал
Селекторот на Англија, Фабио Капело многу добро е запознат со фудбалските случувања во неговата земја, а особено со тимот кој го водеше во својата кариера - Рома.
Тимот на Рома, италијанецот го водеше од 1999 до 2004 година и секако е повикан за коментар за време на моменталните случувања во клубот кој лошо (два порази, промена на тренерот, а потоа две победи) зачекори во шампионатот.
Ситуацијата на која се осврна беше идејата на новиот менаџер на тимот Клаудио Раниери иконата на клубот Франческо Тоти да го тргне од позицијата втор напаѓач и да го врати во редот за врска, што и го направи во победата од 3:1 против Фиорентина, каде капитенот учествуваше со два погодоци, од кој еден од белата точка.
Раниери својот потег го објасна со зборовите дека веќе и камењата знаат на која позиција игра ТОти, на што англискиот селектор прокоментира:
„
Тоти во светот на фудбалот претставува нешто посебно. Според мене тој мора да биде што поблиску до голот. Раниери можеби открива нешто друго, но сметам дека неговото повлекување од голот е криминал.“