Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Тоти се враќа утре против Каљари конечно! :)

И со оптимистички изјави :vozbud:

едит: Мансини е можно да си замине, според Спалети ...

А Аквилани сака што е можно подолго да остане во Рома :)
 
Водиме 2-0 на полувреме, со двата гола на Тадеи.

Тоти игра инаку, а исто и Вуќиниќ.

Ај второ полувреме нека даде Тоти еден гол, и Тадеи нека си направи хеттрик :vozbud:

едит: добро е, победивме :)
 
Честита победа.. каснам малку но денес дојдов на форум :)
Ќе биде неизвесна сезона.. Бораба до крај!
А шо е проблемот со Мансини? Тој сака да бега или Спалети не го става прв тим?
 
Па според Спалети, Мансини играл лошо, под очекувањата сезонава. Добро се прикажувал на тренинг, ама на терен, не било тоа тоа. Еве сега и Сенси даде изјава за можното заминување на Мансини, велејќи дека Мансини е несреќен во Рома.

Ама според мене, неговото заминување ќе биде огромна грешка, ако се случи по волја на клубот. Е сега ако веќе тој сака да замине, мора да се почитува неговата желба.

Ама ете Спалети вика зимскиов преоден нема да има никаква активност на Рома на трансфер пазарот, ниту некој ќе замине, ниту некој ќе дојде во клубот.

Спалети сака оваа сезона, составот да остане "недопрен" ...

Па да даде Господ, да му се исплати желбата, па да видиме некој поголем трофеј во витрините на клубот :)
 
Livorno 1 - 1 Roma.
Стрелци: De rossi 4` ;D. Tristan 6`
Во текот на целиот натпревар рома ја имаше иницијативата и притискаше но никако топката не сакаше да влезе во голот. А хуан имаше и пречка.
 
Бруки. Требаше да ги скантаме ...

Сега разликата е 5 бода, ама има уште многу до крајот :)
 
Со среќа вечер, ќе ви треба :helou:
 
Ајде вечер чекам да ги научите англичаните шо е италијански фудбал.

Пренос има негде? Гледам Глазгов-Лион ги дават сегде.
 
Рома - Манчестер 1-1 ...

Иако требаше да победиме според очекувањата, сепак натпреваров нема никакво значење, освен билдање на фитнес. Гледам Тоти и Сисињо беа во првиот тим, и Мексес, кој штотуку се врати од повреда, така да ги очекувам во стартната постава и викендов.

Конечно Мексес да се врати, конечно! Оној Ферари бот невиден е, ради него ни лупнаа Ливорно гол во неделата.

Што се однесува до Мансини, човекот е ѕвериште, и ако Рома го пушти, тоа ќе биде најголемата грешка што ќе ја направи клубот.

Еве што пишав претходно :)

Ама според мене, неговото заминување ќе биде огромна грешка, ако се случи по волја на клубот. Е сега ако веќе тој сака да замине, мора да се почитува неговата желба.
 
Треба да се задржи Мансини во клубот. Штета што изиграа нерешено, сакав да им збутаат на Манчестер некој 5 гола:smir:
 
Треба да се задржи Мансини во клубот. Штета што изиграа нерешено, сакав да им збутаат на Манчестер некој 5 гола:smir:

Абе за шанси имаше рома доста, но ете само една искористи а имаше и две стативи.
Рома ја држеше играта, напаѓаше, беше поконкретна но не мора да жалиме бидејќи и немаше никакво значење овој натпревар.

пс: Инаку од ждрепката највише ги сакам реал да паднат, но ќе видиме и ако знае некој да каже кога ќе биде?
 
Читам пак сме ги исколеле навивачите на Манчестер, и сме ги пратиле у болница ...

И можно е да летаат казни, а некојси полициски началник ли што ли е не знам од Англија, апелирал на УЕФА, да ја банираат Рома од лига на Шампиони ...

Според мене, ќе биде премногу исфрлање :toe:
 
Читам пак сме ги исколеле навивачите на Манчестер, и сме ги пратиле у болница ...

И можно е да летаат казни, а некојси полициски началник ли што ли е не знам од Англија, апелирал на УЕФА, да ја банираат Рома од лига на Шампиони ...

Според мене, ќе биде премногу исфрлање :toe:
Прочитав на гоал.ком за ова.
И ја мислим дека нема да не` исфрлат но може да добиеме казна=смрт односно осмина финалето да го играме без публика што би било исто како да сме исфрлени.
Но како и да е ќе има казна сигурно, да не биде само најлошото.
 
Хаха, еве го овој шупакот Касано со најнова изјава: Мојот сон е повторно да играм за Рома!

Е бачко бачко, арно викав јас кога си отиде, ќе молиш да играш пак за Рома, ама да даде Господ да не стапнеш на Олимпико, па ако сакаш и најбоље играч у свет биди ...


"Going back in time, I wouldn't have left, I made a huge mistake," he continued.

"Now I know that I will put my agent in difficulty with this, but it is his business. My dream is that of returning to Rome, to play for Roma."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom