Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
И двајцата сме во право а не се разбираме ... Мирко и Бориело се уште тука , Мирко може да си иде а Бориело го откупија , што значи дека најверојатно останува ... Доколку Мирко си отиде мислам дека ќе им треба уште еден напаѓач ... Доколку вака се остане не си отиде ни Мирко нема да им треба ни еден ... Според мене им фала само уште еден голман на пр .Стекеленбург , и уште еден во средина од типот на Ван дер Варт , Пасторе , некој кој ке биде покреативен и ке знае да даде гол кога нема да им иде на напаѓачите .
Точно точно ...:) а за Ван дер Варт ти давам чиста 10-ка играчот ми е омилен..
 
Хулио Серџо во Лече,Дони во Ливерпул,значи доаѓањето на Стекленбург е 100% освен Курчи ако не го планираат за број 1 ;)
 
Добар голман овој Дони. Уште не дојден 4 гола прими :pos:
 
Добар голман овој Дони. Уште не дојден 4 гола прими :pos:
Не е баш он крив,не ја гледам утакмицата ама видов дека Галатасареј играат со прв тим,а на Ливерпул одбраната им е трета постава,младинци(освен гркот) :D
 
Не е баш он крив,не ја гледам утакмицата ама видов дека Галатасареј играат со прв тим,а на Ливерпул одбраната им е трета постава,младинци(освен гркот) :D
Нема везе. Него му се бројат :pos:
--- надополнето: Jul 28, 2011 8:18 PM ---
хахахахха дони најјак е бе :) тој никогаш не е крив за головите:pos:
Уште 3 прими денес. Се на се 6 гола на две утакмици.Само не ме држете за збор не знам дали комплетно ги бранеше утакмиците не ги гледав цели!
 
Хулио Серџо во Лече,Дони во Ливерпул,значи доаѓањето на Стекленбург е 100% освен Курчи ако не го планираат за број 1 ;)
Курчи последнава сезона беше ѕвер , ама сепак им треба некој кој ке биде цело време на врвно ниво ... Денес пак читав некој шпекулации за Стекеленбург дека деновиве ќе потпишел за Рома ... Па ќе видиме ... Додека не потпише ништо не може да знаеме :)
 
Ја вака ко падобранец ама кај го најдовте Јуда жити се, сигурно можевте понормална замена па и за клупа да ви е :)
 
Ја вака ко падобранец ама кај го најдовте Јуда жити се, сигурно можевте понормална замена па и за клупа да ви е :)

На Хајнце мислиш?? Доколку мислиш на него еве јас ќе ти кажам дека Хајнце ми е во топ 5 најомразени фудбалери и таков фудбалер можам да замислам да игра во лацио, сепак не е тој соодветната замена за Мексес, ќе се купува нов, поквалитетен и помлад од стилот на Кјаер, а можеби и тој ќе биде :)
 
Вечерва гледајте го Ламела во дресот на Аргентина против Мексико до 20 год. во 00:30 по полноќ...
И како што гледам ПСЖ поточно Леонардо пак загризале по Бориело...Па нека дадат 11-12 милиони евра и нивни е на негово место одма Нилмар или Џакерини овој 2-риов за помалце пари ќе го земеме :)
 
Искрено ни мене не ми се свиѓа како играше Бориело минатата сезона ... Дај боже да го купат ПСЖ , да дадат добри пари па да може Рома да земе некој подобар напаѓач , кој ке дава повеќе голови ...
 
Вучко во Јувентус за 18 милиони, лош лош потег, Вучунич одлично се вклопуваше бо 4-3-3
 
Вучко во Јувентус за 18 милиони, лош лош потег, Вучунич одлично се вклопуваше бо 4-3-3
Доколку ме прашаше некој пред две години за Вучинич ќе речев цела кариера да остане во Рома , ама после минатава сезона , после 3 пати промашување празен гол и толку шанси мислам дека и треба да го продадат . Додека можат да му земат добри пари . Па тие пари нека ги вложат за купување на некој подобар .
 
Па ќе го лапните Стекеленбург. Добра зделка. Ама ако Вучко бега можеби треба да го задржите Бориело. Ќе ви се најде. А нешто слушнав и за Подолски. Е сега ако го земите и Подолски и уште еден топ напаѓач тогаш можете да размислувате за продажба на Бориело .
 
http://www.youtube.com/watch?v=xfc74Wlx5B4 Eве ја Ламелата ги изгоре Мексико :D Супер гол само така нека продолжи !!! Стекеленбург утре вечер може и да стави потпис доколку ги мине медицинските прегледи :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom