Фан клуб: Роџер Федерер

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
Aбе Магдинчев е подобар од Федерер, слушајте го вие оној од канал 5 :pos2:
 
Одлична игра денеска, супер пресврт форхендот и првиот сервис проработеа и све си дојде на место!
 
Majсторе со тебе сме...и во добро и во лошо...Единствен си :pipi:
 
ФЕДЕРЕР: "ПОРАЗОТ ВО МАДРИД НЕ ЗНАЧИ НИШТО!"


Рожер Федерер го оцени својот пораз во финалето на Мадрид Опен од Рафаел Надал како незначаен, велејќи дека неговата сезона на земја ќе биде дефинирана од настапот на Францускиот Опен. Без големо изненадување, неговиот главен ривал сметаше поинаку.

"Сезоната на земја на Рафа и мојата сезона на земја ќе се одлучат на Францускиот Опен, а не пред него. За жал или за среќа, таква е ситуацијата. Ако победиме на сите турнири, како што Рафа направи оваа година и потоа испаднеме во првото коло на Ролан Гарос, се ќе падне во вода", вели 28-годишниот Федерер.

Надал, кој стана првиот тенисер со хет-трик победи на Мастерс турнири на земја (Рим, Монте Карло, Мадрид), не беше подготвен да се согласи со ваквата оценка.

"Па, тоа е мислење кое не го споделувам. Не само бидејќи јас победив на три Мастерс турнири пред Ролан Гарос, туку бидејќи не е фер да се смета дека целата сезона на земја се одлучува на еден турнир", изјави Шпанецот по 6:4/7:6 победата.

Федерер остана смирен по поразот во неделата, велејќи дека е задоволен со својата форма пред Францускиот Опен, кој стартува во недела.

"Мислам дека под условите под кои играв не бев лош, но Рафа секогаш пронаоѓа некој неверојатен удар. Тој е Рафа Надал и игра со огромна самодоверба и неверојатна сила од основната линија. Никогаш не е лесно да се пробие таа игра", изјави 16-кратниот гренд слем шампион.

Федерер лани го совлада Надал во финалето во Мадрид пред да стигне до емотивната прва титула од Францускиот Опен и шеста од Вимблдон за да го врати првото место на АТП листата. Надал не успеа во обидот за 5 последователна победа на Францускиот Опен по поразот од Швеѓанецот Робин Содерлинг во 4. коло.


Oф сонце мое :wub:
 
Ајде Рожер,со среќа на роланд гарос...Згази ги!!
 
Ajде лепи мој...ти го можеш тоа.Можеш да победиш на овој турнир и да останеш прв како и секогаш:back:
 
Си плеска Роже,се оди по планот едвај чекам да дојде финалето!
 
Толку беше...:toe:

Ај Вимблдон ке си освои :)
 
И сеа ако освои Надал, втор паѓа Федерер?? На чекор пред нов рекорд... Да се надеваме нема да освои шпанецот
 
И сеа ако освои Надал, втор паѓа Федерер?? На чекор пред нов рекорд... Да се надеваме нема да освои шпанецот

Како може да падне Федерер кога во поени се миљон разлика...не лупај...
 
Мислам дека паѓа, не е лупање...

Него, не беше во најсјајна форма од АО наваму, не освои ниеден турнир, останува да се надеваме на успешна сезона на трева и што подолго задржување на првата позиција бидејќи децава не се заебаваат, доста му беше апсолутна доминација од еден, па и двајца тенисери, ако го броиме Надал.

Нека ја стабилизира сервата, ќе му треба за на Вимблдон каде очекувам одбрана на титулата. Со среќа, мајсторе!
 
Aма излеа било пред 1/4 финале, а тој влезе во 1/4 финале... Како и да е, ќе видиме во текот на следните 5 дена :)
 
Како може да падне Федерер кога во поени се миљон разлика...не лупај...
Ако го земе Надал турниров, се враќа на прво место. Моменталната разлика e 10030-6880=3150. Федерер со поразов губи 1640 поени, а ако го земе Надал турнирот ќе му се додадат 1820 поени. Значи Надал би имал 6880+1820=8700 поени и би избил на прво место, а Федерер би имал 10030-1640=8390 поени и би паднал на второ место. Проста математика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom