Фан клуб: Роџер Федерер

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде, без гајле, нека ја крени играта, првата позиција сама ќе си дојди... А и секако повеќе му оди коче е втор. :P
 
Федерер си гази во Хале денес игра полуфинале со Петчнер и ако успее да влезе во финале ќе го чека подобриот од Бекер и Хјуит.
 
Денес Федерер ако тепа, колку ќе биде разликата помеѓу него и Надал на АТП листата ?
 
^ Екшли, поголем фан е на Хјуит. :)

И покрај поразов на Федерер, сепак играше прилично добро, сигурно е повторно фаворит за Вимблдон.
Мора да се потенцира дека Хјуит навистина изненади со ваквата одлична игра. :)
 
^^ Да не мислеше оти сум за Надал??

У тенис сум за Хјуит, затоа и чисто на заебанција го пишав постот, ама ете сеа глеам тепал.. Иначе исто така и Федерер ми е еден од поомилените тенисери и многу повеќе го сакам отколку Надал.. и :toe:
 
Глеам се посрал Федерер,значи не бил само Надал.Него вие одма почнавте колената,не го бивало на трева ќе испаднел рано на Вимблдон итн.Овие турнири се само да ја осетат тревата после 2 месеци играње на земја,а на Вимблдон се можно.Само му се молам на Господ да не почнат неизбежните дождови во Британија.
 
Мислам дека е затворен Вимблдон, ако има дожд нема да смети.
 
ако заврне се знае, турбо во еден ден два дуела :)
 
Двата дуели на Федерер се погоди да ги гледам токму од моментите кога ги сврти во своја корист. И то го напрај благодарение на талентот и тениската генијалност. Не гледам желба и жар кај Федерер за игра, едноставно не ги гледам тие работи, и за жал маестрото ќе испадни рано годинава на Вимблдон по мое. :raz:
 
Само централниот терен има покрив кој се активира за 10 - 12 минути....Но прогнозата вика дека нема да има дожд на Вимблдон се до 04 јули...Па мислам дека нема да имаме многу прекини
 
Добро изгира вс Мелцер, сервисот беше одличен, како и другите сегменти од играта. Се надевам дека уште повеќе ќе ја подигне играта и без мака ќе стигне до самиот крај. Се разбира, одбранување на титулата не мора да го спомнувам!

Come on Roger! :vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom