ФЕДЕРЕР: "ПОРАЗОТ ВО МАДРИД НЕ ЗНАЧИ НИШТО!"
Рожер Федерер го оцени својот пораз во финалето на Мадрид Опен од Рафаел Надал како незначаен, велејќи дека неговата сезона на земја ќе биде дефинирана од настапот на Францускиот Опен. Без големо изненадување, неговиот главен ривал сметаше поинаку.
"Сезоната на земја на Рафа и мојата сезона на земја ќе се одлучат на Францускиот Опен, а не пред него. За жал или за среќа, таква е ситуацијата. Ако победиме на сите турнири, како што Рафа направи оваа година и потоа испаднеме во првото коло на Ролан Гарос, се ќе падне во вода", вели 28-годишниот Федерер.
Надал, кој стана првиот тенисер со хет-трик победи на Мастерс турнири на земја (Рим, Монте Карло, Мадрид), не беше подготвен да се согласи со ваквата оценка.
"Па, тоа е мислење кое не го споделувам. Не само бидејќи јас победив на три Мастерс турнири пред Ролан Гарос, туку бидејќи не е фер да се смета дека целата сезона на земја се одлучува на еден турнир", изјави Шпанецот по 6:4/7:6 победата.
Федерер остана смирен по поразот во неделата, велејќи дека е задоволен со својата форма пред Францускиот Опен, кој стартува во недела.
"Мислам дека под условите под кои играв не бев лош, но Рафа секогаш пронаоѓа некој неверојатен удар. Тој е Рафа Надал и игра со огромна самодоверба и неверојатна сила од основната линија. Никогаш не е лесно да се пробие таа игра", изјави 16-кратниот гренд слем шампион.
Федерер лани го совлада Надал во финалето во Мадрид пред да стигне до емотивната прва титула од Францускиот Опен и шеста од Вимблдон за да го врати првото место на АТП листата. Надал не успеа во обидот за 5 последователна победа на Францускиот Опен по поразот од Швеѓанецот Робин Содерлинг во 4. коло.
Oф сонце мое :wub: