Фан клуб - РК Вардар

Јас сум тој. Ама ја нереков дека е сомнителен. Туку, пред неколку натпревари, дека не сум уште сигурен дека е полн погодок.

Сега викам дека е добар трансфер. Ама и сите вие многу се залетувате со него, го направивте Сагосен. Океј изигра вчера. Ама, направи и едно 4-5 технички грешки. Имаше три лоши додавања до Петриќ кои ни ги земаа и од контра ни дадоа гол. Една ја фрли во аут безвезе. Имаше грешка во чекори, 3-4 утнати шутеви. Кога ќе собереше се тоа, тоа се некаде 10 упорпастени напади, а само напад игра он. Не викам дека дечкото е лош. Добар е, мислам дека даде шест гола. Само вие го дигнавте во облаци како он да е икс факторот што ја прави разликата, а тоа не е реалната ситуација.

Вчера Томовски направи голема работа, некои сајтови викаат дека имал 13 други 15 одобрани. На битолчанине, не знам дали голманите им имаа 5. Така што, тоа ни даде многу напади плус.

Оној Николиќ игра многу квалитетно и константно, и Срдановиќ и Петриќ даваат добар придонес. За Лазаревски да не правиме муабет, ама јас за него секогаш сум сметал дека има потенцијал.

Така што, овие 2 резултати против Еурофарм се од тимска игра, скоро сите солидно придонесуваат, не е дека Јапонецов сам игра, а така се претставува.

Друже, да не игра Јапонецот ни еден од тие што ги наброја гол нема да даде. Е толку прави разлика. За тие пасови дел од вината имаше и Петриќ пошо многу споро влагаше во тие напади. На пример со Николиќ еднаш не погреши Јапан. Пасовите до Мечка сите од него, као на тацна. По мене он и дефинитивно е икс факторот кој итекако ја прави разликата. Денес е најтешко да најдеш среден бек од ваков калибар, и тие се како злато вредни. Стеинс, Скубе, Зарабец итн.
 
Јас сум тој. Ама ја нереков дека е сомнителен. Туку, пред неколку натпревари, дека не сум уште сигурен дека е полн погодок.

Сега викам дека е добар трансфер. Ама и сите вие многу се залетувате со него, го направивте Сагосен. Океј изигра вчера. Ама, направи и едно 4-5 технички грешки. Имаше три лоши додавања до Петриќ кои ни ги земаа и од контра ни дадоа гол. Една ја фрли во аут безвезе. Имаше грешка во чекори, 3-4 утнати шутеви. Кога ќе собереше се тоа, тоа се некаде 10 упорпастени напади, а само напад игра он. Не викам дека дечкото е лош. Добар е, мислам дека даде шест гола. Само вие го дигнавте во облаци како он да е икс факторот што ја прави разликата, а тоа не е реалната ситуација.

Вчера Томовски направи голема работа, некои сајтови викаат дека имал 13 други 15 одобрани. На битолчанине, не знам дали голманите им имаа 5. Така што, тоа ни даде многу напади плус.

Оној Николиќ игра многу квалитетно и константно, и Срдановиќ и Петриќ даваат добар придонес. За Лазаревски да не правиме муабет, ама јас за него секогаш сум сметал дека има потенцијал.

Така што, овие 2 резултати против Еурофарм се од тимска игра, скоро сите солидно придонесуваат, не е дека Јапонецов сам игра, а така се претставува.
Не е проблем и да си згрешил во прогнозата за него, се смееме тука, таман работа :D Направи неколку грешки, ама и изигра цел меч без замена, не е баш дека играше само напад, доста време помина и во одбрана, имаше моменти кај што играше истурен на 5-1 напред он, и неколку пати кога немаше време да се смени играше одбрана. Маци направи разлика вчера и тоа огромна, ама во напад без Јасухира видовме колку се можностите против Бутел, анемија и 60 минути мачење со Карапале, така да прави страшна разлика, клучен играч ни е и те како е Х-фактор.

За Николиќ се согласувам, коа дојде на почетокот се мачеше, ама сега е топ уигран и пружа феноменални партии, да се надеваме дека сите ќе продолжат така и Петриќ и Срдановиќ и цела екипа. Чудно ми е како не му се дава шанса никаква на Алонсо, Томи вчера иако не беше лош воопшто требаше малку да одмори не може никој да издржи 60 минути да игра во два правци...
 
Единствено оправдување за Алонсо е да добива време да крене форма на тренинзи, ама па од друга страна тоа најдобро и најбрзо се прави на терен. Затоа е добро кога се прават онакви емисии како онаа пред некој ден што ја коментиравме е да има саглам новинар кој знае да постави и вакви прашања па да чуеме што ќе каже Боре на таа тема. Чудно ми е Алонсо да е толкава дупка да не може да добие бар некоја минута покрај ракометар како Томи.
 
Србите, заедно со јапончево, се полн погодок засега и се покажуваат како одлични засилувања. Срдановиќ е одличен на крило, Јасухира е мозокот на екипава, какво освежување после ланската сезона без среден бек, а за мене и Николиќ е пријатно изненадување, и засега делува подобро и од Петриќ, многу попаметно игра и комбинира, ама кај Петриќ дефинитивно потенцијалот е тука, страшен е физички, само има доста работа сеуште со него. Португалецот и кубанецот засега не ветуваат, а најголема енигма и нешто од што многу работи може да зависат е Алонсо на десен бек, ако успееме да извлечеме барем некаков придонес од него да ротираат со Томи на таа позиција, може да се надеваме на некаков успех. За жал, покрај овие, најголемо разочарување веројатно сезонава е Карапалевски, тотално е изгубен на теренот и тенката клупа и ротација пак може да биде кобна на крај. Може Николиќ да се проба како среден бек затоа што делува дека има интелегенција за таа позиција, ама без придонес од Мело во фаза на напад ниту тоа не е решение за тенката клупа, затоа што пак за 2 позиции би ротирале 3-ца играчи. Тенки сме и на пикер реално, Мечка е одличен и најпозитивното изненадување сезонава, ама Аларов и Атанасовски тешко може да се сметаат за адекватни замени.

Колку што е лошо што не играме Лига Европа, толку е веројатно и добро :D Ќе беше супер натпреварување и искуство за ваква екипа, ама претенкиот состав ќе беше огромен проблем на дополнително зголемен број натпревари. Мило ми е што и натаму атмосферата во екипата е одлична, секоја чест за Столе, кој веројатно има огромни заслуги за сплотеноста и развојот на играчите. Како и да е, ќе бие интересна сезона, во никој случај нема да бидеме отпишани од борбата за титула, а жарот и желбата кај играчите уште толку ја подобруваат сликата :)
 
Борко Ристевски мора да се пофали , се гледа дека го засака Вардар и со љубов го води клубот ...
Кога ке ми текне кога играа Вардар - Металург пред 10-15 години кога бранеше за Металург и кога му пеевме Борко педерчето ша-ла-ла-ла :D
Но еве сега се сменија работите и го носи Вардар на прави патеки , само напред (y)
 
Јас сум тој. Ама ја нереков дека е сомнителен. Туку, пред неколку натпревари, дека не сум уште сигурен дека е полн погодок.

Сега викам дека е добар трансфер. Ама и сите вие многу се залетувате со него, го направивте Сагосен. Океј изигра вчера. Ама, направи и едно 4-5 технички грешки. Имаше три лоши додавања до Петриќ кои ни ги земаа и од контра ни дадоа гол. Една ја фрли во аут безвезе. Имаше грешка во чекори, 3-4 утнати шутеви. Кога ќе собереше се тоа, тоа се некаде 10 упорпастени напади, а само напад игра он. Не викам дека дечкото е лош. Добар е, мислам дека даде шест гола. Само вие го дигнавте во облаци како он да е икс факторот што ја прави разликата, а тоа не е реалната ситуација.

Вчера Томовски направи голема работа, некои сајтови викаат дека имал 13 други 15 одобрани. На битолчанине, не знам дали голманите им имаа 5. Така што, тоа ни даде многу напади плус.

Оној Николиќ игра многу квалитетно и константно, и Срдановиќ и Петриќ даваат добар придонес. За Лазаревски да не правиме муабет, ама јас за него секогаш сум сметал дека има потенцијал.

Така што, овие 2 резултати против Еурофарм се од тимска игра, скоро сите солидно придонесуваат, не е дека Јапонецов сам игра, а така се претставува.
Нормално е да греши кога се од него се чека и игра 60 минути без замена, доаѓа до пад на концентрација, истрошеност и во таква ситуација неизбежни се техничките грешки.
Види кај кој сакаш играч дали Сагосен, Стеинс или Хансен сите грешат реално, особено кога се играат вакви дерби натпревари.
Камо таа среќа да го врзиме јапонецов, како игра ни за Скубе ниту пак за Стеинс не би го дал. :love:
Интересно е што за Јапонија не настапува, но после вакви настапи реално неизбежен е повик.
Друга работа, добро е во тимов шо сите играчи ни се млади и доппрва ќе напредуваат, а скоро кај сите има голем потенцијал за дополнителен напредок, така да ова не е максимум од тимов.
Кога веќе сезоната ни е изгубена во европа, би било добро искористиме и извадиме уште по некој млад играч, има добри македонски играчи особено од 2004 кој што можи да се соберат многу лесно и дополнително да напреднат во Вардар.
Доколку на зима испазариме квалитетно, реално имаме добри шанси и за титула во првенствово.
Исто многу битно за натпреваров беше тоа шо тепавме со добра разлика +5.
Ако не се лажам првиот во групата пренесува +3 поени во плеј оф, вториот +2.
 
Повторно да ви честитам за заслужената победа! Само едно ќе ви речам.. треба да бидите среќни шо имате луѓе како столе, кој од срце го сака клубот, и на новите играчи знај тоа да му го пренеси како вистински се игра за еден клуб.. со срце! Спортски поздрав!
Ти благодариме за честитките. Се надевам дека ќе се средат кај вас работите и следната утакмица да биде вистинско дерби.

Со среќа нека ви е против Алборг и се надевам дека ќе извадите добар резултат!

Спортски поздрав! :)
 
Сабајлево на раат си го пуштив натпреварот и си го изгледав без стресови и скокања, ми стана традиција кога ќе оствариме некоја убава победа да си гледам реприза од натпреварот пиејќи кафенце, право уживање, плус гледаш работи што во живо не може да се приметат и си правиш анализа, би го препорачал ова на сите да си го практикувате.:D

Играта фантастична во двата правци, играчите спремни, мотивирани, влеговме во натпреварот решени дека ќе го добиеме, изгледавме како ѕверови пуштени од кафез, кога ги собравме аптекарите не знаеа каде е лево, во 15та минута резултатот беше 7-2 за нас, а нивните 2 гола беа од пенал на Кузманоски, значи 15 МИНУТИ НЕМАВМЕ ПРИМЕНО ГОЛ ОД ИГРА, стварно не памтам кога последно некоја екипа била вака прегазена уште на почеток од натпреварот, во џеб ги ставивме, Мечка и Мишевски ги искасапија цела утакмица, пикерот што може им е најквалитетно покриена позиција не доби топка, го вратија Пешевски во времето кога не можеше да се помрдне на црта и грееше клупа на сегашниот скаут експерт на битолчани-Ванчо Димовски.:popce:

За играта во одбрана покрај големата мотивација што ја добиваат од Столе големи заслуги има и Бутинот, кој мора многу повеќе да го цениме, се гледа дека човекот си ја работи работата како што треба и доста разбира ракомет, две сезони по ред ги прави мајмуни Пелистер со двојно помал буџет од нивниот и крајно лимитиран состав, сите играчи под негово водство напредуваат и што е најбитно го респектираат, после супер купот во Струмица и Столе имаше изјава кај што кажа дека Недановски е одличен тренер и треба да има многу поголема почит јавноста кон него, кога такви величини како Столе, Борко, Михо го фалат и сметаат дека треба да биде прв тренер на екипата сигурно има нешто, на крајот и резултатите, играта, хемијата помеѓу играчите доволно кажуваат за неговата работа.
Играчиве не знам кој ги скаутирал, дали Бутинот, Борко или биле предложени од менаџери ама очигледно на тој човек треба да му се симне капа, освен со Хансер и Мело што се утна сите други се полн погодок, дури и двајцава мислам дека не им е толку проблем квалитетот туку изгубени се во атмосферата и немаат некако свое место во целата сложувалка, Хансер вчера доби неколку минути и не знаеше кај се наоѓа, премногу возбуден делуваше, изгледа клуб како Вардар и ваква публика се преголем залак за него.
Косуке е страшно засилување, кажано е веќе се за него, цела екипа е за едно ниво подобра кога е тој во игра, мислам дека и напредокот на Лазаревски се должи доста на добрата комуникација и соработка со Јапонецот, одлично се разбираат и цело време му сервира топки на тацна, вчера постигна 6 гола од кои 5 беа асистенција на Косуке, изнуди и еден пенал исто по негова асистенција, Аларов еден гол даде во прво полувреме после негова топка, злато вредни се вакви играчи како него, прав диригент на цела екипа.
Покрај него мислам дека срце и душа на оваа екипа е Николиќ, од кого јас искрено воопшто ништо не очекував и мислев дека е непотребен трансфер, на крај испадна дека сме добиле прав борец што ќе остава срце на терен секоја утакмица, мислам дека дури и се потценува неговиот придонес во целава ситуација, дефанзивно е сосема коректен и голем мотиватор на цела одбрана, во напад може да шутне од 9 метри и да повлече баш во моментите кога не оди, ќе извади некој влез, усклучување, седмерец по што ја враќа екипата пак во живот, неговата улога во овој Вардар многу ме потсеќа на таа на Карачиќ во оној шампионски тим, посебно кога ја освоивме втората титула.
Срдановиќ и Петриќ исто уште една фантастична партија, кога потпиша Марко сите се смеевме на муабетите дека бил подобар од Манасков, на крај ќе се испостави дека биле во право тие луѓе, многу сигурен пеналџија добивме, лобот што му го даде на Гедбан за најавни шпици, може и тој гол е најдобар опис за целокупниот натпревар, во напад исто сосема солиден, знае да истрча и контра, а сигурен сум дека игра за многу помала плата од таа што ја зимаше Деки бој, такви играчи треба да се носат и во иднина што им се игра за клубот и спремни се за докажување, затоа и Бели и Марко ни се топ заслувања, сигурен сум дека двајцата ќе станат миленици на публиката.
Томовски вчера со натпревар за голмански учебници, како да сакаше да ни покаже на сите колку вреди, ги откажа буквално уште на стартот, посебно оној напаленкото Радивојевиќ што само скока и се дере после секој гол, сиротиот му падна кариера од Фленсбург, Рајн Некар и Пик Сегед стигна во Битола да игра во ледена дворана на свои 30 години, а важеше за едно од најдобрите млади десни крила на времето.
Томовски го заврши натпреварот со 13 одбрани од кои 4 седмерци, прав октопот, еден од најзаслужните за вчерашната победа.
Кај него мислам дека еднинствен проблем е тоа што на страна е многу послаб голман отколку пред своја публика, на сите натпревари кога игравме во Скопје со Пелистер бранеше добро, на тие во Битола стартуваше и секогаш имаше слаба партија, после мораше да влегува Боре да направи шоу.
Се надевам само дека ова нема да ни биде проблем на гостувањата, пошто ако нема Томовски ден замена му е Васе Гогов, во кого и немам баш доверба, никогаш до сега немал посериозен предизвик, сега да очекуваме тој да биде голман што ќе реши натпревар е премногу амбициозно, затоа можеби требаше да се запне да донесеме уште еден голман некој поискусен кој би можел да го замени Томовски од време на време.
Како и да е сите знаеме дека финасиите се ограничени, со моменталните одлично располагаме, така да останува да веруваме на луѓето што го водат клубот, покажаа до сега дека многу повеќе знаат од нас.

Стартот на сезоната ни е одличен, мислам дека и најголемите оптимисти не го очекуваа ова, одлична најава е ова за цела сезона што следи, се надевам само дека сите ќе останат здрави до пролет и ќе влеземе комплетни во битката за титула, има оваа екипа уште многу што да покаже.
 
Последно уредено:
Сабајлево на раат си го пуштив натпреварот и си го изгледав без стресови и скокања, ми стана традиција кога ќе оствариме некоја убава победа да си гледам реприза од натпреварот пиејќи кафенце, право уживање, плус гледаш работи што во живо не може да се приметат и си правиш анализа, би го препорачал ова на сите да си го практикувате.
1695046548927.png
 
Кога летово ги потпишаа засилувањава сите помалку или повеќе бевме со прашалници што прават Михо и Боре. Кога објавија дека ги потпишале на 2+1 добар дел од нас овде беа скептици. Ама, по се изгледа дека знае сегашниов менаџмент паметно да работи. Долга и тешка ќе биде сезоната, имаме уште неколку дупки во ростерот, но само вака посветено да се продолжи, без опуштање со нагазните мини тип Бутел и Охрид/Тиквеш после вкрстување, па кога ќе дојде падни стани за титула притисокот ќе биде кај децата на Киро и (пре)платениците битолски.
 
Летово кога се склопуваше тимов, јас мислам дека 90% и повеќе бевме песимисти во однос на квалитетот на играчите што беа донесени, но засега се покажува дека не сме биле во право. Реално, долги години бевме навикнати на играчи од светска класа, па случувањата од последниве 2-3 години можеби и со право не "тераа" накај песимизмот. Младиве дечки се тотално освежување и полни со желба за докажување, така што мислам дека полн погодок ни е тимот.

Сепак, патот до титула е премногу долг. Потребни ни се уште неколку засилувања, зошто искрено не верувам дека Е. Пелистер цела сезона ќе биде во нокдаун како што е сега. Дадоа и они грдни пари за никакви резултати засега, а од друга страна пак, не верувам дека може така лесно да избркаат неколку играчи и да ги заменат со нови, сепак и тоа чини пари. Затоа, потребни ни се уште неколку засилувања кои ќе дадат поголема ширина на составот што сега го имаме.

Видовме колку значи добриот избор на играчи и дека во македонски рамки со правилен скаутинг можеш да направиш сосема солиден тим. Сосема друга димензија се европските натпревари, каде што квалитативно сме далеку од ЛШ, како ние така и Е. Пелистер, така што во блиска иднина мислам дека ќе биде многу тешко некоја наша екипа да заигра во групите.
 
Искочи озбилен муабет тоа што го зборел Борко дека имал уште неколку фирми скоцкано за спонзорство. Браво.

Нема лабаво, решил да им земе душа на шурмениве и као спортски директор. Сеа коа ќе донесе некоја камиказа и на десен бек :D :sekcza:
Автоматски споено мислење:

Best of Yuga Enomoto 2021/2022 ● Japan ● KTE Piroska Szrop ● Hungary - YouTube

А Боре да проба со овој?? У тандем со нашава камиказа на среден ќе се кршат кичми на велико:))) Гледам игра во Татабања, само не знам дали им е прва опција. Гледам дека десни бекови им се нафталинот Анчин и оној копиљот од Хрватска, Мараш, што играше во Палистер.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom