Карапале мислам дека ни е најслаб играч во моментов. Ама убедливо најслаб. Неспоредлив со никој. Па оној средниот Стефан или како и да се викаше, што отиде во Бутел е Скубе, Кара и Циндриќ у исто време за него. Столе, Борко и Бутин живци кинеа на секој наш напад. Не им се веруваше како дечкото не може еднаш да ја пробие одбраната или да навлече двајца на себе.
Јапонецот беше на клупа, ама очигледно го чуваат за со Еурофарм. Бидејќи не делуваше ко да е повреден на загревањето.
Десната бековска позиција исто ни е труба. Томи е исто очаен, ама среќа го има Карапале за конкуренција во очајот, па изгледа ко да знае нешто да направи по некогаш. Алонсо не беше ни на клупа денес.
Кубанецот изигра скоро 20 минути на лево крило. И јас не забележав апсолутно ништо да успеа да направи. Значи - ни украдена топка, ни контра, ни некоја разлика во играта.
Тежок меч беше, традиционално за со Бутел. И со многу подобри состави сме се мачеле против нив. Голманот им полуде, Јефтиќ го направивме играчиште.
На крај, битни се бодовите.
Инаку, бидејќи седев во близина на Борко - наслушнав муабет што го правеше со еден негов пријател дека веќе има уште два нови договорени спонзори што ќе ги објават периодов. И дека има и уште еден со кој е во завршни преговори.