Фан клуб - РК Вардар

Одлично прво полувреме, само мораше минимум пет разлика да водиме. И по којзнае кој пат кажувам, жалосија што немаме десен бек. Мора малце протокот на топка да го насочуваме и кон крило. Као што се праи вишок и се спушта на пикер или се влага, така треба да одработиваме малце и за крила, да бидеме поразноврсни.
 
Пелистер е послаб од пред 3/4 сезони незнам што толку таа фама таму како незнам кои ѕвезди да ги имаат потпишано.Плус куп нови играчи и трошење во ЛШ.
 
Тресење од земја беше утакмицава. Се надевам дека играва и енергијата на утакмицава што ја имаа не се должи само поради дербито, туку ќе ги прикажуваат и на секоја утакмица. Прв пат ги гледам сезонава, и не знам зашто ме потсеќа тимов на вториот шампионски тим во ЛШ.

РК Работник и лани не беа кој знае што, буквално освоија титула поради грешките на Вардар со Алкалиоид, џабе они што си прават филмови за некакви доминации и ери.

Како и да е, очекувам да се кренат после смената на клупа па следните утакмици да бидат појаки.
 
Браво за момците за денешниот натревар и борбата до крај. Ќе ми беше криво доколку победевме со еден или два разлика. Заслуживме ваква победа денеска. Голем респект за сите! Томо као да не слушна на форумов и проработе, се надевам дека ќе продолжи така. Браво за играта во одбрана, одлично движење, пожртвуваност иста онаква фанатична како од времето на Вујо пред Самс. Држевме пикер и со агилност спречивме и вкрстувања и секаква можна опасност од нивна страма. Единствено не ми се допаднаа тие неколки аматерски изгубени топки во напад и во прво и во второ по кои они успеваа да ни се вратат, и тоа само по наши грешки. Ми се свиѓа што Столе не се осуди да го става Карапале бидејќи ќе беше лоша пресвртница. Од друга страна криво ми е што Јапан нема соодветна замена , заслужува одмор пред се за да може да побврати концентрација и секако да земе малце воздух. Дуото Николиќ/Петриќ одлично се надополнува на лев бек и само пофалби. Ми останува дилемата за десен бек каде стручниот штаб е задоволен од Алонсо а чоеков не добива ни минута на терен, не можам да сфатам. Лазаревски коска уште еднаш. Момакот е мангуп, нема лабаво.Срдановиќ исто снајпер за пенали и одбрана. Само вака нека продужат и уште да се билда тимскиот дух. Борко ако читаш, потрудете се за среден и десен бек. Ќе не кошта на долги патеки. Браво момци, секоја чест! НАПРЕД ВАРДАР !!!!!„
 
Каква доминација на цела утакмица еј!

Томовски вака треба да брани секоја утакмица. Секоја му чест за денес!

Лазаревски пикериште! Добар наследник на Столе.

Јасухира играчиште како и претходните утакмици! Дечкото е ѕвер!

Срдановиќ исто така предобро се разигра и ѓи згази!

Ова е црвено црниот свет!!!! :ojeaa: :oeoeoe:
 
Ми иде да си гризнам од таквото, факинг Благојче Трајковски не лиша од титула лани.

Која неправда е форматов и се ова што се случува во последно време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom