Фан клуб - РК Вардар

Браво момци! Никогаш не го потценувај срцето Вардарско!
Како ли ќе играме со константен голман и со било кој друг десен бек?
Шурите облечени во вистинските клубски сини бои според ова денес ќе нѐ резилат во ЛШ цела сезона.
Да не ги коментираме гревовине судиски, тоа е одлика на плачипичкине селански. Мислам дека не им фали квалитет колку што денес беа седнати во нечиј скут.
 
Тимов на големи натпревари е подобро да играат со помала ротација, отколку да се ротираат играчи со 2 класи послаби од тие кој се прва постава.
Бадијала и да ги одморат по 4-5 минути кога не само што нема да имаат придонес туку и во тоа малку време шо ќе изиграат можи многу лесно да ја шитнат утакмицата како што беше случај со Рајн Некар.
Некој сигурно го увидел тоа дали Столе или Бутин за утакмицава.
Во секој случај и браво за Столе како го водеше натпреваров, има материјал за голем тренер во него :love:
 
Милина за очи. Каков напад на РК Вардар на овој дуел. Па ова не сме го гледале од шампионските денови. Јапонецот диригира во стилот на Карачиќ.
Немам зборови. Нападот денеска налик на врвна европска ракометна екипа. Буквално Пелистер не знаеше што во одбраната и од каде се попрво да се брани.
Секоја чест дечки.
Само вака да продолжите.
Честитко титула, Вардаре!
 
Косуке, Николиќ, Петриќ и Срдановиќ изгазија, страшни засилувања добивме, се гледа дека со душа играат за клубот, бацување грб, фрлање по терен, напалени и мотивирани максимално.
Јапонецот ќе го сонуваат вечер, на сите кичмите им ги измести, да не претерам ама јас до сега не сум видел толку брз ракометар, на моменти да помисли човек забрзана снимка дека гледа, дефинитивно најдобро засилување последниве години.
Николиќ срце на терен остава, обожавам вакви играчи, кога се повреди пред крај на натпреварот мислев толку од него, следен напад влегува одма гол даде, права машина.
Петриќ со топ во раката, ги искина мрежите, можеби и најдобра партија до сега во неговата кариера.
За Лазаревски не знам што да кажам и како да го пофалам, искрено не можам да најдам соодветни зборови за опис на неговиот напредок, моментално најдобар македонски пикер, после денешнава партија и тие две со Рајн Некар мислам дека си обезбеди место во репрезентација, голема срамота ќе биде ако не добие повик.

Изгледа се разбуди мечка од зимскиот сон и него како и останативе играчи многу брзо го фати Вардаровата магија, сите одлично го примиле менталитетот кој им го пренесуваат Столе и Борко, дефинитивно со нив двајца клубот е во вистински раце и на прав пат, даваат се од себе и го вадат максимумот со средствата што ги имаат.
Секоја чест за целата екипа и за пожртвуваноста, сите изиграа машки, добиваме заслужен трофеј и најава за добра сезона.

И Сузана ви ја ебавме среде Струмица титула ви креваме!!! :kezec:
 
Во напад Јапонецот , пикерот Лазаревски и Петрич најдобри , исто и Николич во второ полувреме покажа квалитет и даде важни голови , за Срданович од пенали имаше 7 од 8 , супер засилувања се покажаа овие :)
 
Не ми е јасно зашо не пробаа со Ѓукуќ на десен бек а Џомба десно крило, па не може Јагуриновски да игра 60 мин. нити има толкав квалитет нити пак треба д асе троши толку играч.
 
Томовски никаква партија, 6 одбрани од кои последните 2 (двојна одбрана) на 2 мин до крајот. Или нека земаат нов голман или нека се дава шанса и на Гогов.

Ова може да биде сериозен проблем, ракомет без голман не се игра :)

Петрич, Јапанецот и Лазаревски искинаа денес, заслужена победа!
 
Имате скроз нов тим, нов ростер, млади и не толку искусни играчи, шо се вика уште не сте уиграни.. и победивте со многу добра игра со срце и голема мотивација, заслужена победа. Честитки!
 
очајно фали и одбранбен играч.
Лазаревски и Мишевски страшен одбранбен бедем :D , пред се во второто полувреме, се изгубија бековите на Пелистер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom