Косуке, Николиќ, Петриќ и Срдановиќ изгазија, страшни засилувања добивме, се гледа дека со душа играат за клубот, бацување грб, фрлање по терен, напалени и мотивирани максимално.
Јапонецот ќе го сонуваат вечер, на сите кичмите им ги измести, да не претерам ама јас до сега не сум видел толку брз ракометар, на моменти да помисли човек забрзана снимка дека гледа, дефинитивно најдобро засилување последниве години.
Николиќ срце на терен остава, обожавам вакви играчи, кога се повреди пред крај на натпреварот мислев толку од него, следен напад влегува одма гол даде, права машина.
Петриќ со топ во раката, ги искина мрежите, можеби и најдобра партија до сега во неговата кариера.
За Лазаревски не знам што да кажам и како да го пофалам, искрено не можам да најдам соодветни зборови за опис на неговиот напредок, моментално најдобар македонски пикер, после денешнава партија и тие две со Рајн Некар мислам дека си обезбеди место во репрезентација, голема срамота ќе биде ако не добие повик.
Изгледа се разбуди мечка од зимскиот сон и него како и останативе играчи многу брзо го фати Вардаровата магија, сите одлично го примиле менталитетот кој им го пренесуваат Столе и Борко, дефинитивно со нив двајца клубот е во вистински раце и на прав пат, даваат се од себе и го вадат максимумот со средствата што ги имаат.
Секоја чест за целата екипа и за пожртвуваноста, сите изиграа машки, добиваме заслужен трофеј и најава за добра сезона.
И Сузана ви ја ебавме среде Струмица титула ви креваме!!!
