Фан клуб - РК Вардар

Донекаде се сложувам :D
Мечка реално е најдобар пикер, ама прашање е во каква форма ќе се врати. Сепак не игра долго време.
Ама во ситуација кога земал 5 пикери, не може да нема место за Мечка. Па и Самоил го нема исто толку време на терените, а го повикал.

За Гогов не можам да се сложам, сепак сите тројца се подобри голмани од него. Галец нема да добива минутажа сигурно, ама е добар за пенали и подрзок да испровоцира противници. Секако и на долг рок ќе биде подобар од Гогов.
Па искрено дискутабилно е и ова, ако ги гледаме настапите годинава, Галец освен со Еурофарм последнава во Битола, ништо спектакуларно не одигра цела полусезона, али дека на долг рок ќе биде подобар од Гогов, веројатно си во право, тоа се сложувам. Сепак мое мислење е дека веќе немаме потреба од Митрески во репрезентација, Томовски, Галец и Гогов ќе беа доволни, секако Мартин во моментов е неспоредливо најдобар наш голман.
 
Многу се плашев дека ќе го земат Мечка на првенство. Вака ни заврши работа, ќе си истера целосни подготовки и ќе се врати спремен за втора полусезона. Нема паника дека ќе се повреди или ќе влезе неспремен.

Штета за Гогов, за него тоа ќе беше добро искуство.
 
Па реално ако гледаме, на фаци како Митревски, Пешевски и останати со по речиси 40 години, местото им е дома пред тв, а не на ЕП/СП. Ниту се бориме за медал, ниту пак нешто драстично менува нивното присуство, така што подобро е помладите да играат место нив.
 
Па реално ако гледаме, на фаци како Митревски, Пешевски и останати со по речиси 40 години, местото им е дома пред тв, а не на ЕП/СП. Ниту се бориме за медал, ниту пак нешто драстично менува нивното присуство, така што подобро е помладите да играат место нив.
Апсолутно.Плус Митревски е паднат доста , така да требаше сам да му откаже на Кире и да му отвори место на некој помлад. Томовски и онака треба да биде прв голман, резерва Галевски и реално тренерско убедување е кој ќе биде трет. Вероватно Кизиќ или Гогов.
 
Ами Митревски беше младежен млад голман до 30 и кусур години, никако не му даваа шанса ради Боре и Диви. Сега глупо е да го откачат по само неколку години како прв голман :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom