Браво пак за младиве од вториот тим на Пелистер! Ми се свиѓа како борбено изиграа и без неколку играчи дадоа ваков отпор. Браво за нив!
Штета е што овие деца нема да им прикажат никаков отпор на првиот тим нивен. Ние доста слабо изигравме, освен Џомба кој играше супер и мислам дури не ни промаши и Куни. Гаџа очаен и во тоа што влезе, Додиќ исфорсиран, Дибиров некако слабо денес. Ама ок, победија овде и ќе мора бајаги подобро понатаму. Изгледа поразот од Веспрем остави трага и денес.

