- Член од
- 16 мај 2010
- Мислења
- 6.449
- Поени од реакции
- 6.010
Мило ми е што у старт го препознав Карапалевски дека има потенцијал само мислам дека немаше соодветен ментор долг период а и не му даваа шанса како Гаџа што не добиваше. Повредата на Гаџа може да дојде у право време кога ние бараме центар да се развие и избори за делење минутажа па за година две здравје и прва виолина.Функциониравме неверојатно. Одбраната беше под конец. Ќе повторам, игравме дефанзива ко во годините кога освојувавме ЛШ. Јасно дека промената на тренер носи импакт на играта, ама овде не беше само тоа. Точно се знаеше кој каде треба да затвори. Дури и во моментите кога Томовски не успеваше да фати ништо, ние ја зголемувавме разликата.
И ко сите, сакам да ја прокоментирам играта на Карапалевски. Момакот изигра неверојатно зрело ако се земе во предвид неговата минутажа и искуство со вакви големи утакмици. Добро движеше и додаваше. Имаше неколку клучни асистенции. И најважно, во последните минути кога не бркаа по цел терен, воопшто не изгуби глава.
Се надевам дека Дејвис ќе остане повеќе од 6 месеци и дека ќе може во целост да го воспостави својот систем, особено со играчи кои лично би ги избрал.
Да не се летаме, ама со ваква игра, сите четири до крај би требале да ги добиеме.
Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Последно уредено: