Фан клуб - РК Вардар

Функциониравме неверојатно. Одбраната беше под конец. Ќе повторам, игравме дефанзива ко во годините кога освојувавме ЛШ. Јасно дека промената на тренер носи импакт на играта, ама овде не беше само тоа. Точно се знаеше кој каде треба да затвори. Дури и во моментите кога Томовски не успеваше да фати ништо, ние ја зголемувавме разликата.
И ко сите, сакам да ја прокоментирам играта на Карапалевски. Момакот изигра неверојатно зрело ако се земе во предвид неговата минутажа и искуство со вакви големи утакмици. Добро движеше и додаваше. Имаше неколку клучни асистенции. И најважно, во последните минути кога не бркаа по цел терен, воопшто не изгуби глава.
Се надевам дека Дејвис ќе остане повеќе од 6 месеци и дека ќе може во целост да го воспостави својот систем, особено со играчи кои лично би ги избрал.
Да не се летаме, ама со ваква игра, сите четири до крај би требале да ги добиеме.
Мило ми е што у старт го препознав Карапалевски дека има потенцијал само мислам дека немаше соодветен ментор долг период а и не му даваа шанса како Гаџа што не добиваше. Повредата на Гаџа може да дојде у право време кога ние бараме центар да се развие и избори за делење минутажа па за година две здравје и прва виолина.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Последно уредено:
Салата Јасмин е жежок терен кој не смее да се потцени.
Не треба да ги потцениме, а мислам дека Дејвис го знае тоа и нема да излезе со целосно комбиниран тим.
Лозари навиваат на ракомет, ако не ставаат слики. Кога и да пуштам стримови, има навивање. Плус тој ден играат фудбал со Пелистер дома, сигурно ќе имаат некаква братска програма, а може да продолжат со притисок на ракомет.
Мене ми е сомнително што Тиквеш два пати го доби Пелистер 2, да не си помагаат клубовите по навивачка основа...
Од друга страна, Михо е цел живот во ФЕНИ, така што може и ео него да се блиски, знаеме во минатото да си позајмуваме играчи.
 
Не треба да ги потцениме, а мислам дека Дејвис го знае тоа и нема да излезе со целосно комбиниран тим.
Лозари навиваат на ракомет, ако не ставаат слики. Кога и да пуштам стримови, има навивање. Плус тој ден играат фудбал со Пелистер дома, сигурно ќе имаат некаква братска програма, а може да продолжат со притисок на ракомет.
Мене ми е сомнително што Тиквеш два пати го доби Пелистер 2, да не си помагаат клубовите по навивачка основа...
Од друга страна, Михо е цел живот во ФЕНИ, така што може и ео него да се блиски, знаеме во минатото да си позајмуваме играчи.

ne zaebavaj... bukvalno cela utakmica da im ja igrame so igrac pomalku jas pak bi ocekuval da gi pobedime.
 
Пред некој ден се пишуваше за Мукаетов. Еве инфо.
 
Најверојатно не сака да има конфликт на интереси, за јавна перцепција, дека ќе спонзорира клуб во Супер Лиграта и да биде на чело на федерација во исто време. Да, имало слични ситуации порано, ама пак, друго време е. Верувам дека од позадина ќе влече нешто конци, моќен е он, има пари, а и пушти корени.
 
Нека го стават овој местачот од Бутел и ќе ја оправиме работата.Мукаетов беше добар претседател според мене нема потреба од навреди.
Možda bil ok za nekoi stvari, ama ja usra so ona glupoto pravilo za stranci, i kritikite i zamerkite (svati gi kao navredi ako sakaš) odat vo toj smer. Epten ja zasra.
 
Елверум изгуби дома од Кил, си се редат коцките полека, наше е само да си тепаме 3 од 3 а имаме нај лесен распоред со дирекните конкуретни, па после само небото е лимит
 
Вчера низ преносот на Арена не знам дали заслушнавте дека коментаторите пуштија муабет дека Кулеш од следната сезона е можен член на Вардар или Монпелје...

Да почекаме, да видиме...
 
Дејвис има помала плата од Вујо.Ако поминеме група Дејвис потпишува двоен договор на 2 години.Тоа биле условите на Михо.А Дејвис барал само тој сам да си го собира тимот,во рамките на можностите,и свој помошник тренер ,доктор,и кондиционен тренер,од наредна сезона.
 
Помалку или повеќе сте кажале све околу вчерашниот меч, но да го дадам и јас мојот скромен придонес.

Не сакам да судам по еден меч, но она што го видовме вчера беше за пофалба. Одбрана онаква не се сеќавам кога последно сме изиграле, цврсто, смирено, добро антиципирање на противникот во текот на речиси цел меч, а тоа донесе и доста пресечени топки. Враќањето во одбрана исто така на високо ниво, им ја убивме транзицијата.

Карапалески ме изненади многу. Секогаш имало ракомет во него, но секогаш сум сметал дека со оние смешни физички предиспозиции што ги има ќе му биде речиси невозможно да направи сериозна кариера. Вчера беше максимално ладнокрвен, како да има барем 10-тина натпревари на вакво ниво одиграно. Неколку од додавањата кон пивот му беа за highlight reel. Но, да не избрзуваме, конзистентноста е она што ги прави квалитетните играчи.

Талески ми се чини вчера беше во улогата која треба да ја има и во репрезентацијата. Добар во дефанзива, 10-тина минути по меч во офанзива, да даде по гол-два, а ако има ден и му тргне онда супер. Адекватно за неговите ракометни вештини, како и за неговата ментална состојба (неоправдано преголемите очекувања од него од страна на публиката).

Се надевам утре нема да се умараат со Нексе, и они изиграа напорен меч завчера против Аикс. Целиот фокус треба да биде на мечот со Тиквеш во недела и мечот со Загреб во среда.
 
Последно уредено:
Иначе,Ненадич е на излезна врата од Веспрем.
Остварен е контакт
Не му требит ваков луксуз на Вардар Ненадич е канцер од играч налик на Борко или со кој да го споредам незнам моментално, лош потег, не дека постојат некој опции каде Вардар може да бира ама овој никогаш не би го потпишал.
 
Brej brej uste zelbi ,uste ne zemen igracot, ne vi cini.Ama u slucaj da go zeme Eurokrem upravata ce bide nesposobna

Sent from my SM-A325F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom