Фан клуб - РК Вардар

Браво, само да не се залетуваме дека Дејвис е магионичар. Полека. И дај нека донесат некој среден бек да ја истераме полу-сезонава. Карапалевски изигра коректно денес за играч од негов статус, ама не е дораснат за ова ниво уште.
 
Prvput posle 3 godini go imav istiot filing kao da go gledam šampionskiot tim. Totalna dominacija, granitna odbrana, raznovrsen napad. Dejvis legenda. Bravo, vaka se pokažuva golemina. Samo nekad produžat so ovaa požrtvuvanost i hemija, pa i da se sopnat negde ke gi falime. So najaveniot sponzor kaj ke ni bide krajot:))
 
Јас не би брзал толку по победата. Ефектот на менување на тренер, скоро секогаш носи попозитивни резултати, но на подолга стаза е потешко да се одржат добрите резултати.
Засега сум презадоволен од работата на Дејвис, се гледа дека противниците се максимално анализирани и натпреварите ги добиваме со добра одбрана и долги и смирени напади.
Французиве газат во одбрана. Едно време Томовски немаше одбрана 15-тина минути, а во периодот примивме едвај 5-6 гола. Одбраната ни беше на максимално ниво, ги теравме да прават технички грешки или им ја крадевме топката.
Во овој натпревар скоро се' ни одеше од рака, а со оглед на тоа што противникот играше без Симоне, а рано го изгуби Дуарте, па и тој Аргентинецот во одбрана, може да се каже дека имавме доза на среќа. Иако, победата ја заслуживме од прва до последна минута.
Мислам дека Дејвис ќе направи подобар дефанзивец од Тале во одбрана, имаше неколку добри моменти во одбраната денеска. Се надевам дека и Мишевски ќе го изделка да биде добар дефанзивец.
Ми се допадна што му даде целосна доверба на Карапалевски во напад денес. На почеток беше некако преимпресиониран, константно само ротираше, додаваше и го правеше завршното залетување во противничка одбрана, со кое му оставаше простор на Моралес да се крене на шут.
Кога го даде голот, исто така беше некако неодлучен, дали да оди до крај или не. После тоа доби на самодоверба и покажа добар репертоар на додавања. Сепак, пред него има уште премногу работа. Прво малку да добие на мускулна маса, да биде посилен во дуели. А за да биде посилен во дуели, треба и да влегува во дуели. Со добро движење може да биде како Скубе.
Победава е многу важна за пласман понатаму, а уште поважна за кревање на атмосферата во тимот.
Ни лежи ова Монпељево на гости, кога и да играме таму, ги тепаме лагано :ojeaa:
 
Го вади максимумот од играчите а и повеќе Дејвис, страшна одбрана изигравме со прилично лимитирана клупа.
Њокасите не играат во грч како под Вујо и не се бара од нив да играат нешто кое што не се способни да го играат, Кевин Њокас не го познавав како играч многу и не ми беше толку чудно што игра лошо, ама за Оливие бев убеден дека е подобар играч од тоа што го прикажуваше под водство на Вујо.
Карапале супер си изигра, имаше добар проток на топка со него во игра, додели уште и некоја асистенција на пикер во клучни моменти и тоа е тоа, незнам шо очекувате појќе од играч кој за првпат игра натпревар на едно вакво ниво.
Со Талески во игра одбраната на Монпеље не му дозволуваше на нашите бекови да се приближат повеќе од 10 метри до нивниот гол.
Дибиров мајсторот како само гризеше во одбрана. :love:
 
Вардар големината ја покажувал со хемијата во тимот и со добар стратег. Уште кога првпат се спомна Вујо напишав дека со неговата балканска агресивност ќе ги споебе двете клучни нешта.
И со овие играчи (и пополнета позиција на среден) Давис покажа дека може да се надеваме...
 
Прво, да ни се множат ваквите победи!
Да ти е мерак да гледаш... :)
Најважно е што се гледа дека има топ хемија во тимот. :ljubove:
Одбраната беше на врвно ниво, што е многу битно.
Истите играчи се, но како да сме друг тим.
Се надевам и верувам во тоа дека ова не е само еден обичен среќен ден!
Браво момци, само јако! :oleee:
 
Функциониравме неверојатно. Одбраната беше под конец. Ќе повторам, игравме дефанзива ко во годините кога освојувавме ЛШ. Јасно дека промената на тренер носи импакт на играта, ама овде не беше само тоа. Точно се знаеше кој каде треба да затвори. Дури и во моментите кога Томовски не успеваше да фати ништо, ние ја зголемувавме разликата.
И ко сите, сакам да ја прокоментирам играта на Карапалевски. Момакот изигра неверојатно зрело ако се земе во предвид неговата минутажа и искуство со вакви големи утакмици. Добро движеше и додаваше. Имаше неколку клучни асистенции. И најважно, во последните минути кога не бркаа по цел терен, воопшто не изгуби глава.
Се надевам дека Дејвис ќе остане повеќе од 6 месеци и дека ќе може во целост да го воспостави својот систем, особено со играчи кои лично би ги избрал.
Да не се летаме, ама со ваква игра, сите четири до крај би требале да ги добиеме.
 
Браво за Дејвис. Дефинитивно го склопи мозаикот. Мислам дека без Гаџа, а посебно без Борко сме далеку покомпактни и посложни. Ме радува што првпат на форумов не критикувате некој македонски играч. Чудна работа и Талесен заборавивте да го хејтате
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom