Јас не би брзал толку по победата. Ефектот на менување на тренер, скоро секогаш носи попозитивни резултати, но на подолга стаза е потешко да се одржат добрите резултати.
Засега сум презадоволен од работата на Дејвис, се гледа дека противниците се максимално анализирани и натпреварите ги добиваме со добра одбрана и долги и смирени напади.
Французиве газат во одбрана. Едно време Томовски немаше одбрана 15-тина минути, а во периодот примивме едвај 5-6 гола. Одбраната ни беше на максимално ниво, ги теравме да прават технички грешки или им ја крадевме топката.
Во овој натпревар скоро се' ни одеше од рака, а со оглед на тоа што противникот играше без Симоне, а рано го изгуби Дуарте, па и тој Аргентинецот во одбрана, може да се каже дека имавме доза на среќа. Иако, победата ја заслуживме од прва до последна минута.
Мислам дека Дејвис ќе направи подобар дефанзивец од Тале во одбрана, имаше неколку добри моменти во одбраната денеска. Се надевам дека и Мишевски ќе го изделка да биде добар дефанзивец.
Ми се допадна што му даде целосна доверба на Карапалевски во напад денес. На почеток беше некако преимпресиониран, константно само ротираше, додаваше и го правеше завршното залетување во противничка одбрана, со кое му оставаше простор на Моралес да се крене на шут.
Кога го даде голот, исто така беше некако неодлучен, дали да оди до крај или не. После тоа доби на самодоверба и покажа добар репертоар на додавања. Сепак, пред него има уште премногу работа. Прво малку да добие на мускулна маса, да биде посилен во дуели. А за да биде посилен во дуели, треба и да влегува во дуели. Со добро движење може да биде како Скубе.
Победава е многу важна за пласман понатаму, а уште поважна за кревање на атмосферата во тимот.
Ни лежи ова Монпељево на гости, кога и да играме таму, ги тепаме лагано
