Фан клуб - РК Вардар

Честито титула, нека ни се множат!
Пехарот го подигна Чупиќ, Столе влезе во Гинис како капитен на екипа со најмногу освоени титули, а најмалку кренати пехари. Но така е тоа кога освојувањето титули и кревањето пехари е рутина. Тешко е кога со години вакви настани гледаш на тв Тера, ќе се изредат еден куп капитени, а единствено што ќе се крене е паркетО.
 
ЛЕГЕНДИШТЕ НАШЕ!!! :cuc:
Против Металопластика во вторник ќе му биде последен натпревар со Вардар така ?
 
Честито титула
Дали комити ја прославија, или единствено појавување оваа сезона ќе им остани на тренинг пред Пелистер?
Последна титула во домашно првенство што ја славев е 2013 година. Од тогаш натаму лигава е за тренинг и за спрдање со градот каде најголем успех е паркето ко се дигна.
И ти не би славел да имаш такви успеси. Тоа е ко џошуа да слави победа против спаринг партнерот.
 
„Има неколку имиња кои се сериозни засилувања за Вардар за следната сезона. Се зависи како ќе се вклопи. Верувајте не е лесно да се направи компактна екипа, колку и да звучи тоа лесно и кога гледаме од страна од трибини. Меѓутоа тоа воопшто не е лесно да се направи, најмногу бидејќи Вардар и натаму го бие лоша репутација поради долговите кои останаа. Треба премногу убедување за да дојде квалитетен играч. Од оние кои веќе потпишаа за Вардар, се јавуваа да прашуваат каква е ситуацијата, ние мораме да ја кажуваме вистината и дека оваа година е ок. Луѓето не се навикнати, не го знаат овој претседател.

Меѓу другото :)
 
Последна титула во домашно првенство што ја славев е 2013 година.
После то почна да се палиш на др фетиши затоа не ти е кеф.

Секако никој не спомна дека на пауза во дизелдорф отидовме на геј&бдсм парада, но добро нека остане меѓу нас тоа.

Без гајле нека остани меѓу вас шо и да сте правеле.

И да заслужена титула но со овие играчи и да неосвоевте ќе беше дебакл.
 
Честито титула.
Не ми е ни малку мило, ама далеку бевме, реално.
После не знам колку сезони имаше мала неизвеснот БТ-СК....
Битно е шо конечно се вративме на мапата и ветуваме одлични наредни години.

Од септември се гледаме во сала, да го ватиме навивањето и ова дерби да се чека како финале ЛШ.
Спортски поздрав од југот.


Sent from my SM-G970F using Tapatalk
 
 
Уште една титула, продолжува доминацијата дома, титулата не ме нешто многу радува, повеќе ме радува тоа што опстанавме ко клуб, за разлика од ФК, на кој црно му се пишува.
Добро е што и другите екипи го подигнуваат својот квалитет, иако инфраструктурата им е подзаборавена, што за мене е број еден фактор за некаков долгорочен прокет.
Мислам дека Вардар и Еурофарм Пелистер имаат потенцијал за едно мега дерби кои ќе се гледа не само во Македонија и ќе го подигне квалитетот на првенството.
И да, да не се повторувам пак, ние и не се радуваме многу како што можеме и заслужуваат некој членови од кај вас, какви се глупости прочитав од некои навивачи, туѓ срам ме фати.. али добро, револтот кај вас е поголем, па и ако освоите некогаш радоста ќе ви биде поголема.

Честито уште една титула вардарци, и спортски поздрав битолчани.
 
Незнам дали приметивте, откако се сликаа играчиве со титулата сите се поздравија со Михајло само Столе не, случајно или...?
 
Незнам дали приметивте, откако се сликаа играчиве со титулата сите се поздравија со Михајло само Столе не, случајно или...?
Го бојкотираат Вујо, ништо чудно и Столе да лета..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom