Горпишин го чека операција, можеби не веднаш, но во најбрзо време, со оглед на тоа дека пикерот има слична повреда на менискусот на коленото како оние на Рожерио Мораеш и на Вуко Борозан ланската сезона. Русинот ќе се обиде да „стисне заби“ и да ја влече истата најдолго што може за да му помогне на тимот, но на крајот ќе мора „под нож“.
Што се однесува до Атман, за бекот работите уште не се јасни. Тој има хематом на местото на повредата на мускулот и не може убаво да се види дали се работи за посеризна повреда или за нешто полесно.