Фан клуб - РК Вардар

Опасен натпревар. Без Атман и Горпишин. Овој вториов најверојатно некоја минимална минутажа ќе добиеше, така што не е ни битен он. Ама со еден централен бек, кој е неконстантен, он ако нема ден, може да биде лошо. Требаше повеќе публика да има, ќе фалат 1000 и кусур души. Ова е момент за поддршка.

Ја викам ќе тепаме. Мешков лошо игра. Ама ќе се намучиме.
 
Нека пазарат голман со време, макар тоа бил некој од нашава лига. Не знам дали Митрески би имал право на настап во ЛШ, ако има сместа треба да го откупат.
 
Лоши голманиве. Ништо не бранат и двајцава. Ни под фаул шутеви ни ништо. Гедбан почна со 2 одбрани во првите 2 минути и после ништо. Голем кикс се направи на оваа позиција.
 
Т'нка работава. Разликата е само тоа што за противник го имаме никад помртов Мешков Брест у задњи пет години, па успеваме да играме далеку подобро во напад за разлика од натпреварите со Кил и Веспрем ( далеку од тоа дека е перфектна играта во напад). Во одбрана иста катастрофа, примаме 17 гола од овој очаен Брест Мешков, а така и ќе биде се додека ги имаме пациентине на гол. Знам дека напињам со нив ама очај се момците. Не може ни Периќ чуда да праи. Ја мислев бар дека Кугис ќе се подобрува, ама некако не иде. Сеа знам дека као по некое правило по мој коментар на полувреме ќе одбранат нешо поише у второ ама тоа пак нема да ми го смени мислењето. Денес најважни се бодовите. Се надевам дека ќе ги освоиме, а и ќе се надеваме на брзо опоравување на повредените, пред се на Толедо. За лев бек не знам што ќе се праи, а и за голман, искрено ако не се најде нешо солидно ( повторувам солидно) не можеме да се надаме на нишо сезонава.
 
Кизиќ у 10 минути направи повеќе одбрани од Гедбан и Кугис. Голманскава позиција ни е очај. Подобро нека го играат Кизиќ како прва опција, барем има желба да се докаже.
 
Во живо вака премногу се спори Гедбан и Кугис, како да се фрлаат прекасно, таков впечаток се добива. Ајде Кугис нов е да речеш ама Гедбан веќе втора сезона ова го проаѓа, никаков прогрес нема покажано.
 
Гедбан е спор, тром, нема рефлекс. Лошо се поставува, пребрзо истрчува. Тоа уште од првиот натпревар со Војводина лани се виде. Агилен е дечкото и голем, ама друго ништо. Не е за голман тој. Не знам како и зошто се донесе он. Него му е менаџер оној од Битола, од Тунис ли од кај е. Тој го договори. Меѓутоа пишуваше дека му договорил трансфер во Шпанија, во Хименез. Ама од таму не биле задоволни пошто не бил во добра физичка форма. Па, како од таму, млад играч, кој само има играно во алжирско првенство заврши во Вардар, не знам. И зошто? Најверојатно Периќ гледал некои снимки и видел потенцијал, па дал - ОК.

Овој Кугис наводно исто на препорака дошол. Ама Периќ отишол да го гледа во живо. Видел потенцијал и дал ОК и за него. Зошто наводно Периќ го следел Кугис некое време.

Ја некако мислев дека Кугис ќе се снајде полека, ама изгледа дека нема да се реализира таа прогноза.

Абе тоа е кога се немаат пари. Ќе ризикуваш со вакви фаци. Еднаш од пет пати ќе се погоди, друго ќе утнеш.
 
(Ако се остане на оваа тројка од голмани мора да се му се даде предност на Кизиќ. Дечкото ги фаќа оние шутеви што мора да се фатат, а богами знае и зицер да одбрани и од крило исто, што не може да се рече за Кугис, а посебно за Гедбан. Гедбан сите шутеви под фаул ги прими. Типот има 0 концентрација дур е на гол, имаш филинг дека додека брани на утакмица најмучни минути у живот му се тоа. Ако се нормални од стручниов штаб и од управа ќе наредат Кизиќ да се става као прв голман, пошо у моменталнава ситуација со голмани тоа е најлогичниот потег од кој добива најмногу и Вардар и Кизиќ.Ако не му иде ондак нека влага Калифа да напраи некоја шпага у страна ради реда, а не коа ќе биде изгубен натпреваров. Враќањето на Столе радува. Голема разлика на терен, привлекува внимание на противничка зона, се чита феноменално со Скубе. Столе злато вреди, незаменлив е, за некој натпревар ќе се врати во стара форма и во напад така да со Пелко добро ќе биде покриена позиција пикер. До сеа со оглед на тоа како се одвиваа работите во клубот и како се "пазареше" можеме да кажеме дека колку толку оди се по планот. Реално порази од Кил и Веспрем ( посебно во Унгарија) се донекаде и очекувани ( посебно во оваа ситуација), но голема среќа што мацнавме бодови во Франција и Украина. Некој да не има инфо до кај е Толедо со рехабилитација?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom