Фан клуб - РК Вардар

Даниел ќе биде одличен голман.

Буквално почна од нула. Се влечеше по аматерски клубови во Гостивар, во никакви услови, со аматерски тренери кои прва смена работеа по сендвичари, втора смена се претвораа во Червари.
А сега - Вардар. И тоа каков Вардар. Секоја чест.
 
http://www.balkan-handball.com/transferi/letonski-dzin-u-skoplju-dainis-kristopans-stize-u-vardar/


:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO: Знам некој форумџија ептен го бараше да дојде во Вардар. @Tomasino Мислење за овој евентуален трансфер?

Цела Кајгана го сакавме, ама во времето кога на десен бек го имавме Рајковиќ, а сега го имаме Македа и бараме замена за Алекс :icon_mrgr:
 
Па и некој голем избор нема за десен бек..не е лош само друг тип на играч како Алекс.
 
Сличен тип на играч ко Македа. Доста магариња собравме годинава, со овој од следната ќе имаме ептен висока постава ако ги тргнеме на страна крилата.
Предност во однос на Алекс е што игра одбрана. Недостаток ќе биде што ќе се намали пробивноста во напад, само Циндрич и Карачич се играчи што можат да пробијат на 6, другиве се пуцачи се.
 
Овај ти е класичен РАЗБИВАЧ :D
Интересен играч ми е мене, уште сезони наназад дури играше во Татран му беше прва виолина, сезонава го зедоја Мешков. На 2.15цм кога ќе ги крени рацете оди преку 3 метри :pos: На овај не му треба скок :D И така е над блокот, ако го погоди голот, а има силен удар е чист гол, ама пак ако го погоди блокот, тешко на играчот :D
Интересен играч за Вардар, плус игра и одбрана, со 26 години е во зрелост за да се докажи уште повеќе во ракометот. Само нема пробивност, нема брзина, спор е на финта 1 на 1, тука беше во предност Алекс.
 
Криштопанс ќе беше добро засилување за Вардар пред 4 години. Сега за овој Вардар е втора лига.
Висок е ама и спор. Три дена му требаат за да се дигне на шут. Покрај брза одбрана ќе биде дух во нашата игра.
 
http://www.balkan-handball.com/transferi/letonski-dzin-u-skoplju-dainis-kristopans-stize-u-vardar/


:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO: Знам некој форумџија ептен го бараше да дојде во Вардар. @Tomasino Мислење за овој евентуален трансфер?
Не ме изненади мене овај трансфер(ако е вистина),откако се пушти изјавата дека Гландорф ја одбил Барселона веднаш се отворија картите,Киро најверојатно останува во Блау Грана додека не ископаат замена,а Вардар мора(ше) да реагира брзо.според мене со оглед на понудата не е лош трансфер,иако не е ниту близу до класата на Алекс,тој е страшно нешто,да имаше уште некој см+ ќе немаше конкуренција,ама и вака партали прај,сеа во Киелце кај тате има уште подобар да е,онаква игра еден на еден нема ниту еден десен бек во светот.
За КИКЛОПОТ,Македа ВОЛУМЕ 2,иако според мене овај повеќе би бркал работа од Македа,подобро движење има,поинтелегентно ми делува некако од Македа,смирен е на терен,шо не е случај за вакви суртуци со 150кила кои повеќе имаат во НОЗЕТЕ ОТКОЛКУ ВО ГЛАВАТА:pos:,не е толку склон на технички грешки како Македа,додуша Македа има подобро CV и далеку повеќе утакмици во рацете,овај нема педигре засега,ќе видиме,и во одбрана се двата доста корисни.
Порано играше на 2ка,сеа во Мешков го играат во срцето на одбраната,партали прават со Шумак на средина,не мрднаа на Вардар пикерите на мечот во Скопје,најдобар дел од одбраната се засега,е сега шо дува промаја од страните кај другите е друга работа,затоа толку голови примаат,со Абутовиќ би биле добар тандем,да не го мачат Кањелас да игра 4ка,и да се растерети товарот од Карачич на 5ка кој е НАЈСЛАБА КАРИКА во зоната,па Вардар би имал далеку повеќе опции за една висока зона на средина Македа,Кањелас,Марсениќ,Бозоран,Рожерио ова ти се 5 суртуци од 2 метра+овие двајца 7 души,одбрана по мерка..
Сигурно и Раул не е будала,знае дека му треба и КАСАП И ЛЕВАК како замена за Македа во одбрана,вака добива две во едно,кој ти го дава.
Доста напредна откако отиде во Мешков,во ТАТРАН додека беше премногу трапаво делуваше,одма се гледа дека подобро работат во Мешков со него.
Порано знаеше само да ја закачи без разлика дали има позиција за шут,класичен СЕЛСКИ ИГРАЧ БЕШЕ,сега го гледам почна и ИГРАТА ДА ЈА ЧИТА,да не мисли само на шут,асистира,дури и се изделка да си напрај сам позиција за шут и со некојси влез со "лажна скок шут финта"наместо да оди на скок шут оди на влез на 6 метри,е сеа нормално ова ќе успее за некои аматерски одбрани како на Извиѓач ,Нексе и компанија.
За појјаки одбрани многу тешко така да успева,ама можеби и ќе се подизделка,сепак прилично е млад,а Раул е добар тренер и голема е веројатноста да извади некој материјал од овај суртук,
Со системот на игра и брза транзиција на Вардар без многу измени(освен Абутовиќ) овај би бил добро решение,во напад ќе се изгуби на брзина и темпо по десната страна,ова е сигурно,ама во одбрана и ротација ќе се добие многу,а и двата со Македа се доста млади и има простор за напредок,комбинирано двата би имале некој просек од 4-7 гола на меч,шо е сосема коректно,кога ќе се види дека имаш шо да понудиш на другите позиции.
 
Не знам зашто не го земат Доленец, Монпеље е за нигде екипа, на раце ќе дојде овој тука. :confused:
Нивната шема при носење играчи е отприлика ваква
1. Види дали е екс играч на Металург
2. Види дали е некој со СССР потекло
3. Ако горните одговори се не, види дали е раскаран со клубот/при крај со договор/незадоволен со минутажа.

Јуре е далеку од горнaвa шемa. Ми фалат цртички и стрелки и ДА/НЕ ама ќе сфатите :D
 
Не знам зашто не го земат Доленец, Монпеље е за нигде екипа, на раце ќе дојде овој тука. :confused:

Криштопанс е целокупно земено подобар играч од Доленец. Предност на Доленец би било само тоа што посличен тип на играч на Душебаев.
 
Криштопанс е целокупно земено подобар играч од Доленец. Предност на Доленец би било само тоа што посличен тип на играч на Душебаев.
Па таков играч и е потребен нели? Со оглед на тоа што лево се Деревен и Борозан класични пуцачи, логично би било десно да има дриблер или што би рекол Панчев фантазер или што би рекол Магдинчев играч што знае да игра со финти. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom