Лесно е да се стане стручњак по ракомет вака на форуми, со долги постови. Ние да не сме подобри ракометари од Филип Лазаров. Дечково си го тера филмот, си зема неколку илјади евра месечно, а ние тука може да јадеме колку сакаме. Да не имаат Столе Стоилов или Дејан Манасков подобра кариера направено... и овој (не) игра за Вардар, и останативе двајца не се подобри. Дури и Гробарот кој се чука во гради, нема којзнае колку подобра кариера од Филип.
Шо филм си тера бе друже?,која кариера ја има жити се..
Ако го немаше тоа славно презиме сега ќе играше за Тинекс Пролет или Охрид...
Цел живот резерва во Металург и Вардар,КОЈА КАРИЕРА?
Дури и од втор тим на Веспрем доби клоци,од втор тим....
И каква ти е таа споредба со Столе и Манасков,едниот стана прв пикер на репка,и тоа газеше во таа година кога бевме 5та сила во Европа,машина беше,се се врти околу него 5и кусур години,многу важен играч,ако не е најважен заедно со Карачиќ играч на Вардар кога ја освоија таа титула со Вујо..
Исто и сега,да не се глупира со тој неспортски живот ќе е ако не прв,барем втор пикер на Вардар,зошто и ваков Столе е пред Марсениќ,а ако ги немаше тие непотребни килограми и повреди зад себе ќе беше меѓу најдобрите пикери во Европа сигурно...
Другиот,години беше незаменлив во Металург,во Германија за 6 месеци парче напрај,едно од најдобрите леви крила во цела лига беше,и само тоа што имаше веќе потпишано за Вардар го спречи да напрај кариера во Бундеслига...
Исто и Мојсо,Мојсо секаде каде што играше беше прв играч,Пелистер,Вардар,Металург,кога беа јаки сите екипи...
Земаше 6то цифрени суми годишно,и тоа на времето кога такви договори беа научна фантастика во Македонија..
Е која кариера да ја напрај повеќе?Беше платен како бундеслигашка звезда,играше во најголемите екипи во Македонија,години беше на платен список на Минчо,покрај плата и цели шлепери и други бизниси работеа само за него..
Шо да напрај друго?
И тој играше во нашите екипи,ама за разлика од Вилипче
ОВАЈ ИГРАШЕ и праеше разлика,а овај кутриот од својата сенка се плаши и не ни сака да напредува барем малку,сеедно му е, и затоа цел живот е резерва,не само сега,туку и години претходно на играчи кои не беа ни приближно со ваков квалитет како денешните леви бекови на Вардар.....
Тоа е разликата..
И никој не се прај стручњак,не е наша работа да се споредуваме со некој,шо има со нив да се споредуваме,ние сме обични фанови и ја коментираме нивната игра и учинок...
Барем за ова имаме право на мислење,за тоа е форумот,секој да си изгради свое мислење..