Балкан е ова,освен во Унгарија речиси секаде салите се празни..
Освен на тие ШЕМА ЛШ мечеви....
Цеље имаше на времето(до пред 10 години кога беа во зенитот на својата слава) една од најдобрите публики во светот,полна сала на сите мечеви..
Ене ги сега,едвај пола сала ја полнат и тоа на ЛШ....
За домашни мечеви да не прајме муабет..
Загреб години играше во Кутија Шибица,пред 500 гледачи,мечеви од ЛШ,и тоа кога имаше во екипата играчи како Вори и компанија...
Зошто?Зошто интересот на публиката во Загреб е никаков,сега новата управа со триста кампањи и бесплатни карти некако ја полни Арената...
Од цела источна Европа,не само Балканот,единствено Унгарците држат стандард,секогаш полни сали...
Со една парталска екипа како Струмица,да имаш ти речиси полна сала е навистина голема работа..
Е овие се ракометна земја....
А кај нас овде,во чудесната земја на Грујо секое чудо за три дена..
До лани сите се крстеа во Античките,дресови,маици купуваа од тезги во БТ,сега истите тие "фанови" ги нема никаде,прашај ги да набројат 3 играчи од актуелниот состав 90% од нив ќе ти кажат Дарко Станиќ и Вугринец...
Сега сигурно пола од тие шо се палеа на Металург,се тепаат за карти меч на Вардар....
Јебига,необразована нација до максимум сме на спортски план...
И секако како,премногу нереални се очекувањата...
Сите мислат дека до Ф4 се стигнува така лесно,можеби и ќе се стигнеше да не беше тоа несреќно испаѓање од Фленсбург пред 2 години,на крај истиот тој Фленсбург кој не знаеше кај тера на двомечот со вас стана европски шампион,кој рече дека чуда не се случуваат,ама тешко уште еднаш да се повтори таква приказна...
Еден Веспрем чекаше 10 и кусур години за фајнл-фор,Веспрем зад кого стојат и далеку помоќни спонзори од Самс,и невидена пара е фрлена години наназад...
Значи за се треба време,овде рајата си мисли дека другите пијат мастило и туку така ќе се тргнат од патот на Вардар до Ф4,па и за нешто повеќе..
Точно е дека со Самс друг формат доби клубот,Вардар е во ТОП20 клуба во Европа сигурно,но за поголеми работи треба еден куп работи да се поклопат,не е само ростерот,треба и формата да те сака,баш во тие клучни нокаут мечеви....
Малку и политиката на клубот треба да се промени,да не се трупаат играчи за џабе,скаутингот да се подобри за да се привлечат подобри играчи од она шо го нуди балканскиот и рускиот пазар...
Имате добра основа за големи работи,само треба да се напрај поголем напор,да заличат работите,и пред се клубот да поработи малку на анимирање на публиката на тие неважни мечеви..
Можеби многу се смееа кога Михајло даваше ветувања за сендвичи,пива ако се наполни салата,или имаше отворени врати,ама така се привлекува публика и се прај некој стандард на полна сала..
Овие вашите наместо да ја привлечат публиката,да направат една база на луѓе кои ќе бидат редовни,со некои сезонски карти,промоции,тие како да ги боли дали ќе одат луѓето или не..
Битно е да се шитнат тие ВИП карти,по 100 евра(колку се не знам точно),да седат некои фаци кои наместо на терен гледаат во мобилните,и некои госпожи кои едвај чекаат да заврши мечот за да дознаат каде ќе одат подоцна...

После се чудат зошто не можат да наполнат сала за ЖРК,па како ќе одат луѓе кога карта е 500 денари,алоо Македонија е ова...

Е вакви ИНДИЈАНЦИ на запад нема,таму ќе најдите,луѓе по 80 години со дресови на Кил,Фленсбург,кои се на секој меч таму,без разлика дали играле со Металург,Либек или Барса..
Овде ќе ги видиш на меч на Вардар со дрес Македонија,песни како ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ на мечеви на Металург и слично...
Или пак,познатиот изговор зошто не оди рајата на ракомет на "тапа мечеви";
АБЕ НЕМААТ ВРЕМЕ ЛУЃЕТО...

Да,да,овде "немаат време",а во Германија,земјата со најјака економија имаат

,и тоа се сите градчиња под 100 илјади луѓе,а секој меч преполна сала..
Е кога оваа слика ќе ја имаме во Македонија тогаш ќе сме ракометна нација,а дотогаш сме никој и ништо....
Се се прај со луѓе бе,ако немаш добра основа многу тешко ќе одат работите,не се само парите клучен фактор за голем клуб,пример ПСЖ,преку 50 милиони фрлија за 4 години,резултати сеуште нема...