Ама и тој е недисциплиниран, влага во години и наместо да ги батали цигарите и да се чува себеси, како бетер да сака да се унакази. Многу чудна врста на Словенец
И ај Деки ситуацијата да ја тргнеме настрана, знам, јасно е дека имаше Тимур лоша утакмица, ама по скандирањето, кога фатија безмозочните да го свират? Ало? Знам дека и Дибиров е од новата фела играчи во Вардар ама да свириш играч од негов калибар ми е малце неарна работа. Ни мене не ми е најомилен ама не го свирам. Му пишав и на Колт, да сум на негово место пакувам куферите и бегам за ПСЖ. Враќај со скандирање на Деки ок е ама не го свири Тимур бре!