Баш како шо очекував,изигравте напаѓачки,со брзо исфрлање на топка,без многу калкулирање и даде резултат таквата игра..
Имавте игра шо ви одговара во напад,ама одбраната овој пат ви беше дупка...
Иако не е само одбраната крива,голманите бркаа муви на голем број од головите шо ги примивте од надвор...
Грото голови беа под пасивен напад,или од неизградени позиции...а тука зоната нема шо да напрај,кога суртук со 205 се крева на шут....
Мораше малку поистурено да излезите на Биелицки,не е тој таков техничар и нема пробив како Јурецки па да искористи простор со ослободување од играчот шо го маркира,тој има една игра...
run@gun,ако не излезиш на време решета,не ја мисли двапати....
На крај и судиите си го расипаа впечатокот за неутрално судење...
До 50 минута судењето беше добро,после се изгубија..
Голот на Чупиќ мораше да го вратат на 9 метри,беше паднат во простор од 6 метри,плус и чекори имаше направено..
Не смееше таков гол да признаат...
Ако не се лажам Росински беше,кога му падна топката од раце,па после пак си ја фати...

и си продолжи да игра(и самиот беше изненаден зошто не свирнаа двојна игра)..
Ваков превид не би напрајле ни најслабите судии од наша лига камоли една од најдобрите судиски двојки моментално....
Доста долго ги оставаа нападите на Киелце на крај,шо е горе долу редовна практика во ракометот..
Секогаш се фаворизира домаќинот на крај,го оставаат да игра подолго во напад,прогледуваат низ прсти за некои стартови во одбрана итн...
Имавте шанса да го скршите мечот на двапати,и во прво и во второ кога имавте два играчи плус...
И пак се покажа погубна тактиката со два пикери....па и со Прибак во тим....
Таа тактика се игра против бавни одбрани,кои се залепени на 6 метри,а против покретлива одбрана која за секунда секоја топка ја претвора во брза контра и полуконтра е погубно да играш бавен напад...
Требаше да си форсирате тактика со брз проток на топка и ослободување простор по страничните бековски позиции,(или 2и 5 во одбраната на Киелце)...посебно од страната кај Душебаев имаше голема промаја...
Тука да ги решевте и да напраевте серија друга песна ќе беше..
Се губеа под притисок Пољаците,играа добро додека водеа,штом ќе израмневте и одма паѓаа,не беа сигурни во нападите и само поради тие голови од надвор ве решија...
Иако беа одлични шутеви,и не се бранеа туку така,сепак мораше да скинат голманите некоја топка плус....
За напад нема шо да замерите,навистина изиграа одличен меч,ретко кој изиграл така со Киелце во гости...
И пак се враќаме на првиот меч,виновниците треба да се бараат тука..
Да имавте барем 1 плус пак подруго ќе беше,вака беше многу тешко да се игра...
И ако сакате да одите чекор плус наредна година,ќе мора да си го избалансирате тимот салам,посебно на десната страна,посебно за одбраната важи...
Ве избушија од страната кај шо бранеа Брумен и Душебаев...овие двајца многу слабо функционираат заедно,Брумен не е лош дефанзивец,ама во никој случај не е за двојка во одбрана..нема ни висина,ни тежина да заджи играчи кои се 10и кусур см повисоки од него....
И затоа често е исклучуван,а и е доста нервозен зошто огромен товар е на него...
Плус голем хендикеп е за крило кое игра во одбрана двојка,при секоја можност за контра и полуконтра,нема толкав агол и простор да истрча добра контра како шо би имало крило кое си игра на својата природна позиција.....
Значи ако сакате сериозна одбрана,која нема да прима +30 на секој меч со сериозен противник во гости ќе мора да си ја решите одбраната...
Значи Алекс аут,само во напад,Македа одбрана....
Карачиќ аут(или пак да игра на 6ка ако Дибиров би играл фластер на некој,или истурен во одбрана 5-1)....
Деревен не е дефанзивец....
Атман не е лош за 5ка,ќе ви брка работа,па така ќе има можност Карачиќ да одмара и да се фокусира на напад...
Ова се тие мали детали во одбрана шо се лесно воочливи и паѓаат во очи...
Иако модерниот ракомет денес не познава екипи кои можат секогаш да играат одбрана,толку е напредната играта шо е невозможно да не примиш минимум 27,28 гола против силни екипи(иако ќе се случи и меч како тој во Скопје кога ништо нема да оди)....
Како и да е,треба да бидите задоволни од оваа сезона,зошто екипата ви е далеку напредната,во секое поле...