ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34
Повторно се покажа дека Гонзалез на реваншите е целосна спротивност на самиот себеси од првите мечеви.
И сега реваншот го постави многу мудро, со намера во првото полувреме да се игра попасивно и да се одржува во егал, а во второ да се размрдаат. Истото го примени и со Висла Плок на реваншот во Скопје. Два пати му успеа планот, но овојпат не се валолизираше ради глупо примени голови и промашени зицери.
Ако на Вардар до лани му фалеа две одлики да биде тим од највисока класа, сега му фали само една. Психичката сила и стабилност се увиде дека ја имаат момците, цел меч не пукнаа и се држеа до крај. Но фали она второто, а тоа е killing инстикт во клучните моменти.
Вардар сеуште го има спротивното а тоа е промашување зицери во клучни моменти. Зицерот на Прибак, двата на Шишкарев, повторното непотребно нерезонско курчење на Карачиќ, на крај тој на Душебаев, додаено со двата промашени седмерци и примените гола со 2 играчи помалку, не води кон заклучок дека на Вардар му фали уште тој клучен дел за да биде машинерија. Можеби е клише, но е точно клише дека со толку промашени шанси на тацна, нема освојување титули.
Најмногу боли тоа што Штербик не се вклопи со добрата игра на одбраната како на мечот со Висла. Денеска повторно одбраната го извади максимумот со тие играчи со кои располага. Илија лидерски, Тоскиќ ги крпеше, Брумен пак се врати у формата во која гризе во одбрана и парчето што недостасуваше порано а сега го има е Карачиќ кој изигра значително подобра одбрана од онаа што сме навикнати да ја гледаме од него. Сеуште не е одличен дефанзивец, ама покажува огормен напредок и во тој поглед, што не само на тимот туку и него би го вивнало во кремот на бековите.
Тоа што одбраната не успеа да го среди е бранењето на пикерот. Сега најмногу се виде недостатокот на робусен двоиполметраш во тимот, кој ќе му ги пресечеше топките кон Агинаналде кои беа високо додавани јер стапот одлично ја користеше висинската предност. Со евентуалното купување на Марсениќ догодина би се добило страшен дефанзивен boost, со кој би можело да се среди најболниот проблем во одбраната, одбраната на пикерите.
Уште посрање е па тоа што двата промашени зицера на Шишкарев дојдоа по негово „случајно“ играње на теренот. Првиот поради тоа што беше контра, а во второ полувреме тој влегуваше место Душебаев во одбрана. Вториот беше со маркер и пак ништо. Дечкото изигра страшно добра форма додека беше отсутен Брумен, сега пак како да падна. Кога сме кај нив двајца, и општо крилата, ептен малку се користеа во нокаут фазава, ако има замерки кон Раул оваа е една од тие.
Кога сме пак кај Алекс, нема толку јак збор да се опише неговото мудоњство, на тие години превзема одговорност и е лидер на тимот, во второ полувреме тој ги носеше на грб соиграчите. Штета што промаши при тој ролинг на нерешено, голот ќе значеше премногу. Дечкото веќе наредна сезона со асална измена која и ќе го одмори ќе биде според мене топ скоринг десен бек во ЛШ.
Реков, на крај сето ова ќе завршеше со хепи енд ако голманите имаа солидна партија. Вака останува само надевање дека ќе фати трета среќа догодина. Со поширок ростер пред се, со кој во вакви утакмици против вакви противници ќе ја олесни значително работата.