Фан клуб - РК Вардар

То је то...
Не беа ништо посебно Киелце, сами сме си криви.
Не ги искористивме шансите што ни се укажаа. Како да се исплашија дечките од самата помисла дека може да играат на Ф4.
 
Сфе е искоментирано, сфе е испцуено, не знам шо поеќе да кажем од тоа дека се надевам дека следната сезона ќе исќинеме сфе пред нас! Буквално сФЕ!

Реално гледајќи ги другиве 3 тима шо влегоа у ф4 ние ќе бевме изненадувањето, не ги сметам Киелце за таква елита ко другиве и боли поразов. Боли пошо дома требаше да ги згужваме али изгоревме од преголемата желба за титула и тоа е тоа.

Пишаа луѓе дека на екипава и фали тој убиствен инстинкт и се надевам дека со новиве засилувања, кои учекувам Самсоненко да ги објави наскоро пошо така ги објавија и минатата сезона после елиминацијата, да иаме далеку поконкурентна екипа и голем дел од побитните утакмици да ги решаваме уште дома.

Играњето на скоро секоја утакмица на Карачич,Душебаев си носи последици и им паѓа конценрација во најбитните моменти и затоа е толку битна таа ебана ротација. Треба да имаш играчи!

Крилото,Македа,Деревен,Марсениќ и Атман е повеќе од доволно за следната сезона.
За голмани мислам дека му е доста на Диви, а Милич може да го смениме со Ивиќ од Загреб иако тешко тоа. Мислам дека одлично би се надополнувале со Штербик, а и ќе учи од зверов.

Како иде распоредов сеа за домашново? Сеа сабота се игра со Металург?
Имаше најавено пречек за дечкиве у сала вечерва, бидна нешо од тоа? Многу сакав да појдам ама никакво инфо нема!
 
Последно уредено:
Екипа која четири-пет напади за водство по ред ги промашува, со толку промашени седмерци (не зборам само за сега), шест примени гола со играч (некогаш и два) повеќе, не заслужува Final 4. Тоа е нашата македонска реалност, не викам дека дечките не дадоа се од себе, ни Киелце не е којзнае колку подобар од Вардар, ама недостигаа нијанси (пред се во психата) за Вардар да се пласира понатака. Мечот во Скопје се покажа како пресуден. Повеќе среќа наредна година.
 
И едно прашање, знам следната сезона во ЛШ ќе има нов систем на натпреварување, но нели по некоја логика треба да ни дадат пофаворитска улога, да бидеме во втор шешир за ждреб? :D Две сезони по ред сме во најдобрите 8 и не е ферски да не ставаат во трет шешир на ниво со екипи како Албор, Висла, Пик Сегед...

Идната сезона бидејќи сите јаки екипи ќе бидат во две групи ставени, нема втор шешир да бидеме. Би требало да биде вака.

Прв шешир: Кил, Барселона
Втор шешир: Киелце, Веспрем
Трет шешир: прв во Франција, Вардар
....

Едино ризик за да бидеме во четврт шешир е ако пробаат вториот германец да го пикнат тука. Другите Колдинг, Загреб, Целје) не би требало да ни го загрозат местото.

Вака значи дека ќе се сретнеме сигурно со старите познаници Киелце или Веспрем, плус Барса или Кил. Одлична стартна позиција е од трет шешир за нас идната сезона.
 
Баш како шо очекував,изигравте напаѓачки,со брзо исфрлање на топка,без многу калкулирање и даде резултат таквата игра..
Имавте игра шо ви одговара во напад,ама одбраната овој пат ви беше дупка...
Иако не е само одбраната крива,голманите бркаа муви на голем број од головите шо ги примивте од надвор...
Грото голови беа под пасивен напад,или од неизградени позиции...а тука зоната нема шо да напрај,кога суртук со 205 се крева на шут....
Мораше малку поистурено да излезите на Биелицки,не е тој таков техничар и нема пробив како Јурецки па да искористи простор со ослободување од играчот шо го маркира,тој има една игра...run@gun,ако не излезиш на време решета,не ја мисли двапати....
На крај и судиите си го расипаа впечатокот за неутрално судење...
До 50 минута судењето беше добро,после се изгубија..
Голот на Чупиќ мораше да го вратат на 9 метри,беше паднат во простор од 6 метри,плус и чекори имаше направено..
Не смееше таков гол да признаат...
Ако не се лажам Росински беше,кога му падна топката од раце,па после пак си ја фати...:pos:и си продолжи да игра(и самиот беше изненаден зошто не свирнаа двојна игра)..
Ваков превид не би напрајле ни најслабите судии од наша лига камоли една од најдобрите судиски двојки моментално....
Доста долго ги оставаа нападите на Киелце на крај,шо е горе долу редовна практика во ракометот..
Секогаш се фаворизира домаќинот на крај,го оставаат да игра подолго во напад,прогледуваат низ прсти за некои стартови во одбрана итн...
Имавте шанса да го скршите мечот на двапати,и во прво и во второ кога имавте два играчи плус...
И пак се покажа погубна тактиката со два пикери....па и со Прибак во тим....
Таа тактика се игра против бавни одбрани,кои се залепени на 6 метри,а против покретлива одбрана која за секунда секоја топка ја претвора во брза контра и полуконтра е погубно да играш бавен напад...
Требаше да си форсирате тактика со брз проток на топка и ослободување простор по страничните бековски позиции,(или 2и 5 во одбраната на Киелце)...посебно од страната кај Душебаев имаше голема промаја...
Тука да ги решевте и да напраевте серија друга песна ќе беше..
Се губеа под притисок Пољаците,играа добро додека водеа,штом ќе израмневте и одма паѓаа,не беа сигурни во нападите и само поради тие голови од надвор ве решија...
Иако беа одлични шутеви,и не се бранеа туку така,сепак мораше да скинат голманите некоја топка плус....
За напад нема шо да замерите,навистина изиграа одличен меч,ретко кој изиграл така со Киелце во гости...
И пак се враќаме на првиот меч,виновниците треба да се бараат тука..
Да имавте барем 1 плус пак подруго ќе беше,вака беше многу тешко да се игра...
И ако сакате да одите чекор плус наредна година,ќе мора да си го избалансирате тимот салам,посебно на десната страна,посебно за одбраната важи...
Ве избушија од страната кај шо бранеа Брумен и Душебаев...овие двајца многу слабо функционираат заедно,Брумен не е лош дефанзивец,ама во никој случај не е за двојка во одбрана..нема ни висина,ни тежина да заджи играчи кои се 10и кусур см повисоки од него....
И затоа често е исклучуван,а и е доста нервозен зошто огромен товар е на него...
Плус голем хендикеп е за крило кое игра во одбрана двојка,при секоја можност за контра и полуконтра,нема толкав агол и простор да истрча добра контра како шо би имало крило кое си игра на својата природна позиција.....
Значи ако сакате сериозна одбрана,која нема да прима +30 на секој меч со сериозен противник во гости ќе мора да си ја решите одбраната...
Значи Алекс аут,само во напад,Македа одбрана....
Карачиќ аут(или пак да игра на 6ка ако Дибиров би играл фластер на некој,или истурен во одбрана 5-1)....
Деревен не е дефанзивец....
Атман не е лош за 5ка,ќе ви брка работа,па така ќе има можност Карачиќ да одмара и да се фокусира на напад...
Ова се тие мали детали во одбрана шо се лесно воочливи и паѓаат во очи...
Иако модерниот ракомет денес не познава екипи кои можат секогаш да играат одбрана,толку е напредната играта шо е невозможно да не примиш минимум 27,28 гола против силни екипи(иако ќе се случи и меч како тој во Скопје кога ништо нема да оди)....
Како и да е,треба да бидите задоволни од оваа сезона,зошто екипата ви е далеку напредната,во секое поле...
 
А Манасков никој не го ни планира за следна сезона, со сила уште си тераме дека нема да дојде во Вардар :pos:

Ова за инат на @DracevoTheCity :kuracc: дека рече да не го спомнуваме додека уживаме во ЛШ, е па сега што да правиме брат, да биде жива темава :cujte:
 
ЛШ е завршена приказна, почнува пеколниот ритам во домашното првенство за нас...

Утре има куп дуели со Борец (од 10 часот) и ако ги минеме Велешани ќе играме од 18 часот со победникот од Прилеп-Охрид.

Во среда од 19 часот гостуваме кај Зомимак во првиот дерби дуел за сезонава, додека викендов ќе играме против Металург во Јане Сандански.

Ништо чудно да закажат уште некој дуел меѓу овие натпревари...
 
http://rkvardar.com.mk/vesti/zakazhan-duelot-so-zomimak-vo-strumica

Со Зомимак ќе играме у сала на основно училиште ?!
Тоа значи гостовање тешко а ?
А еве го и целиот распоред за неделава

ВТОРНИК

10:00 Вардар – Борец (Куп на Македонија)

18:00 Вардар – Прилеп/Охрид (Куп на Македонија)

СРЕДА

19:00 Вардар – Зомимак (Суперлига плејоф)

ЧЕТВРТОК

Пролет – Вардар (Суперлига плејоф)

САБОТА

Вардар – Металург (Суперлига плејоф)
 
http://rkvardar.com.mk/vesti/zakazhan-duelot-so-zomimak-vo-strumica

Со Зомимак ќе играме у сала на основно училиште ?!
Тоа значи гостовање тешко а ?
А еве го и целиот распоред за неделава

ВТОРНИК

10:00 Вардар – Борец (Куп на Македонија)

18:00 Вардар – Прилеп/Охрид (Куп на Македонија)

СРЕДА

19:00 Вардар – Зомимак (Суперлига плејоф)

ЧЕТВРТОК

Пролет – Вардар (Суперлига плејоф)

САБОТА

Вардар – Металург (Суперлига плејоф)
Нема уште саат за со мизерниве ?
 
сабота, 24.04.2015
12.00 (СОБРАН) одбојка Куп (ж) РАБОТНИЧКИ-ЈАНТА - (ком: Т.СТОЈАНОВСКИ)
14.30 (СОБРАН) одбојка Куп (м) СУШЕВО-СТРУМИЦА - (ком: Т.СТОЈАНОВСКИ)
17.00 (СОБРАН) дом.ракомет (м): ВАРДАР-МЕТАЛУРГ - (ком: Ј.КОСТОВСКИ)
21.00 (СОБРАН) кошарка АБА финале - (ком: Б.ЧУПЕСКИ)
 
уште нешто што сакав да пишам вчера ама се зафатив со глупости... Пак нека изјавуваат нека дојде кој сака пред ждрепка и Карачиќ у петокот, ако сме на 70% од можностите ќе ги победиме Киелце. Убаво рекле старите, кога си премногу даун и премногу возбуден не се носат одлуки ниту се лупета нешто. Мртов ладен на 70% и тоа го кажуваш во очи на реванш???? Извини ама за да победи екипа на реванш на гости треба да дадеш 250% од тебе. Има уште многу да учат и ракометариве за професионалност, не е само Даворче и тие зад твитер профилот.

Едини прави професионалци во екипава се Дујшебаев, Прибак, Тоскиќ и Чипурин. Тука ќе беше и Брумен да не беа кутиите цигари.
 
Последно уредено:
Цела година и повеќе да имаш проблем со седмерците и да нема никакво подобрување е резултат на недоволна посветеност кога се во прашање седмерците.
Карачиќ, Арпад потфрлија кога од нив најмногу се очекуваше. Голот што го прими од Чупиќ за голман од светска класа е во најмала рака срамота. Не ни очекував нешто повеќе од Дибиров, сеа на Зомимак ќе им даде десет гола пропратени со разни акробации. Душебав и на првата утакмица на почетокот беше изгубен, па имаше пет грешки во прво полувреме по кои овозможуваше контра напади. И вчера почна за никаде, во второ се извади од кога му беше оставен повеќе простор од играчите на Киелце.
Лидер ни фали, требаше со сите средства да се притисне за Кире, џабе Македа и Душебаев кога у клучни моменти само играч како Кире може да не извади.
Не е до тоа дека немавме среќа, доста со лузерски оправдувања. И судиите беа солидни.


Талант да ти бил темперементен како Вујо :D Од тоа што го видов по слики се срчкал со Савовски, како не го нокаутирал да го испружи на земја тоа мисирот Марко :icon_lol:
До вчера келнер, денес директор на ракометен клуб кој две години по ред стига до четвртфинале и се курчи на личност како Талант.
Ако на некој не му е јасно, не го потценувам Савовски поради професијата претходно туку поради начинот на кој он е сместен во Вардар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom