Фан клуб - РК Вардар

Повторно се покажа дека Гонзалез на реваншите е целосна спротивност на самиот себеси од првите мечеви.

И сега реваншот го постави многу мудро, со намера во првото полувреме да се игра попасивно и да се одржува во егал, а во второ да се размрдаат. Истото го примени и со Висла Плок на реваншот во Скопје. Два пати му успеа планот, но овојпат не се валолизираше ради глупо примени голови и промашени зицери.

Ако на Вардар до лани му фалеа две одлики да биде тим од највисока класа, сега му фали само една. Психичката сила и стабилност се увиде дека ја имаат момците, цел меч не пукнаа и се држеа до крај. Но фали она второто, а тоа е killing инстикт во клучните моменти.

Вардар сеуште го има спротивното а тоа е промашување зицери во клучни моменти. Зицерот на Прибак, двата на Шишкарев, повторното непотребно нерезонско курчење на Карачиќ, на крај тој на Душебаев, додаено со двата промашени седмерци и примените гола со 2 играчи помалку, не води кон заклучок дека на Вардар му фали уште тој клучен дел за да биде машинерија. Можеби е клише, но е точно клише дека со толку промашени шанси на тацна, нема освојување титули.

Најмногу боли тоа што Штербик не се вклопи со добрата игра на одбраната како на мечот со Висла. Денеска повторно одбраната го извади максимумот со тие играчи со кои располага. Илија лидерски, Тоскиќ ги крпеше, Брумен пак се врати у формата во која гризе во одбрана и парчето што недостасуваше порано а сега го има е Карачиќ кој изигра значително подобра одбрана од онаа што сме навикнати да ја гледаме од него. Сеуште не е одличен дефанзивец, ама покажува огормен напредок и во тој поглед, што не само на тимот туку и него би го вивнало во кремот на бековите.

Тоа што одбраната не успеа да го среди е бранењето на пикерот. Сега најмногу се виде недостатокот на робусен двоиполметраш во тимот, кој ќе му ги пресечеше топките кон Агинаналде кои беа високо додавани јер стапот одлично ја користеше висинската предност. Со евентуалното купување на Марсениќ догодина би се добило страшен дефанзивен boost, со кој би можело да се среди најболниот проблем во одбраната, одбраната на пикерите.

Уште посрање е па тоа што двата промашени зицера на Шишкарев дојдоа по негово „случајно“ играње на теренот. Првиот поради тоа што беше контра, а во второ полувреме тој влегуваше место Душебаев во одбрана. Вториот беше со маркер и пак ништо. Дечкото изигра страшно добра форма додека беше отсутен Брумен, сега пак како да падна. Кога сме кај нив двајца, и општо крилата, ептен малку се користеа во нокаут фазава, ако има замерки кон Раул оваа е една од тие.

Кога сме пак кај Алекс, нема толку јак збор да се опише неговото мудоњство, на тие години превзема одговорност и е лидер на тимот, во второ полувреме тој ги носеше на грб соиграчите. Штета што промаши при тој ролинг на нерешено, голот ќе значеше премногу. Дечкото веќе наредна сезона со асална измена која и ќе го одмори ќе биде според мене топ скоринг десен бек во ЛШ.

Реков, на крај сето ова ќе завршеше со хепи енд ако голманите имаа солидна партија. Вака останува само надевање дека ќе фати трета среќа догодина. Со поширок ростер пред се, со кој во вакви утакмици против вакви противници ќе ја олесни значително работата.
 
Голманиве не беа толку лоши, може можеа подобро не дека не ама мислам дека имаа солидна партија. Не се они криви што на пример по нивни одбрани топката пак ја фаќаа Пољаците и даваа гол.
Се мислам дека клучно беше тоа што примивме меногу голови кога имавме играч повеќе (3 гола коа имавме два играчи повеќе). А на тактички план денес изигравме ставрно подобро од првиот меч.
 
Премногу аматерски грешки направивме и ќе беше светско чудо ако успеевме да се протнеме на Ф4.Не ми се верува дека на утакмицата од која што ни зависи цела сезона успеавме да направиме такви грешки, а богами и да им поклониме на пољаците еден куп ефтини голови. :place: Екипа која што сака да се пласира на Ф4 во утакмица на која што бројот на одбрани на голманите на двете страни е доста мал не смее да си дозволи 6 топки по одбрана на нашите голмани да им припаднат на пољаците.Ако добро броев 5 од тие 6 топки ги претворија во гол гнидите.Во моментите кога се кршеше резултатот имавме напад во кој што на голот на Киелце беше играч со маркер.Наместо тука да ги решевме со гол од 10-12м ние ЦЕЛИ 30-40 СЕКУНДИ градевме напад и на крај ни досудија фаул во напад ... :facepalm: Наместо Горбок/Карачиќ/Душебаев да му ја здуваа на тоа копилето (мислам штрлек беше) ние се глупираме со некои без врска проигрувања.Во два наврати во ситуација кога ние имавме +2 ракометари на теренот им дозволивме на пољаците мајмуни да направат од нас и да ни стегнат 3 голови.Иста ситуација беше и кога играа со еден играч помалку пољаците...со помалку ракометари на терен 6 комада ни ги здрвија како од шала.Она на крај на прво типично македонско...за 8 секунди им дозволуваме акција да направат и со цепелин да завршат.Не знам што чекаа тука и зошто не тргнаа одма да направат фаул и да не дозволат да се одлепи Киелце на +2 (вкупни +4) на полувремето.

Недостатокот на класа ракометар дојде до израз денес.Едноставно кажано немаме играч кој што е способен на гостински терен сам да повлече во клучните моменти.Тоа што максимум ни беше израмнување и никако превземање на водството не е никаква случајност или немање среќа.Да имавме играч како Хансен,Карабатиќ или Кире во таква ситуација ќе му ја отворевме главата на Шего/Шмал како од шала.Џабе ни беа одличните акции и чистите ситуации за Шишкарев и Душебаев кога на крајот очигледно е дека притисокот од целата ситуација и ‘‘стравот‘‘ да се превземе водството беа пресудни и од таму реализацијата во тие моменти ни беше мизерна.Промашениот пенал на Дибиров кој во двомечов прееба 7 топки ептен лесно беше капак на целата таа брканица на теренот во вториот дел.Слабиот ден на голманите (пред се на Арпад) исто така си го направи своето.До душа и они немаа многу простор да се истакнат во ситуација кога по средината на голот каде што бранат Иле и Тоска можеше авион да помине, а не ракометна топка. :)

Она за кое што заслужуваат честитки сите од прв до последен е лавовската борба на теренот. :cuc: Изгинаа момците на терен и јасно беше дека желбата за пласман на Ф4 кај нив беше најголема, но во ваквите утакмици некогаш и тоа за жал не е доволно.Имавме шанси и лани и годинава да влеземе на тој толку посакуван завршен турнир, но слабата присебност во клучните моменти си го направи своето и сега ни преостанува да се надеваме дека наредната година со новите засилувања ќе успееме да го направиме тој завршен чекор и да се најдеме на Ф4.
 
Ајде ајде мужишта ! Другата година одиме со појаки засилувања ! Трети пат мора да проработи ! Два пати бевме екстремн близу до ф4 и малку среќа елемент ! Овој пат има да рушиме !!!:uzi::uzi::uzi:
 
Од каде ли само волку стручњаци се појавија одеднаш? Те ова не чинело, те она не чинело.. тимот не бил за фајнал фор.. жими таквото! Вратете си се во глувчечките дупки, а Вардар оставете ни го на нас.

Секоја чест за уште една одлична сезона, како и да е.. вие сте нашите херои!
Реално, дечкиве заслужуваат дочек пред сала!
 
Од каде ли само волку стручњаци се појавија одеднаш? Те ова не чинело, те она не чинело.. тимот не бил за фајнал фор.. жими таквото! Вратете си се во глувчечките дупки, а Вардар оставете ни го на нас.

Секоја чест за уште една одлична сезона, како и да е.. вие сте нашите херои!
Реално, дечкиве заслужуваат дочек пред сала!
Да им се грми едно пола саат И ако изгубите.... за самодоверба да им се врати
 
Дали оваа сезона толку ни беше капацитетот или можевме повеќе? Останува на вас да ни пишете во коментари.
Ние наведовме само некои од ситуациите на терен.


http://skopjezavardar.blogspot.com/2015/04/4.html
 
Се закачи со Карачиќ и после со цела клупа на Вардар. Го исклучија и кога излезе од терен мавташе по публиката ко мајмун.
Да му ја ебам мртвата згужвана фаца, нека го оболат од ќотек некои од полуфиналистиве.
 
Колку што гледам на веб-сајтот на аеродромот има чартер од Краков во 23.40.. значи негде после полноќ би требало да се во сала.
 
Да му ја ебам мртвата згужвана фаца, нека го оболат од ќотек некои од полуфиналистиве.

Џукелата на првата во Скопје го повреди Карачиќ на зглобот и после повторно незгоден старт имаше со него по фаца.
И сега мава цело време педерски а кога Тоскиќ го мава и гура ко пичка паѓа и плаче по судии.
Нога да скрши му ебам тоа лигавиот.
 
Инаку да прашам уште некој се сомнева у квалитетите на Раул?според мене еден еден се со Душебаев,тоа е добар тренер,од грешките се учи,значи нешто се работи,браво.
 
Двете утакмици со Киелце се победија самите ,а неможам да сватам како Раул не успеа да го изолира Агиналде ,а и да му опнит фластер на Зорман второ полувреме кога играа со играч повеќе.
Две години по ред се на прагот на Ф4 и незаслужено само од некои аматерски грешки не се пласираат Вардарци.
Штета за еден ГОЛЕМ Вардарец Прибак да не заиграт на еден завршен турнир во Келн.

Салата во Аеродром е чисти промашај,сите утакмици требаше да ги играат во Борис Трајковски.
 
Кој има сила воопшто да напише нешто после поразов... Реално и пред мечов не бевме баш оптимисти, но длабоко во себе верувавме во чудо...Мечот и не се одвиваше така лошо како што можеше да изгориме уште на самиот старт...И покрај тоа што не водевме во текот на мечот, можевме да го добиеме, да го имавме она што го има Киелце, а нас ни фали...А тоа е дрскост, искуство за големи натпревари, смиреност, трпеливост...Уште од почетокот игравме како муви без глави, како да се играат 5-10 минути а не 60 минути...Ни фалеше добар фининш, како нивниот во Скопје, тука паднавме и останавме со празни раце...Сепак со една бековска постава не се игра на Ф4...Не ја завршивме работата во Скопје и реков дека ќе треба со 200% да одиграме во гости, на вакви натпревари тешко е да се победи во гости и против многу послаби екипи, а не па против еден Киелце на чело со Талант...Знаат што точно сакаат да направат и да го направат истото, имаат визија во играта и доста рутинирано играат, за разлика од нас кои неколку напади кога требаше да зададеме удар и да им гори под нозе ние секој пат грешевме...Мислам дека и денешниов натпревар да беше прв и да требаше за 7 дена да играме реванш во Скопје, пак они ќе одеа понатаму и немаше да ги надополниме овие 2 гола (33:31 ли изгубивме, не ни бев свесен на крајот...) Кратко кажано, позрели беа и повеќе избор на играчи имаа и тоа беше пресудно...Следната сезона ќе ги добиеме овие два фактори, веќе втора сезона по ред сме на чекор до Ф4, мислам дека веќе сите стануваат играчи (што би рекол Филипче :oeoeoe:) и добиваме комплетно нова бековска линија Деревен, Атман и Македа и мислам дека ќе го добиеме она што ни фалеше сезонава за комплетен тим... Само не мора уште од сега да се форсираме со "трета среќа" зошто и оваа сезона го извадивме максимумот според мене, се повеќе од ова ќе беше чудо, ако одиме со таква мисла лесно можеме да завршиме како трети во група и крајот да ни биде во 1/8 финалето... :) Сега да се насочиме за двојната титула во Македонија, без милост! :icon_mrgr: Напред Вардар во срце те носам! :cujte:

И едно прашање, знам следната сезона во ЛШ ќе има нов систем на натпреварување, но нели по некоја логика треба да ни дадат пофаворитска улога, да бидеме во втор шешир за ждреб? :D Две сезони по ред сме во најдобрите 8 и не е ферски да не ставаат во трет шешир на ниво со екипи како Албор, Висла, Пик Сегед...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom