Фан клуб - РК Вардар

Ако не се појават комити од првата минута, ништо од добар резултат за реваншот. На играчиве на Рк Вардар, премногу им значи нивната подршка кога се работи за домашниот терен, како да се програмирани да неможат без нив, мислам дека ако ја видат празната трибина на комити, буквално ќе се срушат како кула од карти. Џабе останатите 5000 кога нема кој да потегне.

Потполно се согласувам. Самата управа треба да биде свесна за ова , и треба за Комити да има посебен третман. Едноставно нека договорат фиксен број на карти , еве да кажеме околу 700-800 карти кои ќе бидат исклучиво за нив , и дел од трибината со капацитет барем 1000 резервиран за нив. Се друго нека оди во слободна продажба.

Ќе го сонуваше Вардар резултатот против пољаците ако не беа Комити.
 
Ако може некој да ми каже како да одблокирам на лаола за да можам да ја гледам утакмицата.
Знам дека имате милион пати пишано и направив така, ама не ми функционира.
Фаља однапред.
Напред Вардар!
 
Ако може некој да ми каже како да одблокирам на лаола за да можам да ја гледам утакмицата.
Знам дека имате милион пати пишано и направив така, ама не ми функционира.
Фаља однапред.
Напред Вардар!
Инсталирај hola unblocker
 
нема тон на лаола тв све по список да им изебам капиталистичко
 
Катастрофа атмсовера, античкиве слабо пеат некако, излеа разочарани се од резултатот.
Сакав да правам принт скрин на овие што си ги местат косите што гледаат во телефон. Имаше многу кадри такви :D
 
Летнаа во небо, уште непочнат натпреварот.

Јасно е едно нешто. Дибиров е изгубен случај на важни и големи натпревари. Го понесува атмосферата, брза непотребно, прави глупави циркузантски потези. Се крши резултатот, тој му шутира сув лист на Шего.

Моментите во кои игравме со играч повеќе воопшто не ги искористивме. Премногу ноншалантно и меко играме. Неизградени шутеви, избрзани акции.

Атмосферава далеку од пекол. Чичковците со одела и тетките со штикли се зафатени со правење селфи фотографии, затоа и не им замерувам.

Перо и другар му од Алфа, неподносливи. Судиите судат баш одлично, тие запнале дека биле на страна на Киелце.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom