Џабе ви се математиките дечки, плус уште ни првата утакмица не сме ја одиграле...

Не би му дал предност на никој, поготово она 75:25 е жива глупост, небаре Војводина и Партизан сме ги имале во група а до 1/4 финале сме поминале преку Нексе...Ништо не се знае во вакви натпревари може дома да биде нерешено, а во гости да ги плеснеме 1 гол мерачки, зошто да не?

И ние самите премногу се потценуваме, и ние имаме играчи од светска класа, Штербик и на овие години е меѓу најдобрите, крилата слаби ли ни се, бековите допрва покажуваат колку моќни можат да бидат, Карачиќ и Душебаев
на една утакмица барем сигурно ќе распалат, пикери имаме за ротација, Тоскиќ е ѕвер, а и Столе игра во солидна форма, јас не би им кренал бело знаме ни на Барса, ни на Кил. Да не заборавиме завршивме како втори во група пред Швабите и Французите, а мора да те бива и во гости за да бидеш 2 место. Квалитетни се и они, ама и ние играме одлично сезонава, нијанси ќе одлучуваат спрема мене. Не мора да имаме голема разлика по првиот меч, нека биде овој пат доволно и мала залиха, да одиграме машки и на гости, слично како со РНЛ, ако не сме квалитетни надвор од Јане, тогаш што бараме на Ф4?