Фан клуб - РК Вардар

Golem poraz ama i Wisla ke igra pred polna sala,taka da i tie ke se uprpaat.
Не знам дали ќе играат пред полна сала ако не ја намалат ценава на картите, иако и јас се надевам дека ќе биде така како што викаш.
 
Ја верувам во овие момци, мислам дека со добра атмосфера ќе ги згазиме без проблем!
На крај оној што го исклучија што гу удри Душебаев, со некој наш влегоа во вербален конфликт изгледа.
 
Фичото што го бладате во 2-3 наврати топката враце им ја даваше и овозможуваше лесни контри
 
Карачиќ тиква зелена, атракција на 7 гола негатива пробува да направи и на крај се избрука.

Ова му стана заштитен знак. :boksix:

Минимум 2-3 пати во сезона го прави истото и пак не му доаѓа памет. А толку малку му фали да биде најдобар среден бек во светот. Еве и денес кога беше срање пак имаше 4-5 гола.

И да за комплетен тим фали различен тип на лев бек од Горбок и Лацковиќ, некој што без задршка ќе шутне, ваљда Деревен ќе го донесе тоа догодина.

Фичото што го бладате во 2-3 наврати топката враце им ја даваше и овозможуваше лесни контри

Еее не заебаваj, тој толку беше во напад, 2-3 пати. :D
 
Еее не заебаваj, тој толку беше во напад, 2-3 пати. :D

Ја еба 2-3 пати, во право е дечкото :D
Едниот гол што го примивме од гол на гол, он имаше лошо додавање до Дибиров. Неколку акции претходно, исто во раце им ја додаде...
 
Ја еба 2-3 пати, во право е дечкото :D
Едниот гол што го примивме од гол на гол, он имаше лошо додавање до Дибиров. Неколку акции претходно, исто во раце им ја додаде...

Се извинувам тогаш, тоа било во моментите кога искочив надвор, јер се препотив од нервоза. :sramezliv:
 
Фичо даде 2 брзи гола кога имавме играч повеќе, и згреши две топки. И пак имаше повеќе придонес од Горбок кој изигра 50 минути отприлика. Значи 50 минути бевме ние со играч помалце.
 
Ја еба 2-3 пати, во право е дечкото :D
Едниот гол што го примивме од гол на гол, он имаше лошо додавање до Дибиров. Неколку акции претходно, исто во раце им ја додаде...
Само таа до Столе ја згреши другите Карачиќ им ги фрли у раце.
Инаку што сакате на три дена пред утакмциава внесоа негативна енергија и тоа уште не дојде само што објавиа дека потпишале, догодина да ен зобриме што ќе биде, коа ќе глуми ѕезда кретенот.
А штета што не зигубија со 9-10 па да ги видевме верните навивачи тогаш дали ќе дојдеа во сала, мада и вака прашање е дали “верните“ ќе дојдат и со -6. А овие директрочињава толку ги сакаат што ете и на Комити едниот блок им го скратиле само да ги усреќат античките наши верни навивачи.
 
Она што мене најмногу од се ме изнервира е тоа што сами се победивме денес.Се супер тргна,а потоа како рацете да им ги пресекоа на нашите играчи.Во една од најважните утакмици за оваа сезона изигравме ептен бледо и на крајот реално мораме да бидеме презадоволни со овие -6 голови.Поочајна игра да не претерам ама сме немале неколку години наназад.Онаков напад без идеја цели 60 минути искрено не се сеќавам да сме имале.Слаби утакмици сме имале бааги ама толку отсечени да сме ... :sramezliv: Една акција за крило не направивме од почеток до крај,за пикер па бетер,бековите со исклучок на Душебаев чиста нула.Да не беше малиов уште сега ќе требаше да им честитаме на пољаците.Алал да му е за денешнава партија и само вака нека продолжи. (y) Се на се мизерија од напад имавме вечерва.Пеналите денес одново катасторфа....3 промашени пенали се премногу во ситуација кога на спротивната страна реализацијата е сто процентна.Одбраната во прво горе-доле изигра доста солидно ама во второ полувреме жива катастрофа.Не смееме да дозволиме онака да не работат позади и да не исфрлаат од игра како мали деца ако сакаме Ф4 на крајот.

После утакмицата со Брест Мешков во Сеха за Дибиров го напишав следното :

Она што мене денес најмногу ме изнервира е Дибиров и неговата приватна забава на терен.Знаеме дека може да даде гол од мртов агол,знаеме дека може да сврти топка од крило како што ретко кој може,знаеме дека е брз и се тоа ама кога ќе почне вака да претерува ептен ми иде на живци.Денес 4-5 топки + еден пенал ги заеба како што не смее ни на тренинг да ги заебе,а не па на утакмица против еден доста солиден противник.Само тоа негово циркузантско однесување да не не кошта елиминација во ЛШ на некој клучен натпревар,а ако вака продолжи не би ме чудело и такво нешто да се случи.

Истото ова се случи и денес...Дибиров одново се заборави и почна да претерува ! Не ми е јасно која е потребата да се форсира нешто кое што очигледно не му оди од почеток ? Зошто има потреба да влегува од мртов агол кога гледа дека не му е денот и дека не може ни од чиста позиција да реализира ? Која е потребата да шутира пенали кога очигледно е дека не знае да ги шутира ? Која е потребата да тргне сам против 6 противнички играчи,да заглави и да шутне од 13м и нормално да промаши ? Еден од оминелните играчи ни е на сите ама мора за се да постои одредена граница и таа граница да не смее да се надмине во никој случај.

Карачиќ на меч на кој што игра катастрофално,на меч на кој што губи неколку топки на аматерски начин,на меч на кој што во тие моменти ако не се лажам губиме со 7 разлика од чиста позиција пробува да го лобува голманот без никаква потреба. :tapp: Ова едностано НЕ СМЕЕ да си го дозволи ниту еден играч во светот.Такви циркузи и приватни забави во меч од нок-аут фаза НЕ СМЕЕ да има.Не може бе....НЕ МОЖЕ на меч на кој што во еден период бркаме 9 ГОЛОВИ РАЗЛИКА некој да си земе за право една од ретките чисти позиции да ги упропасти.Исто како што НЕ СМЕЕ и Дибиров да си зема преголема слобода и да влага од мртов агол БЕЗ ПОТРЕБА. :mad:

Овие двајца највеќе ми згазнаа на живци па затоа само за нив ќе пишам посебно инаку ни другиве не беа најсјани туку напротив....пола од нив не се ни свесни дека играа утакмица денес.Дали причината е потценување на противникот или одново ни се повторува играта на гости од групната фаза не знам,но знам дека сите во Јане наредниот викенд ќе мораат да изиграат 3 пати подобро од ова денес.

Она за кое што му замерувам на Раул е вадењето од игра на Штербик.Имаше и повеќе од солиден меч ако се земе во предвид каква одбрана имаше пред него, а го остави на клупа речиси цело полувреме.Премногу минутажа доби Џамбо, а за тоа време скоро ништо не направи.На крај кога се врати Штербик да ги брани последните 5 минути одма се виде разликата на голот.Двата гола што ги примивме дур да смени играчот со маркер со голманот исто така може да се каже дека до негде одат на душа на Раул.Сметам дека нема потреба во секој напад да влегува играч со маркер, но да не навлегуваме сега во тие работи и да не се правиме поголеми стратези од него кога Вардар ќе загуби натпревар. :)

На крајот овие минус 6 голови и како победа ќе му дојдат у пм.Во ракометот ваквата предност се стига и за едно полувреме и убеден сум дека во Скопје ги газиме мамлазиве со 9 голови разлика.Сигурно е дека полошо и послабо од ова не можеме да изиграме и сигурно е дека не може одново да немаат ден скоро сите играчи од тимот.Пољациве не оставаат впечаток дека се екипа која што може да направи којзане какви проблеми на гостински терен, но од друга страна и не смееме да ги потцениме затоа што денес докажаа дека знаат да ги искористат грешките на противникот.Верувам во Раул и екипата и со максимална поддршка од околу 6.000 гледачи мислам дека ќе им го загорчиме животот на пољаците.Нека биде овој резултат мотив плус за да дојдете во сала и да го оставите гласот во истата...да докажеме уште еднаш пред целиот свет што е тоа вистинска пеколна атмосфера и сите заедно да славиме пласман во 1/4 финале.
 
Ќе ги шораме у Јане, нема да знаат што ги снашло.
 
А мене другарите ме прават главен хејтер кога кењам за Дибиров!
Баш со вакви циркузантски утакмици му паѓаат во вода по 10 дадени гола на Раднички Крагујевац и компанија!
 
Де бе па вие, го распнавте Карачиќ зошто пробал да го лобува голманот, мислиш пируета 2 пати се свртел у ваздух и шутнал со затворени очи. :)
Сосема нормален шут е и лобот во ракомет, посебно па кога имаш толку разбранет голман на другата страна, не е на одмет да се проба нешто подруго.
Сеа што самиот лоб беше катастрофа и отиде два метра над гол, тоа е друга работа. :icon_mrgr:

За Дибиров се слагам, треба да му се ускрати правото толку топки да троши, од такви лоши позиции, и на крај така ја лупна, од мртов агол, а имаше уште 10 секунди напад...:tapp:
Ама тука Раул треба да реагира.
Исто и за пеналите, нека си има ред на изведувачи, не еден да шутира цело време и да промашува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom