Фан клуб - РК Вардар

Ова е веќе чист доказ за тоа дека Вардар има екипа спремна за Ф4 и дај боже титула во ЛШ.Вака агресивно ако влегуваме на секој меч и со нула респект спрема противникот уште многу екипи ќе го јадат стапот од дебелиот крај.Јас искрено очекував тежок натпревар кој што ќе го добиеме со најмногу 2-3 голови разлика,но ова што се случуваше на терен буквално го тера човек да се запраша дали тоа што го гледа е сон или јаве.Нека бидат среќни РНЛ што го имаме она балканското во нас инаку во Јане ќе го јадеа со +7 како ништо,а во сред Германија ќе лапнеа 15ка со кромид,помфрит и едно Скопско.Мене искрено ми смета таквиот однос на теренот во последните 15 минути,но ако тоа се поправи во нок-аут фазата ќе немаме гајле.Натпреваров го отворивме точно онака како што требаше за да ги убиеме играчиве на РНЛ и Ландин.Молев бога да не го разбраниме на почеток затоа што во таква ситуација е доста незгоден лешперот,а во спортивно паѓа психички и после е само една играчка застаната на голот.Матер му ебаа Карачиќ,Горбок и Дибиров,а и Тоскич на почетокот не му остана должен.На спротивната страна 5-1 одбраната скроз им ја уништи играта на домаќините.Е, ова е тренериште,ова е мајстор од тренер,а не она ситнана боранија што така се нарекува ! :icon_lol: Сите денес со исклучок на Столе,Чипурин и Филипче (му ебам тоа елементарната непогода) изиграа за кристално чиста 10ка.Штербик братот што им правеше :Кезец: Во прво само 4 одбрани имаше и тоа 3 чисти голови скина и 1 пенал фати,а во второ мамичето мамино им го еба со тоа кревање на нога до вселената. :drk: На крај веќе и страв во коски им наби на швабиве па некако со двоумење тргаа на шут.Штета е што премногу рано почнаа со ладење нашиве и имаа без врска шутеви од 15м инаку ќе летаа партали во онаа салана што демек требаше да ги исплаши нашиве.Друг пат нека проверат во какви сали се челичат нашиве играчи па нека донесат одлука дали они добиваат ако се игра во сала во која што ќе се прави бука со она глупостине што ги трескаат саат време или ние. :rolleyes:

Сега само добра ждрека и на здравје нека е 1/4 финалето. :pijani:
 
Ни судии, ни сала, ни Перо Момировски не можеа да им помогнат, ги искинавме од сам старт.
Нека служат за пример момциве како се гине за светиот дрес. Да, некој ќе каже за пари играат, ама
момците се прави борци, капа доле за нив, еден е Вардар!

Дајте Загреб да се играмо!
 
Ма дајте кој било... За да бидеш шампион треба да си подобар од сите.
 
На Флензбург и Моргесен им се повредил, напукнат мускул, подолг период се очекувало да биде надвор од терените, а без него и без Гландорф нападот им е за 60% послаб, ако не и повеќе.
 
со еден збор - перфекција

Се виде дека Гонзалес го владее Рајн Некар како читанка од второ оделение.

Првиот најбитен елемент беше одлично поставената 5-1 одбрана со Дибиров напред. Целосно им се скрати протокот на топката, Шмит се изгуби тука и другите бекови се мачеа. Никакви топки немаа за пикер и се им се базираше на сила и среќа. Кога видов дека е 7ма минута и уште немаат дадено гол Рајн Некар, знаејќи дека се најсилни на почетокот знаев дека ќе биде посебна ноќ.

Второ, одличниот Штербик и Карачиќ а духот Ландин и Ганзхајмер. Нашиве буквално им држеа часови по ракомет, Карачиќ каков дијамант е човече... Прав лидер на екипа а богами и уште еден пар муда му пораснале. Ганзхајмер може само патиките да му ги чисти на Дибиров. Дечкото потона..ако не се лажам цело второ полувреме на клупа го помина.

Малку страв имав на почеток на второто полувреме дека ќе тргнат фуриозно швабиве и кога Ландин се разбрани, ама се виде дека ја имаме ситуацијата под контрола и си одиме со победа дома.

Све ни одеше од рака во напад, каде што и солидна игра падна од пикер, Тоска човекот е мајстор. Одбраната повторно немам зборови. Момците ги натераа да го промашуваат голот швабите едно десетина пати.

Големи честитки до сите, маестрална партија одиграа и покажаа што екипиште е Вардар оваа сезона. До последен здив ќе се бориме за влез на Ф4.
Капа доле момци, голем нокаут беше ова :cuc:
 
Какво газење, цела утакмица имавме повеќе од 6 гола предност :cuc: Си обезбедивме 1/4 финале, а за Ф4 искрено мислам дека е рано, од наредна сезона веќе ќе може и на тоа сериозно да сметаме :) Раул Гонзалез - маестро, Дибиров пак во ненормална форма, Карачиќ дефинитивно омилен играч, уште од кога беше Вујо тренер!
 
Оваа е таа бомбата што се збори по ТВ?
Со Зомимак играме понеизвесни утакмици,ебаго
На Вилипче како му украдоа топка од рука,џао Коби на Дикембе Мутомбо на времето
Ај сега дајте го тоа првото плинарско друштво,да се зезаме
Шишкарев ако вака продужи ќе биде бољи од Златко на Мојсо малиот,слушајте што зборам...
Ги одмаздивме ова сиротињите од Аутокоманда,хехе
Ша ла ла лалалалааааа
 
Сите го барате Фленсбург, ама Фленсбург може и четврти да заврши во групата, затоа што го очекува тежок дуел со Висла Плок утре :icon_mrgr:

Така да, мислам дека противниците ќе ги бараме меѓу Загрб, Висла и Данкерк :гик:
 

??? :D

Инаку за мене играч на натпреварот - Данил Шишкарев. Секоја утакмица е се подобар и подобар, особено во одбрана! Денеска одличен и на неговата позиција го умртви Уве педерчето, можеби уште подобар и во 5-1 формација како најистурен напред. :cuc:
А не ќе се заебаваме. :D Добро ќе е ако играме плеј оф мкд лига, конечно повторно добар ракомет во Радовиш и тоа заслужено.
Инаку перфектно анализирана играта на рнл, одлични дефанзивни и офанзивни решенија. Уште од старт ги откажавме швабите. Големо браво за Раул, Дејвис и момците.
 
Некој да ми кажеше пред 3 години дека Карачич ќе стане ваков играч, ќе се згазев од смеење.
Паметам дека дојде повреден од Босна, и може месец време седеше така во Вардар пред да заигра.
Со еден другар нон стоп блиску до него седевме, зад клупата на таа трибина а овој во едни сиви тренерчиња најчесто и со сончогледот во рака.
Се чудевме зошто го донесоа овој???
И кога почна да игра ептен за никаде беше, може грешка сум ама 6 месеци беше повреден, за на крај на сезона да ја дигне ептен формата во тие натпревари со Металург.
 
10422390_10153300407470348_7557914545855199850_n.jpg


Вреди да се одвојат 5 минути и за ова да се прочита. :)

http://sdvardar.blogspot.com/2015/01/blog-post_7.html?spref=fb
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom