Фан клуб - РК Вардар

Каков непотребен потен чудо едно ејјјјјјјјјјјјј

Се надевам ништо од ова пошо ќе значи дека ќе имаме 2 крила што поим немаат од одбрана а Марковиќ ќе си оди.
 
Леле ако го сменат Добривоје со лигушов :popce:
 
Овај малиот решил да си ја уништи кариерата. Кај ќе добие минутажа во Вардар бре...

Може и тоа му е филмот. Да си седи на клупа, да не се замара, убава плата да си лапа. Таман во свое место во Скопје ќе си тера ноќен живот, пијанчење лумпување... воопшто не е чудно за македонски талент тоа.

Што ќе се мачи по Германија или Франција да брка кариера коа тука како паша ќе си биде.

Мене овие од Вардар ми се чудни ако стварно решиле да купуваат на позиција која со голманската ни е најдобро покриена.
 
За играчите шо треба да дојдат,,,,
Деревен-лајк,реков за него одамна...
Македа?
Има далеку подобри од него,ама е паметен потег,зошто?
Зошто таков играч е одличен да изигра 20-30 минути,во двата правци,без замена...
Со Душебаев ќе бидат одличен тандем...зошто двата се различни типови на играчи и ќе се надополнуваат....
Едниот шо нема-другиот има...
Е сега,Манасков?Тотално непотребен(во моментот-но и потребен ако се гледа на долг рок)......зависи од визијата на тренерот како би изгледал тимот...
Иако на долг рок би бил добар влог,сепак Дибиров полека паѓа,сепак крилото не е како голманите и да игра до 40 години....па мора да се мисли на негова замена...
Реално колку и да го кревате во воздух,Дибиров според мене ви е најслаба карика во цела екипа..
Еден куп топки ебава со неговите влезови од никакви агли,да не прајме муабет за "неговиот учинок во одбраната":Кезец:
Повеќе на циркузант личи во одбрана отколку на дефанизвец...
Дека е голем играч е,дека е во ТОП 10 крила во светот е,ама си има земено преголема слобода во играта,а тоа не е добро за една екипа..
Посебно не е добро кога крило си зема таква слобода да решава мечеви со удари од мртов агол,со некои шутеви АЛА ХАРЛЕМ ГЛОУБРОТЕРС не е на арно...
Можеби е интересен за публиката,посебно ако влези некој таков шут,ама од аспект на цела екипа таквите егзебиции се многу скапи,посебно во Европа...
Ете лани со Фленсбург колку малку фалеше,еден напад,една топка..
Во Европа нема место за импровизации,не е ова НБА.....
Барем јас лично секогаш повеќе сум ценел крило од калибарот на Аљушот,отколку Дибиров,Абало кои играат двојни/тројни улоги....*шутираат од лев/десен бек,играат плеј итн)..
Задачата на крилото е-контра,полуконтра,да игра добра одбрана,и ако има потреба да се уфрли на втор пикер,се друго е вишок и непотребен ризик...
Околу Манасков...
Далеку е напреднат Манасков од времето,е сега шо е копук,и наместо да си ја гледа работата на терен изиграваше мангуп е друга работа..(се истерал на татко му ова,ако ја нема висината ги има ушите и темпераментот):D
Плус вашите дерби мечеви со Металург повеќе личеа на шоуто на Џери Спрингер отколку на мечеви на две професионални екипи,посебно од страната на Металург..
И секогаш мораше некој да предничи во тие дуели и да "дебатира"со публиката-Жути,Манасков,Станиќ,Макало на времето:pos:,испадите на Вујо,кукањата на Левче,заканите кон судиите на Лино....и ред други работи..
Ако го истегнат за уши малку и го средат,се прај јако крило од Манасков....
Плус за разлика од Дибиров кој сака повеќе да симулира овај не форсира толку ..можеби ќе се изглупира некогаш со тие финти при скок-шут,ама е класично крило егзекутор..
Плус во моментот од тие крила шо се на лагер е една од најдобрите опции-млад,има години пред него,и е добра инвестиција...
За разлика од другите (Растворчев,Лацковиќ) шо ги купивте,од овај би требало да видите ќар.зошто е млад а веќе докажан играч..
Страотно брз,знае да води топка,добар техничар,знае да се уфрли на пикер,единствена мала замерка е да го изделкаат во одбрана...
Но на долг рок е капитална инвестиција за било која екипа...
 
Крилата што ги имаме се супер, бекови разбивачи ни требаат !!! И да дојде Македа и Душебаев да остане подобро таму трета јака опција него Чупич на крило. Исто и на лева страна, уште еден бомбардер покрај Горбок и Деревен. А и овој Манасков не го разбирам, ваков автогол да си даде баш кога му треба да игра по 50-60 минути наместо по 5-10.
 
Што се секирате ќе си игра во Вардар 2. Како тргнало од нареднава година ќе си имаме три Вардара во ЛШ :lolzz:
 
Без заебанции .. доколку ви дојде Манасков ќе бидете одлично покриени на левата крилна позиција, Манасков е одличен потенцијал , штета што само тој го избра пиењето и курчењето на прво место пред кариерата, можда во Вардар ќе го оправите и ќе го донесете на вистинскиот пат, зошто покрај ваква конкуренција мора да го дава максимумот :D
 
Јас бев еден од оние што го плукаа Манасков и се сомневав во неговиот потенцијал, али дечкото доста напредна у играта. Доказ за тоа е и светсково. Одлично првенство изигра малиот. За тоа дека сме добро покриени на лево крило може да се лажеме само. Дибиров после утакмицата со Хамбург и повредата на окото е само бледа сенка на оној Дибириов од претходно. Дали 1-2 утакмици ги изигра на ниво. Маркович е подобар дефанзивец од двајцата али ја нема таа брзина, скочност па и шут ко Дибиров и Манасков. Ако некој потајно сакав да дојде од Металург кај нас, тоа дефинитивно е Манасков. Плус 22 години има, влог и за во иднина.

Е сеа што се курчеше е друга работа. И Козлина и Борко ни се курчеа ни покажуваа курови па играа кај нас. Едниот дури и го скандираа некои пред да замине. Така да не кревајте само непотребна галама...
 
Со Манасков очекувам и цел пешадиски батаљон на античката фаланга да почне да навива за нас, патриоти ала „напреТ металурК, гордос македонска“!
После на претставување на играчите во Јане Сандански ќе бидеме сведоци на:

ДЕЈАААААН...
jon-popcorn.gif

МАНАСКООООВВВ!!!
 
Манасков треба уште фурни леб да изеде за да го стаса Марковиќ. И ако е точно тоа дека планираат да го донесат гадноно копиле на местото на Марковиќ нека се ебат у гз.
Полека но сигурно клошарине што дремат во управа прават од Вардар едно ропачко спортско друштво.
 
Манасков треба уште фурни леб да изеде за да го стаса Марковиќ. И ако е точно тоа дека планираат да го донесат гадноно копиле на местото на Марковиќ нека се ебат у гз.
Полека но сигурно клошарине што дремат во управа прават од Вардар едно ропачко спортско друштво.
A vo sto toa Markovic e podobar od Manaskov momentalno ?
 
Манасков треба уште фурни леб да изеде за да го стаса Марковиќ. И ако е точно тоа дека планираат да го донесат гадноно копиле на местото на Марковиќ нека се ебат у гз.
Полека но сигурно клошарине што дремат во управа прават од Вардар едно ропачко спортско друштво.
Грешка си друже, Манасков е по експлозивен во нападот, брзо ги решава контрите, пред се е млад и переспективен играч кој што верувам дека Раул ќе направи класа играч од него.
 
A vo sto toa Markovic e podobar od Manaskov momentalno ?
Во секој сегмент од играта е подобар. Дефанзива, пресекување топки, реализација. Единствено Манасков е побрз, голем кур.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom