За играчите шо треба да дојдат,,,,
Деревен-лајк,реков за него одамна...
Македа?
Има далеку подобри од него,ама е паметен потег,зошто?
Зошто таков играч е одличен да изигра 20-30 минути,во двата правци,без замена...
Со Душебаев ќе бидат одличен тандем...зошто двата се различни типови на играчи и ќе се надополнуваат....
Едниот шо нема-другиот има...
Е сега,Манасков?Тотално непотребен(во моментот-но и потребен ако се гледа на долг рок)......зависи од визијата на тренерот како би изгледал тимот...
Иако на долг рок би бил добар влог,сепак Дибиров полека паѓа,сепак крилото не е како голманите и да игра до 40 години....па мора да се мисли на негова замена...
Реално колку и да го кревате во воздух,Дибиров според мене ви е најслаба карика во цела екипа..
Еден куп топки ебава со неговите влезови од никакви агли,да не прајме муабет за "неговиот учинок во одбраната"

Повеќе на циркузант личи во одбрана отколку на дефанизвец...
Дека е голем играч е,дека е во ТОП 10 крила во светот е,ама си има земено преголема слобода во играта,а тоа не е добро за една екипа..
Посебно не е добро кога крило си зема таква слобода да решава мечеви со удари од мртов агол,со некои шутеви
АЛА ХАРЛЕМ ГЛОУБРОТЕРС не е на арно...
Можеби е интересен за публиката,посебно ако влези некој таков шут,ама од аспект на цела екипа таквите егзебиции се многу скапи,посебно во Европа...
Ете лани со Фленсбург колку малку фалеше,еден напад,една топка..
Во Европа нема место за импровизации,не е ова НБА.....
Барем јас лично секогаш повеќе сум ценел крило од калибарот на Аљушот,отколку Дибиров,Абало кои играат двојни/тројни улоги....*шутираат од лев/десен бек,играат плеј итн)..
Задачата на крилото е-контра,полуконтра,да игра добра одбрана,и ако има потреба да се уфрли на втор пикер,се друго е вишок и непотребен ризик...
Околу Манасков...
Далеку е напреднат Манасков од времето,е сега шо е копук,и наместо да си ја гледа работата на терен изиграваше мангуп е друга работа..(се истерал на татко му ова,ако ја нема висината ги има ушите и темпераментот)

Плус вашите дерби мечеви со Металург повеќе личеа на шоуто на Џери Спрингер отколку на мечеви на две професионални екипи,посебно од страната на Металург..
И секогаш мораше некој да предничи во тие дуели и да "дебатира"со публиката-Жути,Манасков,Станиќ,Макало на времето

,испадите на Вујо,кукањата на Левче,заканите кон судиите на Лино....и ред други работи..
Ако го истегнат за уши малку и го средат,се прај јако крило од Манасков....
Плус за разлика од Дибиров кој сака повеќе да симулира овај не форсира толку ..можеби ќе се изглупира некогаш со тие финти при скок-шут,ама е класично крило егзекутор..
Плус во моментот од тие крила шо се на лагер е една од најдобрите опции-млад,има години пред него,и е добра инвестиција...
За разлика од другите (Растворчев,Лацковиќ) шо ги купивте,од овај би требало да видите ќар.зошто е млад а веќе докажан играч..
Страотно брз,знае да води топка,добар техничар,знае да се уфрли на пикер,единствена мала замерка е да го изделкаат во одбрана...
Но на долг рок е капитална инвестиција за било која екипа...