Фан клуб - РК Вардар

Може и Лет ми си е пак на форумов... за тоа и перманентни банови се делат :pipi:
 
Да не си им у кожа на Летмиси и Жаренце.. гадна работа што се случува со тимот ејјј :нинџ::D
 
Told you so. Сами си се џелати одредени играчи :facepalm:
 
По кој основ ние можеме у ЛШ да го кркаме ради Металург ? Што кур иаме ние со нив ?

Нема брат, за џабе се дига таква фама. Многу мали се шансите за такво нешто, посебно со толку силен Вардар кој ужива добра репутација.
 
Нема брат, за џабе се дига таква фама. Многу мали се шансите за такво нешто, посебно со толку силен Вардар кој ужива добра репутација.
Што знам ја да си прашам. Познавајќи какви педерски работи правеле до сега и колкави малери сме нема да ме чуди нешто такво. Од една страна им се ситиме ама од друга кога ќе видиме ќе нема интересно да е со кој да се мајтапиме, ај нека пропаднат овие па нека се дигне Пелистер :D
 
Нема брат, за џабе се дига таква фама. Многу мали се шансите за такво нешто, посебно со толку силен Вардар кој ужива добра репутација.

Не би рекол,ако Металург прекине да игра во ЛШ ќе им се направи огрмен проблем со регуларноста.Они всушност не би го казнувале Вардар туку македонската ракометна федерација.и сите под нејзе.Али шансите за истото се нула во последен случај може Метарлуг да земе 10 деца од школите и да ја заврши сезоната.Само ќе треба да се појавувааат на терен во ЛШ и СЕХА.
 
Милиќ скапо ќе го плати пијанството: Вардар го суспендира и парично ќе го казни!

milic-624x343.jpg


Управата на Вардар реши да го казни голманот Страхиња Милиќ со временска суспензија од еден месец и парична казна поради недоличното однесување во репрезентацијата на Србија, на крајот од минатиот месец. Милиќ бил отстранет од репрезентацијата бидејќи се вратил рано изутрина во хотелот во алкохолизирана состојба, а потоа ракометарот даде изјава и за српските медиуми.

„Во врска со последните случувања во ракометната репрезентацијата на Србија, чиј член беше и голманот Страхиња Милиќ, ракометниот клуб Вардар смета дека однесувањето на нашиот член не е во согласност со спортскиот кодекс, иако тоа се случило надвор од теренот“, се вели во соопштението на клубот.

„Без оглед што се работи за натпревар каде клубот не е вклучен, а бидејќи Милиќ е член на Вардар, сметаме дека со однесувањето истовремено го претставува клубот надвор од Македонија. Почитувајќи ги клупските правилници, Вардар му изрече временска суспензија од еден месец на Милиќ, и парична казна согласно клупските правилници поради ваквото однесување, со надеж дека истата ќе влијае позитивно на негово однесување во иднина, како на негов, така и на другите членови на екипата.

Клубот има разбирање за играчот, но никогаш нема да толерира однесување што е надвор од спортскиот кодекс и што може да донесе негативен публицитет, и на клубот, па и репрезентацијата за која настапува. Сметаме дека токму однесување на спортистите треба да биде пример за идните генерации, и затоа секогаш ќе го подржуваме фер плејот, на терен и надвор од него, се вели во соопштението на клубот.

http://sportmedia.mk/milik-skapo-ke...-vardar-go-suspendira-i-parichno-ke-go-kazni/

Алелуја!!Не е ова некој куртонски клуб па да им простува на сите.Мора малце да се стегне ременот.
И други заслужуваат некаква си казна ама мора од негде да се почне нели :)
 
Абе екипи пропаѓале и пропаѓаат па до сега не сум видел некој да ги казни сите екипи од таа земја. Тоа си е интерен проблем на Металург. Да не треба сега Вардар да им ги исплати играчите за себеси да се спаси од суспензија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom