Фан клуб - РК Вардар

Има објавено термин за замена на ваучерите со пластифицирани билети? Не гледам некаде да има објавено, ама да не ми избегала информацијата.
уште нема :))
 
Оваа година за разлика од лани имаме доста подобар состав,но мислам дека оваа сезона ќе треба дупло повеќе од лани да се помачиме за во најмала рака да го постигнеме резултатот од минатата година.Ако лани основна цел беше да се помине групата и после тоа што даде господ оваа сезона дефинитивно со овој состав основна цел треба да биде пласман во Ф4,а тоа само по себе ќе донесе притисок врз комлетниот тим на Вардар.За разлика од лани оваа година со други очи сите противници ќе го гледаат Вардар затоа што лани само заради тоа што среќата ни го сврте грбот испаднавме на еден доста болен начин од екипата која подоцна стана и европски шампион.Оваа година во тимот имаме екстра квалитетен голман каков што е Арпад Штербик и конечно во тимот имаме бек-шутер кој што има неверојатен удар и може да се најде многу во ситуација кога ќе заглави нападот и кога ќе бидеме под закана од пасивен напад.Во одбрана ќе го имаме Лацковиќ и Растворцев кој што лани беше повреден во клучните утакмици и позади со Абутовиќ мислам дека ќе може да формираат еден кинески ѕид пред Штербик.

Првава гостинска утакмица од ЛШ ќе мора да се добие и со тоа на голема врата да се отвори можноста за Вардар да се пласира на една од првите две позиции.Дома очекувам и оваа година да бидеме несовладлива екипа и од таму бодовите од гостински терен ќе бидат и повеќе од важни.
 
Дечки како ќе оди продажбата на карти за со Чеховски Медведи? Ме интересира дали исто како лани ќе може да се купат низ цела Македонија и кога би требало да почнат да се продаваат?
 
Дечки како ќе оди продажбата на карти за со Чеховски Медведи? Ме интересира дали исто како лани ќе може да се купат низ цела Македонија и кога би требало да почнат да се продаваат?

Пишаа веќе, ако останат поединечни ќе објават сигурно недела пред натпреварот. Ако не ги продадат сите што се блок влезници.
 
Пишаа веќе, ако останат поединечни ќе објават сигурно недела пред натпреварот. Ако не ги продадат сите што се блок влезници.
Значи најсигурна опција ми е да си земам блок влезница за стоење? Пошто секако нема да бидам во можност да одам на сите натпревари, за 500 денари вреди да изгледам 2-3 натпревари, па макар и стоење така? Само на билетара во салата се продаваат?
 
Мислам дека поназад пишаа немало за стоење пошто се тие по мое мислење за Комити. А за продажбата каде е имаш назад страница мислам може и на продажните места на Оне.
 
Значи најсигурна опција ми е да си земам блок влезница за стоење? Пошто секако нема да бидам во можност да одам на сите натпревари, за 500 денари вреди да изгледам 2-3 натпревари, па макар и стоење така? Само на билетара во салата се продаваат?
Влезниците за стоење од 500 денари немам појма кај се продаваат, на мктикетс, ги нема дефинитивно. Што се однесува до блок влезниците, сигурен сум дека нема да се распродадат во целост, но во секој случај, ќе останат само блоковите кои се наоѓаат позади головите за поединечни карти.
 
Сеедно ми е каде се местата, битно да сум во сала :D. Не можам во никој случај да присуствувам на сите 5 утакмици, што поради обврски, што поради трошоци за бензин и карти, па не ми се исплати да земам блок-карти од 1500. Ајде, ваљда нема да се распродадат 800 билети, колку што се останати, за 2 дена :).
 
Прв меч е најтешко да се прогнозира по мене, без разлика на противникот.

На хартија сме во голема мера поквалитетен тим од Целје кој оваа сезона игра со подмладен тим а ние добивме висока класа бек шутер и по многумина најдобриот голман во светот.

Поентата сите што нагласија е да не дозволиме брзи голови да примаме бидејќи се знае дека они ќе играат run'n'gun а со тоа да не форсираат да направиме повеќе грешки за да не казнат.

Треба искусно и смирено да и се пријде на утакмицава и да не им се дозволи они да ја диктираат играта туку ние да си ја играме нашата.

Би требало да победиме, ама единствена работа што ме плаши е тоа што се игра во гости и на почеток на сезона се некако играме во грч па после изгубени битни бодови се освестуваме.
 
Столе и Ангелов останале во Ск, криво ми е за Столе што го третира како трет пикер.
Вечер очекувам ништо помалку од победа, најстариот против најмладиот тим во ЛШ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom