Ајде и јас да пробам да пишам некој ред. Можда ако пишам дека немавме среќа ќе звучи смешно, ама факт е дека немавме среќа. Реално, освен еден период кога и двата тима паднаа со играта, ние игравме каде-каде тактички подобар ракомет. Човече, имавме некои акции што сигурно ќе влезеа во Топ 5 голови во изборот на ЕХФ за разлика од противникот. Од друга страна, голманите речиси и да не функционираа, освен Диви во еден период на второто полувреме. Игор Карачиќ уште на загревањето се жалеше на болки во грбот, физиотерапевтот се обиде да санира нешто, но јасно ко бел ден беше Игор нема да може да изигра ко што знае. Реално, денес не покажа ни 15% од она што го даваше на натпреварите во Лигата на шампиони. Чипурин и Козлина исто така влечат повреди од Фленсбург, што особено се виде кај Чипурин. Ако на тоа ги додадеме повредените Растворцев, Столе и Бели, ќе испадне дека добар дел од тимот ни е повреден. И супер ми е што нигде не кенкаме за тој факт, ко што сите весници беа преполни дека ете Атман ќе го пропуштел дербито.
Денеска Тимур конечно на висина на задачата, иако делуваше згрчено пред да го постигне првиот гол. Прибак, срце јуначко. Му се поклонувам на човеков. Не би го мењал ни за цел Ол стар тим од последното првенство. Немања е прав пример на пожртвуваност, храброст и љубов кон светото име и бои. Ко што кажа Коњаникот, Душебаев конечно изигра вистинска партија против Металург.
Денес бевме релативно слаби во одбрана, во напад бевме слаби на пикер, голманите бранеа во климава форма, фалеа ептен головите на Карачиќ. Сигурен сум дека нема да сме такви малери ова се да ни се повтори и во шталата. А тоа дека ќе плукаат и ќе гаѓаат со предмети знам, само и нашиве играчи не се од вчера за да потпаднат на таквата атмосфера.
И уште еден факт кој не видов дека некој го спомна, релативно малиот број на погодоци. Ако дадеме 25 голови, дури и со пораз од еден разлика сме шампиони. Нормално, воопшто не размислувам во тој правец, но чисто да се знае. Ајде момци, главата горе. Во четврток одиме по титулата![DOUBLEPOST=1399068290][/DOUBLEPOST]
Озбилно бе ова идат фанови на Металург викаат дека не симулирале овие нивниве?

Ало, Миркуловски само се тегнеше и викаше “ќе повраќам“

Срамота еј, срамота. Тој во дуел полупаднат влага, не сакам да замислам што ќе правеше ако ги добиваше ударите што ги добиваше Алекс против Фленс. Ракометот барем не е спорт на манекенчиња и од машки и од женски род.
Сте опфатиле се али не видов дали некој од вас го спомна моментот Малумбрес кога му се пушти на Димовски кој лежеше на земја откако му одбрани

човеков е за воџа жими се.
Се обидов ова да не го прокоментирам. На луѓево им е у крв тоа паѓањето и плачењето. Ради такви лиглиња ко Миркуловски и провокаторон Ванчо, ми се одмиле и репрезентацијата.