Фан клуб - РК Вардар

Аууууу каков провод на трибина, лудницаааааааааааааааааааааааааа. Најпрво со ракометаркиве се подгреа атмосферата, сите се попалија :drk:, после кога влегоа и трубачите се тресеше цела сала! :D
Бонус:
IMG_20140331_210527.jpg
IMG_20140331_231542.jpg
 
Шта речи, коју послуку порати :icon_mrgr:
Огромна прослава :icon_mrgr:

Од фонтана се упативме 4 автобуси кон аеродром, а истотака имаше и огромен број на коли во караванот.
Кога стигнавме на аеродром веќе имаше еден куп луѓе дојдено. Одново бесмислени провокации од џандарите, ни направија кордон кај паркингот и не не пуштаа понатаму. Не даваа ни да го пуштиш негде на мочање ебате :pos:
Имаше саат време натегање. Ќе загрми песна, па тишина, па ќе згрми пак итн.
Еден куп лажни тревоги имаше, еве ги идат, ќе се напалат сите и ништо :D
И кога одеднаш се појавија ракометарите, за експлозија на аеродромот. Какви кордони какви бакрачи бе, се беше пробиено за секунда, и за мене прилично неочекувано, ама сите успеаа да влезат внатре во аеродромот
Е таму беше дрмање, да извадат безбедносни камери којзнае што ќе помислат странциве :pos:
Прибак качен на раменици, сите одат кон Чипурин и му се дерат со фацата од вчера :pos:
Дивиот кога излезе лудница, ДИВИ МАЈСТОРЕ ДИИВИ МАЈСТОРЕ ДИВИ МАЈСТОРЕЕЕЕЕЕЕЕЕ:icon_mrgr:
Играчите распеани колку и нас, ВАРДАРЕ ВАРДАРЕ АЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ООООООООООООО, убедливо најаката навивачка песна која ја пееме :icon_mrgr:
Играчиве растргнати на сите страни. Прибак, Фичо, Чипурин, Диви, Марковиќ, Абутовиќ беа најрасположени за сликање. Другиот дел се повлекоа одма во автобуси.
Се распалија бакљи и стробови, а од надвор згрма ОЈ ВАРДАРЕ :D
Се скандираше "ти си Столе наша икона", по што Столе се растрча во бус за да искочи надвор, доказ дека нема никаква повреда :D
Играчиве извадиле мобилни не снимаат, ние им се пикаме и се сликаме со нив :pos:
Високи биле у пм, Марковиќ една глава бил повисок од мене :eek:
А на Абутовиќ до муда сум му :pos:
Битно си се сликав со Прибак, мислам дека ова ми е прв пат во животов да се сликам со некои играчи.
Бутино ми кидна, се пикна одма во автобус.
Оние двајца кои највеќе се очекуваа ги немаше. Ниту Дибиров ниту Душебаев не беа таму...
Набрзо не товарија во автобусите и се тргна во кордон кон Скопје.
Сам влез во Автокоманда, одма поздрав за комшиките.
МЕТАЛУРГ ЕБИ СЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ :icon_mrgr:
Низ Центар делириум, свирење од сите страни, скандирања на Рекорд, поддршка од сите страни.
Ова народов во Скопје колку е анти спорт, пола Скопје нема идеја дека постојат ракометни тимови во градов :нинџ:
Во сала луѓево не чекаа којзнае колку време.
Од мое друштво беа отидени саат и нешто пред да дојдеме :pos:
Во сала појако навивање одамна немало.
За инает на сите, дека не сме го сакале клубот :icon_mrgr:
Се пееше долго време, додека играчите беа на терен. На химната беше убедливо најако.
Потоа се скандираше играчи па навивачи за на крај Фичо да го земе мегафонот и срамежливо да рече Хамбург, хамбург ауфидерзен, ауфисерзен за општ делириум во салата и скандирање од двете трибини.
На аеродром имаше над 500 луѓе сигурно, во сала повеќе.
Следуваше вртење орце на терен на Ој Вардаре и напад за сликање со сите ракометари :pos:
Карачиќ конечно се испослика со сите, имаше редици за сликање со него, али он само со @bebush сакаше да се слика :icon_lol:

Да ни се множат ваквите прослави, ако ова беше за четврт финале, што ли би се случило ако влеземе во фајнл 4?
Ако освоиме веројатно нема ни да дочекам да прославам :pos:
 
Еден џандар пред да се појават ракометариве ни вика, момци нека искочат ракометарите, нека излезат до железата што беа одма преку уличката од излезот и одете кај нив, за да не буткаме, да не си правите проблеми и ние возраќаме да да, ќе ги почекаме да искочат. Бутовиќ прв го забележавме и кога се нурнавме внатре немаше сила што може да не спречи:D
Дефинитивно пречекот на аеродром ќе биде еден од настаните поврзан со Вардар што ќе го памтам цел живот :) Штета само на Кале не бев, а и таму имало фешти :(

Го пољубив Чипурин, а на Прибак, Токсиќ, Фичо најверојатно им ги истегнав вратните жили рипајќи врз нив :D
 
Имаш Вардар ти нешто што нема никој друг

Прегледај го приврзокот 88334

Гонзалес најзбунето човече во сала дефинитивно:ROFLMAO:, само со мобилниот снима фештата што се дешава, и на крај збунето тргна да напушта со Давис и му улетаа тројца од трибина да го гушкаат да му честитаат и шалче Комити доби, ај Давис насмеан и се снајде али Раул поповлечен и збунет :D

Све започна пред да влезат ракометарите со плех оркестар и пеење на Земјо Македонска, Ој Вардаре, Послушајте патриоти (y)

Еуфорија кога се појави Столе и се симна на теренот. Почна да грми песна и некако највесели ми беа Брумен, Прибак, Абутовиќ мада и сите си беа така развеселени :D

И за крај грмна

HAMBURG, HAMBURG, AUF WIEDERSEHEN, AUF WIEDERSEHEN !! :icon_lol:

И после пак да ги плукаат Комити, магариња едни... луѓе со автостоп отишле до аеродром и во сала се собра народ во ПОНЕДЕЛНИК во 9 саат да ги поздрави.

хахахахах. ме изнасмеа со ова за Раул. Се исплашил од навала . Инаку типот е мноооооогу повлечен. Секоја можна спротивност на Талант Дујшебаев. Во три титули освоени со Сјудад Реал, два пати воопшто не го видовме да прославува, а предпоследниот пат мафна два пати со рацете го подигна пехарот и си отиде, кој знае каде...
 
Пред некој ден пресметував, сезонава досега за утакмици на 5 клуба од СД Вардар (накај 35 отприлика) сум изодел пешки околу 400 километри :icon_mrgr:
Мора да се израдувам на неколку титули годинава и плус пар патики да ми купат :icon_mrgr:
 
Ееее мој Вардаре, што ракија се испи овие 2 дена за тебе џигерот ми знае. :icon_lol:
Пред некој ден пресметував, сезонава досега за утакмици на 5 клуба од СД Вардар (накај 35 отприлика) сум изодел пешки околу 400 километри :icon_mrgr:
Мора да се израдувам на неколку титули годинава и плус пар патики да ми купат :icon_mrgr:
Барај му на Марковиќ. Прехлани кога ја загубивме титулата на Кале од педерите, му ги поклони патиките на еден од наша трибина :pos:
 
Пред некој ден пресметував, сезонава досега за утакмици на 5 клуба од СД Вардар (накај 35 отприлика) сум изодел пешки околу 400 километри :icon_mrgr:
Мора да се израдувам на неколку титули годинава и плус пар патики да ми купат :icon_mrgr:
За тебе Вардаре пеш до Сибир малку е :icon_mrgr:
 
И чекам слики од пречекот, многу слики.

Ги исчитав сите наслови за нас денес посветени, да се наежи човек, морници ми минеа низ телово, колку е добро да читаш такво нешто. И денес се чувствував фино во мојата околина и фини муабети имав од типот: Дома ве тепавме бе шампиони!!! Кои шампиони сте бе вие, со 13 души у публика ќе браните титула :D

И благодарение на @Crazy in Love песнава од глава не ми испадна, цел ден ми се врти Ко би реко :D

Од сега во кафана само ќе си ја пејам онака како што ја напишав.
Ко би реко чуда да се десе, тај Вардар шампиони да разнесе.
За мене не постои повеќе друга верзија!:pipi:
 
Мислам дека ова денес беше повеќе од доволно за да се покаже по којзнае кој пат дека Вардар не е Вардар без Комити. Управо, свести се, со Комити до европска титула! Никој како тебе друг!!!!
 
ние сме во Tactic corner ова издание. добра е анализата, ама на почетокот токму таа акција на Хамбург три пати помина или подобро кажано имавме три пропусти во одбраната. Сепак сјајна стратегија на Раул, одлично прочитал се.

Инаку неверојатно , голот на Алекс не е ни во пет најдобри...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom