Фан клуб - РК Вардар

Со кола тргнато со уште 4-ца другари собравме кој колку имаше денари за гориво и тргнавме. По автопат само гледаш коли обоени со црвено-црни шалчиња и знамиња сите итаат кон аеродром.
Стигнато на време и се собираме околу толпата која неизмерно ги чекаше хероите. Додека чекавме имаше неколку интересни случки.
Прво, на неколкупати излегуваа јаки девојки од пат вратени стегнати сите, сите ко млади мајмуни ООООООООО :pos:една имаше јака мифлица морам да признаам. Втора работа дремеме и поминува згодна џандарка стегната ќе и пукнат панталоните и тука сите коменитраме и џандарот што беше на тревникот откачен тип, вика: еее дечки сите ја мањачиме, плус командир женско не команда:pos:, и алал нека вие, прееска за џабе дремевме кога дојде металург никој немаше:D
Најважното, доаѓаат хероите, иако ни беше замолено да ги чекаме на тревникот џабе не можеш да издриш и на јуриш да влзеше внатре.
Тој што беше таму знае какво посебно чувство беше тоа кога влеговме кога со играчите се испоздравивме кога заепавме сите во еден глас: Ајде ајдеее Вардареее и ред други песни.... Се наежив и тогаш и сега додека го пишувам ова. Се гледа дека тимот ја имаа таа потребна хемија прво меѓу нив, но и со нас навивачите.
Карванот помина одлично не знам колкава колона бевме не се броевме. Свирката ја откорнав кога поминавме во темната страна на градот. На Кале беше врвот од целата вечер поздравени сите играчи и стручниот штав, Фичо најјак со Хамбург Хамбург Ауфидерзен.
Фала ви на се Вардарци, но главното допрва доаѓа. Ова нека ви биде ветер во грб храбро, со срце изгинете за светиот дрес, Знаете дека има некој позади вас.
 
Ајде пошто темава е активна, да изрекламирам малце кошарка.

Во петок во Кале од 18 часот КК Вардар игра МНОГУ ВАЖЕН меч за опстанок со КК Фени.

Би ве замолил да дојдете на помош, за да се даде добра поддршка. Слободно кој сака да дојде, нека ме контактира :icon_mrgr:

Не е баш веројатно. да не си помешал нешто? Во петок играат Македонија и Италија во Кале ракомет до 20 години. Така да сите на ракомет... од 19.00
 
И ја бев , прекрасно чуство :) ... Само да ја потсетам управата каде беа сега тие 5,000 обични фанови да го прослават пласманот , или тие само на дерби им идат а нас лични ни бараат ..
Докажавме како се сака највеќе клубот , сите ракометари сонуваат за вакви навивачи , Вардар ја има среќата да ги има Комити ...
 
Ајде пошто темава е активна, да изрекламирам малце кошарка.

Во петок во Кале од 18 часот КК Вардар игра МНОГУ ВАЖЕН меч за опстанок со КК Фени.

Би ве замолил да дојдете на помош, за да се даде добра поддршка. Слободно кој сака да дојде, нека ме контактира :icon_mrgr:
Јас може? :свиркам:
 
Ти обавезно доаѓаш, ако треба врски да фаќаме да ја наместиме, тебе ќе те пуштам да преговараш :icon_lol:[DOUBLEPOST=1396308163][/DOUBLEPOST]
Не е баш веројатно. да не си помешал нешто? Во петок играат Македонија и Италија во Кале ракомет до 20 години. Така да сите на ракомет... од 19.00
КК Вардар игра во малата сала Кале :)
 
Ти обавезно доаѓаш, ако треба врски да фаќаме да ја наместиме, тебе ќе те пуштам да преговараш :icon_lol:

Не заборави нас обичните смртници од секташката организација за делење црвенки на форумов во минатото.Отвори тоа сундачето,бар преку пораки да видам дали си жив, не вака си се затворил ко невеста пред свадба.
 
Има некој тука присутен во горниот менаџмент за да каже како е сега политиката на Комити? Ќе се оди на утакмица за четврт финале ако бараат лични карти или нема?
 
Има некој тука присутен во горниот менаџмент за да каже како е сега политиката на Комити? Ќе се оди на утакмица за четврт финале ако бараат лични карти или нема?

Додека бараат лични карти нема да се оди сигурно...
 
Има некој тука присутен во горниот менаџмент за да каже како е сега политиката на Комити? Ќе се оди на утакмица за четврт финале ако бараат лични карти или нема?
http://rkvardar.mk/mk/news/vardar/1054-2014-03-31-20-24-56
Ова треба да биде дополнителен мотив и за нашите навивачи и симпатизари да го почитуваат законот, да покажат достојно спортско навивање како што доликува на еден клуб, кој е помеѓу најдобрите 8 во најелитното европско натпреварување - Лигата на шампиони.

Ставот на управате е ист = ставот на Комити е ист и верувам дека за да ги има Комити на трибини треба да попуштат овие првите.
 
Го чекавме @Коњаникот Сабја едно саат ипол сигурно, на секои 20минути повици "до кај сте, стигнаа ли, кога ќе тргате навака" , скренавме и не можевме веќе да чекаме па се упативме во Кале а таму плех оркестар, за мерак :D. Фаците на Вардарци а особено таа на Гонзалес беа прајслес :pos:. Атмосферата беше врв, се изнапеавме за сите пари а после јуриш на сликање. Живеам за ваквите моменти!
А, и се сликав со Карачиќ, ме баци и ме гушна, уште растам ко квасец :love:.
@blue ladybug го поздравив Столе од твое име :X3:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom