Брат, ја играше ли барем у кладилница дека ќе изгубиме десет разлика?
Инаку, за играта што да се дискутира, дебакл. Дури сега се виде колку ни фали Растворцев во одбраната. А и Душебаев во нападот. Сабја, викаш дека Душебаев нема да се снашол против играта која ја игра ПСЖ. Да те потсетам дека на натпреварот во Скопје даде 5 од 24 голови кои ги даде Вардар. Од друга страна, тоа не го порекнува фактот дека очајно ни треба бек шутер. Се надевам дека следната сезона покрај Горбок, ќе добиеме уште еден.
Двете лоши додавања во контра, неколкуте зицери, тоа не кошташе многу. Особено што се случија во моментите кога се кршеше резултатот. Дибиров, како и против Тун, далеку под своето ниво. Да се надеваме дека ќе се врати во форма до дуелите за шампионската титула. Голманите очајни. Единствени на ниво беа Карачиќ и Прибак.
Судиите гледам никој не ги спомнал, иако сметам дека беа благо наклонети кон домаќинот. Не дека не изгореа со одлуките, ама суптилно во ситуации каде што беше ни едно - ни друго, секогаш пресекуваа на страната на Французите.
А да, за осминафиналето, прилично сеедно ми е со кој ќе се паднеме. Јасно е дека немаме шанси.