Фан клуб - РК Вардар

Тоа е тоа.... Изгоревме у желбата.
5-1 одбраната воопшто не функционираше. Нападот само на моменти добар. Ги немаше оние уиграни акции од претходните натпревари, пенали се изнапромашивме пак, неколку контри лошо изиграни, ефтино продадени топки.... У второ посебно сме катастрофа.... Премногу топки ни пресекоа кога подававме на пикер. Ни ја прочитаа играта во напад и затоа е оваков резултатот. Тој идиотот Мелич да не се изнапромаши контри уште повеќе ќе губевме... Едина светла точка ни се Карачич и до негде Прибак. Се изгубија сите други...
Али добро, у вторник сите на Кале, заслужуваат подршка момциве. Колку и да не се уиграни, колку и да изгледаат лошо, ПСЖ е составен од одлични поединци така да не треба да се свати толку трагично поразов.

п.с Цитро можеш да здивнеш, нема да треба да се крстиш. :)
 
Според моменталната форма, Веспрем не се баш непобедливи, за разлика од швабите.
Веспрем отидоа не комплетни во украјна, и играа релаксирано, затоа и изгубија.
 
Шо знам по мене можда Веспрем е најдобра опција....

Настрана од тоа што се распадна концепцијата...

Во почеток на второто полувреме се примети нашата најголема слабост кога ПСЖ постави цврста 6-0 одбрана а тоа е немање на бек шутер да ја разбие зоната со шут од дистанца. Во однос на тоа, освен Горбок мислам дека би било одлично да се донесе и уште еден таков солиден бек шутер.

Исто така се гледа и слабоста во немање на добар и стабилен голман кој уште од почеток ќе ги отпише играчите на противничкиот тим.

Тоа е тоа. Многу слаба партија на Вардар и исто така му дозволија на ПСЖ да се разигра во најдобро светло плус нивниот голман имаше добар ден и тоа е тоа.

Ајде ваши желби од Веспрем, Хамбург и Кил.
 
За мене едни од швабиве, ма кој сака нека ни се падне исто ни е, ако играат како денес и од тун ќе изгубиме, ако играат како што знаат, ќе имаме барем минимална надеж дека може да направиме чудо.
 
Зона 6-0,со неколку двометраши не се разбива вака, никако со ваква игра во напад..
Со влезови на 6 метри еден на еден,или некои рандом топки до крило или пикер тешко поминува...
Иако Вардар даде еден куп лесни голови денес,требаше да игра тактика ала Металург,на бавни напади,вака само се уловија во стапицата....
Ви фалат очајно шутери,имате премногу техничари,индивидуалци,немате разбивачи..
Не знам зошто не играше Лазаров?
Голема грешка беше шо Бели излезе толку рано,во 40 минута и не влезе,а со Брумен на десен бек се отсече цела десна страна..
Колку толку Бели има сила,корпулентен е,има шут,барем ќе излегуваа посериозно на него,вака се отсече цела страна за џабе...
Можеби со Тун,Прешов ќе личи на нешто нападот,но против посериозна одбрана тешко...не дека ПСЖ е познат како некој јак дефанизвен тим,напротив кој стигна им бапна по 30 гола,но ете им се потрефи денес...
Тотално индиспониран беше Брумен денес,непрепознатлив..
Аноне е просечен голман,но ете имаше ден,фати доста топки,рака на срце голем дел од ударите беа во најмала рака(несериозни)посебно првите два пенали...
Од друга страна одбрана 5-1,против бавни играчи како Копљар па и Хансен не е некое решение,посебно ако тој истурен човек не игра фластер...
Вака Дибиров беше тотално отсечен во одбрана,ниту запираше напади,ниту блокираше влезови,ниту бранеше простор,тотално промашување...
Со најмала финта со тело на било кој од бековите правеа вишок,нешто шо не смее да се дозволи...
Многу ви фали Растоврчев,разликата во одбрана меѓу него и Козлина е во класи....
Со само еден дефанзивец кој е подвижен тешко се игра...
Кога ПСЖ играше со побавна постава со Копљар во напад личеше на нешто одбрната,кога влегоа Халгримсон и Гарсија се виде разликата,брзи играчи,непредвидливи тука беше разликата...
 
Вардар со новиов тренер изгуби 10 гола разлика од ПСЖ, одма отказ да му се даде!
 
Како што кажав и претходно, мечевите со Динамо и Тун воопшто не се никакво мерило за квалитет, а нкакванадеж некако добив по победата над татран во СЕХА лига на нивни терен.
Но сепак, тоа е проклетството на Македонските екипи. Кога ќе имаат шанса за добра позиција во групата, нема да ја искористат. Толку лошо полувреме од ПСЖ и да баравме немаше да добиеме.
Не го искористивме тоа со очајна реализација и тоа е тоа.
Игравме добро, но и таквата игра не вродуваше соп плод. Гонзалес оправдано смени тактика, но ноормално екипи како ПСЖ не можат вечно да играат лошо, па ни го кажаа вицот во вториот дел.
Нормално дека шансата за подобар пласман не беше ова гостување. Тоа што го зборев минатата недела се потврди и сега, дека живи ќе се јадеме заради последните 10-тина минути од мечот со Металург кога си го игравме курот. Тоа што како мртовци го игравме крајот со Динамо на гости, што моравме да ја добиеме Барса во Скопје откако влеговме со предност во финишот итн...
Мада јас би бил скептик и во дуелите со второпласираните од другите групи.

Доказ зошто не треба да летаме во облаци. Сега верувате дека требаше да пазариме на позиција бекови и дека тоа ќе ни биде огромен проблем за до крајот на сезоната?
И Металург има ваква шугава одбрана, со високи играчи, па моравме да земеме бекови шутери за да ги пробиеме.
Ниту Душебаев нема да сдонесе нешто ново, пошто ниту он не знае да игра против такви тимови.
Остѕануваат да се изиграат уште два меча со страшна екипа, во кои се надевам нема да заработиме некои повреди.
Мислам дека е јасно дека немаме никаква шанса во тие дуели. Бар нека ни падне Германска екипа, и онака секогаш со нив се паѓаме, бар да запазиме традиција. Кил е мојата желба со надеж. Добро е што првиот меч го играме дома, пошто кај и да гостуваме ќе изгубиме ко магариња и дома нема да има никаква еуфорија. Вака ќе подгреваме некоја надеж,ќе се наполни салата и што биде нека биде.

Од идна година повеќе, за годинава горе-доле тие се можностите. Мада ќе повторам, не очекува пеколна битка во првенството за титулата, па настапот во ЛШ за идна година не ни е загарантиран...
 
Веспрем е најдобра опција според мене, иако и против нив тешко ќе биде доста..нападот е доста лимитиран 10 минути без гол и без шутери освен Петрич нема кој друг да шутне. Незнам Лазаров зошто денес не доби шанса? го видов на клупа и очекував да игра. Па Абутович подобро играше одколку Прибак на таа позиција и даде некој гол после тоа пак по подолга пауза го врати во игра.
Прво полувреме добро со неколку грешки и промашените пенали, башка и судиите имаа неколку грешки (фаул над Дибиров од Абало имаше чист како солза).
 
Веспрем отидоа не комплетни во украјна, и играа релаксирано, затоа и изгубија.

Не е форма само еден меч, мислев на нивната игра по паузата за ЕП. Не е тој Веспрем кој беше најубедлив од цела Европа на почетокот на сезонава. Сепак мислев дека се играат за 2 недели утакмиците, а тие уствари се играле по дури месец дена. Како и да е, од сите овие три, Веспрем е најпожелниот, со швабите мислам дека нема ама апсолутно никакви шанси.
 
После диазепамчето полесно се пишува. Ах мој Вардаре..... Реално и објективно не треснаа од земја, но и подобро оти реално летнавме во облаци, освестување на време. Лоша игра во нападот, одбраната посебно беше најслабиот дел денес, избрзани шутеви, 12-13 технички грешки, недисциплина, лоша тактика од Раул се собра се денеска.
Како за прва сезона е успехот што влеговме во топ 16 и треба да сме задоволни. Следуваат натпревари од 1/8 финале кои може да ги играме со ХСВ, Веспрем или Кил ќе видиме во вторник. Се на се сезоната се сведува на натпреварите со металург.
Следната сезона со нови играчи особено бекови, ГОЛМАН, ќе може да атакуваме на повисок пласман во ЛШ.
 
Mnogu losa odbrana, premnogu... Kozlika ke go izdvojam mn slab denes. Znaev deka ako pravime bez vezni greski nema da pobedime. Kontra da nemozes da naprais pa i zicer da utnes i dva penala da ne dades, ne biva taka protiv PSG. Zborite kolku sakate sepak imaat KLASA igraci.

Raul ja utna taktikata denes u odbrana plus i ova predhodno so go kazav toa e toa... tesko podnesuvam porazi pogotovo vakov so 10 razlika

Veke od utre nov den treba da se razmisluva za prvenstvoto i kupot sto mislam deka ke gi osvoime
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom