Фан клуб - РК Вардар

Како бе бековската линија ни е горе-доле изедначена :pos::pos::pos:
Прво и основно ние НЕМАМЕ ЛЕВ БЕК за во напад. И оној Хрватон што го донесоа е подобра напаѓачка опција од нашите леви бекови.
Значи немаме кој да шутне од лева страна. Освен ако Абутовиќ преку ноќ не научи да игра во напад.
Од пикер сезонава не се изнаигравме којзнае колку (освен Чипурин кој сам ја сврте со ПСЖ, друга опиплива игра од пикер сме немале). Кога Тоскиќ ни е прва опција за пикер, сфаќаме колку е саатот.
Столе не се снаоѓа во нашата концепција на игра. Прави простор за удар, но нема кој да шутне.
Карачиќ е бек во најава, па тешко нас ако очекуваме од него да не донесе до титула.
КРИЛАТА НЕ МОЖАТ ДА ГО РЕШАТ МЕЧОТ, БЕКОВИТЕ МОЖАТ.
Па и нивната внатрешна линија не е толку наивна. Може нашата е класа подобра, но ништо од тоа нема да видиме ако немаме расположени бекови.
Да не збориме каква разлика има на голманска позиција :)
Душебав против таков тип на екипи не се снаоѓа баш. Катастрофа беше на сите мечеви со Металург. Повеќе придонес имаше Вукашин Рајковиќ во дуелите со Металург отколку Алекс. Не му одговараат на него такви екипи, со високи одбранбени играчи што го кинат уште пред да фати залет.
Да се надеваме дека Лино ќе им ја посере сезоната како лани и ќе им се повредат пола играчи, иначе може да ја сонуваме тиулата.
Поубеден бев пред 2 сезони дека ќе освоиме, отколку годинава :icon_mrgr:
Ајде првиот меч годинава што го одигравме срање и против нивниот втор тим одвај извадивме бод, вториот меч бевме брилијантни, за во третиот да доживееме фијаско и да сфатиме колку е важна улогата на голманот. Највеќе ме уплаши четвртиот меч во СЕХА лига кога буквално не растртеа...
Ние ништо не сменивме од тогаш, они го донесоа и Циндриќ како засилување. Плус ќе кажам Миркуловски е во страшна форма, сам да игр ќе не победи.
 
Ај бе па ти што го направи Миркуловски, бек од светска класа :pos:
Шо зборите уште од сега незнам, 300 работи може да се сменат до мај месец...
 
Ние ништо не сменивме од тогаш, они го донесоа и Циндриќ како засилување. Плус ќе кажам Миркуловски е во страшна форма, сам да игр ќе не победи.

E како ништо не сменивме ? Тренерот го забораваш. Сите мечеви против нив ги игравме малтене без тренер, а сега имаме едно суперквалитетно тренерско име. Нејсе ти и онака секогаш си песимист така да џабе збориме на темава:icon_lol:
 
А што е проблемот со Дибиров? Ќе објасни некој ?
 
Треба да си тежок малоумник да го гаѓаш со паричка најдоброто крило во свет кој остава душа на терен секој натпревар. Поединци рушат имиџ и на групата и на тимот...
 
Абе тој првиот шо го мавна, после се сликаше со него, изглеа и овој сака слика со Дибиров. :icon_lol: Што би рекол Иван Ивановиќ, „Немојте да се завијете у снег да би се сликали са Нолетом“. :D
 
Наводно, им се заканил на соиграчите дека ќе ја дигне салата во воздух доколку не победат...

Не верувам у тие шпекулации, јас чув дека му рекле или да се покрсти или секоја утакмица ќе го гаѓаат со парички.
Еве, изглеа одбил да се покрсти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom