Фан клуб - РК Вардар

Конечно на Алекс ќе може некој да му објасни што да се игра без преведувач или со мимики :D

Лоша страна е што променава се случува малце во незгоден период, пред многу битна утакмица али ајде ќе видиме.. што биде нека биде.

Доколку Душебаев доаѓа очекувам од следната полусезона да го извади најдоброто од тимов што за мене е сосема во ред за да се достигне највисокото ниво во моментот кога ќе се игра плеј оф за домашна титула што е многу важно.

Посебно на тимов ако му се придружи Диниџер што е многу веројатно тогаш стариов ќе може да работи со два суперталенти на бековскиве позиции и со Карачиќ и Прибак на среден бек.

Да почекаме само да се потврди официјално кој ќе биде тренер.
 
Прочитав дека за нас е 50 денари, да се собереле пари да се одржел сајтот на Комити :)
Да да сега е донесена одлуката...
Сајтот веќе еден ден ни е вон употреба, и затоа тешко се пренесуваат информацииве :icon_mrgr:
 
Баш така, да почекаме да биде и официјално..Јас и не му ја мислам толку многу како ќе реагира тимот на оваа промена..Со Душебаев сигурно дека за еден месец ќе бидеме барем на истото ниво што бевме до сега со Кастратовиќ..Со Нексе ни Кастратовиќ не ни беше гаранција за победа, напротив можност за преуморување на Дибиров,Брумен и некои од останатите важни играчи, така мислам дека дури можеме да добиеме на ова поле, ако треба тимот да трпи овој период, нека трпи за Душебаев се исплати..ПСЖ секако влегуваат во натпреварот како фаворити, евентуален пораз сигурно нема да го земеме како разочарување, а и за Кастратовиќ знаеме колку може повторно да изненади...Така да можеби ќе ја претрпиме оваа промена во следниов период но затоа добиваме екстра тренер и ГОЛЕМ плус за најважното според мене одбрана на титулата! Со Кастратовиќ и не бев до толку сигурен како сега дека ќе ја одбраниме, останува да видиме, за мене ова е главна цел..СЕХА лига, би требало да стигнеме до Ф4, и ако стигнеме би било убаво да се обидеме и да ја освиме лигава, но не е приоритет, за во ЛШ немам големи апетити сезонава, 1/8 финале за мене е сосема задоволително, се друго е успех за новиов тим, очекувам повеќе за следната сезона, оваа сезона да ја одбраниме титулата во нашето првенство..И уште нешто, пресреќен би бил и многу повеќе би ми било драго, да го задржиме овој тим, тренерот, играчите, поготово младите..Ако клубот има солиден буџет, подобро да се понудат нови договори со зголемена плата, пред се за Душебаев,Карачиќ и ако се донесе уште некој нов талент, наместо да бараме екстра засилувања..Верувам во Вардарци дека како што минува времето ќе оди на се подобро и подобро, само вака да продолжиме и пред се да го зачуваме ова што го имаме во моментов зошто уште не сме свесни колку вреди, само се чека кога ќе проработи оваа машинерија која многумина ја потценуваат :sneaky:
 
Душебаев ќе дошол утре за да го гледа син му...
Wait a minute... :icon_mrgr:

Ајде нека се официјализира, да не кукаме на крај како Каменица ни е нов тренер или некој од типот на Шундо :icon_mrgr:
Според мене смена во прав момент. Имаше шанса да се поправи Зоки, ама баш на мечот со Воша се видоа истите слабости. Катастрофална одбрана и 60 минути игра на истите ракометари (сосема непотребно).
На крај краева да беше слободен Талант во периодот кога баравме тренер сигурно ќе ни беше прв избор, така да само се чекаше причина за Зоки да биде тргнат.
 
„Финтата“ е, ко што пишува и у колумната на Балкан-Хендбал дека се шушка за можен отказ кај ПСЖ при евентуален неуспех со Вардар, па ваљда на Русов му е страв да не му го грабнат Душебаев. Како и да е, 97% он е нов тренер на Вардар. Само да не се деси ко со шпекулациите за Кире кој исто дојде па... ма да тоа беше по science fiction. :)
 
Душебаев беше играчиште а и после пензионирањето се докажа дека го бива и како менаџаер.Едно време сакав и на аватар да го носам :D Ќе добие на квалитет Македонската лига со негово донесување.
 
Душебаев беше играчиште а и после пензионирањето се докажа дека го бива и како менаџаер.Едно време сакав и на аватар да го носам :D Ќе добие на квалитет Македонската лига со негово донесување.



Кај го памтиш ти Душебаев како играчиште, м'дава?
 
Кај го памтиш ти Душебаев како играчиште, м'дава?

Последните години за Шпанска репрезнетација му ги гледав. Чинам беше на Олимпијадата кога играа Шпанците ми фати око што како најстар во репрезентацијата беше еден од најдобрите кај нив и од тогаш ми остана во меморија :)
 
Последните години за Шпанска репрезнетација му ги гледав. Чинам беше на Олимпијадата кога играа Шпанците ми фати око што како најстар во репрезентацијата беше еден од најдобрите кај нив и од тогаш ми остана во меморија :)



Лажи некој друг. Пластичен еден. Навиваш за Металург, за Челзи, нема причина за да ти верувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom