Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сила е Доне, не дај Боже да згрешиме им вика![]()

Сила е Доне, не дај Боже да згрешиме им вика![]()
еднаш и сељаците ги грабна
И Фичо знаел да игра кога Раствроцев изгледа како зарѓан тенкЗначи знаеле и Раковиќ и Марковиќ да играат, ама требало некој да ги стави во игра.
... враќајте се и се браниме како знаеме![]()

Колку пасови преку него само поминаа за на пикер, крило, бек. Одлично на време и на право место ги дава. И тој мора да се користи повеќе бидејќи е одличен плеј.

Прво за Нексе...
алал им вера на дечките, максимум од тоа што имаат на располагање, организирано на ниво, тренерот исто така слушнав имал фантастични тајм-аути. Добар ракомет играат, модерен и брз со вкрстувања и пасови и правење на многу позиции за шут. Се гледа дека ја имаат хрватската школа и чувство за ракомет. Како шлаг на тоа којзнае колку одбрани имаше голманот (сигурно над 15).
Кај нас.
Голманите (Даскаловски и Малумбрес)мислам дека имавме некои 6-7 одбрани се на се, премногу слабо е тоа, мора над 10 одбрани да се. Одбраната исто така слабо. На моменти кога ќе изиграше како што треба а не како швајцарско сирење одма губеа топка овие со пасивен, али тие моменти беа ретки.
Имаше нешто и во брзата организирана игра во напад на Нексе али не е изговор за вака лесно пробојна одбрана.
Филип солидна игра даде денес, исто така и Столе на почетокот одличен. Мора да се игра Столе повеќе во комбинација со Прибак, Едноставно мора. Крилата исто така солидни, неколку промашени али севкупно многу добри беа. Едино Чипурин ме разочара со неколку зицери промашени(мада Лекиќ беше во елемент денес).
Прибак денесКолку пасови преку него само поминаа за на пикер, крило, бек. Одлично на време и на право место ги дава. И тој мора да се користи повеќе бидејќи е одличен плеј.
Се на се многу добра утакмица за нас денес пред ПСЖ посебно што игравме со комбинирана постава повеќе ротирања и измени![]()

Еј, да.. ќе заборавев... многу јак момент кога отпоздравуваа играчите па кога заедно со Комити ја испеаа: Напред Вардар, Вардар шампион, напред Вардар леалеееееее...![]()

Па како сакаш бе баце да ја одбраниш 



Ќе ја фрли во пад и ќе погоди хахаха




Раковиќ ги отвори денес посебно во прво полувреме, одлична реализација, имаше и една украдена топка, секоја чест..Јовчевски доби шанса, ама слабо се покажа мада немаше ни многу можност за докажување...Душебаев на ниво, а и според мене не се замараше премногу..Прибак одлични пасови, солидна игра, уште еднаш покажа како знае да ја води играта, само не сфатив што му беше во претпоследниот напад..
тројца наши играчи напред, наместо сигурна реализација, наместо да ја земе топката и да им ја додаде, овој како да му паднала 5 денарка..
Ајде во последниот напад, добро постапи, бидејќи ако промашевме во контрата, а промашивме доста пати, ќе им дадевме уште една добра можност на Хрватите..Фичо уште еднаш покажа дека може да изигра на ниво на натпревари од ваков тип, а оваа сезона во ЛШ веројатно ќе ја има најголемата минутажа со маркер..
Е голманите...Даскаловски
ми се чини дека вторион голман на Ловќен што го утепавме од заебавање Кајгана екипата дека е 2 класи подобар..
Овој циркузантот исто така ништо посебно..Сепак за наша среќа не заврши мечот трагично и покрај тоа што после промашувањата на крајот мислев дека повторно ќе ја зезнеме уткамицава..Добро загревање со ПСЖ, одлична е атмосферата за со ПСЖ, на крајот славење со играчите, заедно испеавме една песна уште еднаш потврда колку сме поврзани целиот тим и навивачите, како една фамилија сме сите заедно, ВАРДАР ТОА СМЕ НИЕ! На трибина солидно навивање 60 минути, за тие што бевме и што сме скоро на сите утакмици, како и на секоја утакмица без глас си останавме, нерви си губевме, се радувавме на головите како ненормални и то..
... дали на Терзич денес му беше прва утакмица или грешка сум??? и дали воопшто влезе (зошто не приметив да игра) ???Не влезе во игра, но на полувреме се загреваше.Не сум во тек малце... дали на Терзич денес му беше прва утакмица или грешка сум??? и дали воопшто влезе (зошто не приметив да игра) ???
атмосфера топ досега можда и најдобра, ми се сфиѓа тоа што има константна бројка на ракомет и се зголемува од утакмица на утакмица...

Дали некаде мојт да се најт видео од ова зш на мтв не го даваја туку си дадоја хајлајтс??
Тоа не можам да ти го кажам.Ништо не е потврдено, што треба да пишуваме
Нека стане официјално, за да не му шиеме капа на нероден Петко
За очекувањата имаш еден куп постови на претхосдните страни...
И за Талант и за очекуваното доаѓање на Дисинџер.
blue ladybug Имаше инфо од некои популарни наши профили на ФБ блиски до РК Вардар дека и Талант и Вујо ќе биле денес во сала. За Вујо се потврди дека е шпекулација само, за Талант немам ништо прочитано. Од каде инфото дека ќе дошол во петок?
Важно информација од прва рака е. 