Во последниве месеци имам некои проблеми со срцето, и воопшто не трпам гужви, така да за мене ова беше и повеќе од обичен меч, туку и борба за преживување

Уште на фудбал почна да ми се темни, ако се земе во предвид и дека рано бев станат и скоро ништо не бев јаден.
Кснавме некои благи работи во меѓувреме и се уптивме кон Кале.
Купив и крем банана но на крајот решив да не ја изедам, па ќе си ја чувам како спомен на овој ден

Не знаев што е поарно, да одам саат време пред утакмица во сала за да фатам место и да се гушам како што ќе се полни или да влезам на крај. Ја одбравме првата опција, и ЗГРЕШИВ

Саат време пред мечот салата веќе беше полна колку што има столчиња, а надвор имаше цели колони од навивачи, а допрва се очекуваше да дојдат и остатокот од фудбал

Не може да се опише што се случуваше внатре.
Саат време пред мечот а веќе грми И НИКОЈ КАКО ТЕБЕ ДРУГ, НЕ ГО ЕБЕ МЕТАЛУРГ...

Како и што се сомневав беше направена грешка што пред нас имаше влезено и некои обични фанови, кои многу подобро ќе беше да беа на спротивна трибина. Ептен крши филм кога некој меѓу тебе не пее цело време а седи во навивачка трибина.
На 40-тина минути пред почеток на мечот, почна да ми се врти и да ми се темни пред очи

Си викам ваљда нема да скинам конци за најглавното у пм

Одам до ВЦ, да пијам вода, и кога искачам гледам нема веќе назад. Трибината ПРЕПОЛНА, на едно столе по 3-ца стоеа. А надвор минимум уште 300 луѓе имаше. И специјалциве упорно гураат, качувајте се на трибина, не смее да има никој овде. Се натегав така пола саат, се качив горе,. ама ми се слоши и морав да се симнам. На трибината ако собира 1 000 луѓе, гарантирам дека имаше 3 000

Нешто невидено!
Надвор едно 100-тина души воопшто не влегоа и си отидоа дома.
Ги дочекавме и фудбалерите во еуфорија.
Ечи ШАМПИОНЕ ШАМПИОНЕ АЛЕ АЛЕ АЛЕ АЛЕЕЕЕ ВАРДАРЕ....
И тука уште толку ми се слоши и веќе немав избор, морав да искочам.
А кога искочив, НАЗАД ВРАЌАЊЕ НЕМА...
Бев во дилема, што да правам. Одам од другата страна на истата трибина, ситуацијата потполно иста.
Мечот почна, а јас надвор. Отидов на кеј и дремев како мисир некои 5 минути

Си викам ќе ти ебам мамата, ќе стегнам заби и ќе издржам. Немав избор, морав да одам на спротивната трибина. И таму ситуацијата беше иста...
Да биде ситуацијата посмешна не ме пуштаа да влезам

Мани ми се му викам на тој, утакмица немам утнато, нема да ме пушташ тука...
Влегов во 10-та минута, а стоев позади знамињата, пошто не можеше да се дојде до трибината.
Вардар водеше 7-4.
Во сала немаше ВОЗДУХ.
Буквално се гушев, да бев на нашата трибина сигурно ќе умрев

Педерите одеа на прекин. Скокаа цело време и се случи тоа што се случи.
Сосема непотребен циркуз, кој мораше да заврши со интервенција на специјалците...
На крај Вујо искочи крив како и секогаш

Не издржа нашиот херој, по осдлуката на судијата непотребно влезе во кавга и доби црвен. Вујо не би бил она што е, ако не го истрча кругот низ сала за да се поздрави со сите наши фанови од првите редови

Не успеаа во намерата, публиката остана присебна. Не сме ние педерчиња да тепаме обична публика на противникот или да гаѓаме со палици по играчи

Вардар гази, остана уште едно полувреме до долго очекуваниот момент.
Конечно најдов место на спротивната трибина. Во долните редови што да видам, цела моја населба. Урлаат ли урлаат тоа старците, плус засилени со некои помлади, како и стандардната екипа од другарите на Столе

Ја забележувам другарка ми што навива за металург во нивниот дел. И се јавувам и ми вика, само едно можам да ви признаам АЛАЛ ДА ВИ Е НА КОМИТИВЕ КАКО НАВИВАТЕ СО СРЦЕ

Али во второ полувреме ќе ве тепаме ми вика

Почнува второ полувреме. Металург остана и без Миркуловски. Дека глумеа многу фраери на претходните мечеви останаа без пола екипа, георгиевски се повреди, Козлина, а не беше скроз зазсдравен ни Мојсо.
Ги одржуваше Димовски. Колку клетви му фрлив во вториот дел ауууу

Никој од пред малите екрани нема забележано ама гостите рипаа после 5 секунди од нападите на Вардар барајќи пасивен напад. Гревот скокаше, заедно со тоа залижаното тренерче, Петровски...
Ги изгубија сите адути, Станиќ не можеше да одбрани ништо, Миркуловски доби црвен, не им успеа диверзијата да се испразни трибината. ГОТОВИ БЕА...
Вардар водеше цел меч, но Димовски не дозволкуваше да се одлепиме изнудувајќи 100 пенали во серија

Времето не минуваше. Не можев да го видам семафорот и цело време само прашував уште колку уште колку.
Доаѓаат на -2. Срцево ми лупаше со сто на саат у пм

Си викам ајде уште малце издржи

Во сала лудница, мада условите не беа човечки. Немаше никакви услови за живот

Карачиќ ја буши нивната мрежа, детето кое се издигна во височините и сега е наш главен адут. Столе утна зицер за победа, но се спасуваме од намалување на -1. Оди Вардар во напад и Карачиќ погодува за +3 на минута до крај.
ЕРУПЦИЈА ВАРДАР Е НОВИОТ ШАМПИОН.
Единствено што памтам е дека трчав позади камерите и мавав со маицата по прозорите и викав АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ



Даскаловски брани на спротивната страна. Грми ЛИГА ШАМПИОНИ ОООООООООООООО ЛИгА ШАМПИОНИ ООООООООООО. Вардар оди во последен напад, погледите на Станиќ кажуиваат се. Ќе се изедат живи, ИМ ДОЈДЕ КРАЈОТ!
Јас на коленици со солзи во очи

Спонтано започнува ШАМПИОНЕ ШАМПИОНЕ, свири и сирената, големото славје може да почне. Како рој влагаат луѓше на терен, а Комитската трибина е сеуште полна до врв
А јас па мислев со Магдебург имало многу публика

Јас не се упатив на терен туку кај навивачите на Металург

И викам на другарката А СЕГА ШТО ЌЕ КАЖЕШ??????
Бегај ми вика, бегај
Комита Ултрас затоа ме фативте во нивниот дел од трибината, ете како се најдов кај нив

Набрзо Фичо се најде до мене, го испогушкав

Од разгласот пука ОЈ ВАРДАРЕ МАКЕДОНСКИ, а веднаш потоа и песната од времето на Кометал.
Некои тука на форумот се прашуваа зошто сме ја пееле песната, се гледа колку следеле ракомет во минатото

Спикерот моли да се напушти теренот за да биде доделена титулата.
Пред тоа имаше одличен гест од Лука Раковиќ. Својот дрес дојде и му го подари на едно дете кое одеше на штаки

Беше предадена и титулата.
СКОПЈЕ СЛАВИ, ВАРДАР ШАМПИОН!!!
Како и секогаш доаѓам со другари на утакмица, за време на утакмица ги губам, на крај си одам сам

Најкриво ми беше што не можев да славам убаво пошто вечерта требаше да го испраќаме еден другар за Америка, па не частеше.
По пат се слуша само свирење и извадени црвено црни шалови од прозорите. Накај Пржино иста слика. Доаѓам кај мене на игралиште и одма се почнува со песна. Се соблакам гол и пеам пеам пеам

Друштвово кое е анти спорт се крстат сите, ми викаат никогаш не сме те виделе волку среќен, камо и ние да можевме да ја доживееме некогаш оваа радост

Ги частев после сите во чест на титулите , им се уарни и на нив

Следен ден на игралиште собрани сите, одново се мота цел филм, се прераскажува денот... Среќни фаци, задоволни, го заслуживме тоа славје...
Тешки секоја сезона да ни биде како ланскава. Шампиони во фудбал, ракомет и одбојка

Новава сезона ќе биде нова приказна. Тешко нас, спремајте дијазепами на време
Голема благодарност до Вујо за се што направи за нас рпед се како група. Од тренер кој воопшто не ми правеше ќеиф на почетокот, прерасна во херој. Спаси многу напши деца од џандарите, лавовски се бореше на секој меч, се обидуваше да воведе дисциплина во нашиот реално недисциплиниран тим, гинеше за боите на клубот! Го стави Лино во малиот џев, го уништи на тактички план со многу помал буџет. Го направи Вардар модерен тим, со брз ракомет, ефективен иако реално тим,от нема некои бекови-шутери.
Го прероди Столе, Стоилов стана икона на нашиот клуб. Како сако се израдува на титулата

Така е Столе, се исполнија ланските зборови дека ЌЕ ГИ ЕБЕМЕ МЕТАЛУРГ
Благодарност и до маскотата Шиме како и до главниот виновник за титулата ПАПАТА. Неговата едномесечна авантура во тимот значеше многу за овој состав
Доста ве мачев, веројатно пропуштив еден куп работи, али ќе се надополниме идна година со се надевам уште многу титули <3