Фан клуб - РК Вардар

Tomasino е во право. Па слеп да биди чоек ќе увиди оти Лино ги префорсира играчите сезонава, истите та истите...стварно секоја чест за влезот во четфртфинале, ама со Пелистер да игра со прв тим е стварно глупост, притоа знаејќи оти Манасков нема да игра а најверојатно и Мојсо, а сега и Георгиевски епа нека се слика сега, Металург со ваква екипа повеќе од 20 гола не дава, макар јас да сум на гол од Вардар, се надевам на демант ама оваа му е златна шанса на Вардар која сум убеден оти ќе ја искористат
 
http://sportarena.mk/црногорецот-липовина-тренира-со-вард/

еве решение за наредната сезона за десен бек

Дете е овој :D Знам кога играа тука во Кале овој беше во напад и Петриќ го шлапна од земја и доби 2 минути исклучување и иде накај клупа и му се правда на Вујо со коментар во стил - ма дете е го чепнав само... а уствари Петриќ е горила еден другар ме моли нонстоп да идеме на ракомет само за него да го гледа :D
 
Вардар-Ловќен 38-29!
Каква утакмица :pos:
Не сум се смеел вака одамна :pos:
Ова кајгана екипава се лудаци, си одам накај дома вечерва ми текнуваат работи и се смеам како удрен по пат :pos:

Вујо стандардно им даде шанса на сите (мислам дека само Милиќ не влезе ниту еднаш и можеби Абутовиќ). Во составот не беше Недановски кој го реши претходниот меч, од голманите го немаше Чаневски, а Кукоски сеуште е пвореден и беше на трибините :confused:
Даскаловски го избрани цел меч против неговиот екс тим.
Искрено не сум задоволен од она што го прикажува досега. Ништо подобар од просечен голман :confused:
Не знам од кај му ги нашле овие 16 одбрани, некој да не бил на мечот ќе си рече којзнае како бранел :icon_mrgr:
Вистина е фати нешто ама и се изнаприми смешни голови, особено во второ полувреме кога беше клекнат ко кокошки да брка па му ја пикнаа во аголче.
Од оние што играа повеќето дадоа гол.
Јовчевски разочара, целo полувреме играше ама слабо. Утна зицер слично како и со Магдебург, а неколку пати се посра му бегаше топката од рака :icon_mrgr:
И Никола Маркоски под просекот, Вујо почна со него, продолжи со Лазовиќ а заврши со Столе.
Лазвоиќ неколку пати доби зицер топки и погодуваше, слично и Столе ако не се лажам само една утна.
Самиот по себе е атракција, со секое негово влегување предизвикува воодушевувања на трибините :icon_mrgr:
Карачиќ има огромен напредок :cuc:
И двајцата со Прибак се одлични. Прибак е најсериозен во екипата, нема трте мрте со него, ако загусти сам превзема се во свои раце и го закопува противникот :cuc:
Нема како да се искомбинираат и двајцата, ќе треба Карачиќ како лев бек да игра, а таму конкуренцијата е голема.
Абутовиќ сепак треба да си остане само на одбрана, обисдот на Вујо да го игра и напред не е премногу продуктивен...
Слично и Драгаш иако даде пет гола, сепак не е за во напад некако :icon_mrgr:
Тука е и Фичо, кој денес беше сосема солиден.
Петриќ одново енергичен не се забележува дека е веќе во години. Рајковиќ истотака солиден.
Каков мускул има на ногата маме му ебам, како робокап е :icon_mrgr:
Раковиќ си газеше од десно, за Марковиќ не треба ни да се трошат зборови, ги утепа во напад за едно полувреме 4/4 и тоа две ги пикна од скоро мртов агол.
Ојлески играше во целиот втор дел и имаше сличен учинок, даде 4 гола од 4 шута.
Го забаваа од публика, му дадоа дополнителен мотив :LOL:

Абе овие со втор тим да не ни играа? :D
Им го немаше Вујовиќ бе :icon_lol:
Беа солидни на почетокот, мада ние секогаш имаме лош старт на натпреварите. Некако несериозно се сфаќаат мечевиве, како одамна да прославија влез во фајнл фор. Вујо сите играчи ги ротира.
Петриќ го онесвести нивниот најдобар дефанзивец :icon_mrgr:
А они немаа нешто многу замени.
Кајгана скаутинг екипа му фрли око на Липовина, кој ни даде 5 гола :D
Уште нема цврстина, добри додавања, ама млад е и со добар тренинг може да се научи :D
Го следев Марковиќ кој сме го барале и ние и Металург и не е ништо посебно...
Голманите им беа легенди :D
Што ремет изедоа :pos:
Првиот нивни голман се нервираше за секој гол и му викаме абе немој бе мне си ти крив овие твоиве ги оставаат да те пунат :pos:
Ама вториот голман каков беше :pos:
Човече дали имаше 16 госдини типот?
Како од улица да го имаа собрано.
Што ремет изеде, да се јавел на мајка му да не го мисли, да не пие ладна вода ќе го фати грлото, го мислеле дека игра жмурка а овој на утакмица во Македонија итн :pos:
И како кец на десетка делегатот нешто реагираше и само што влезе во вториот дел мораше да го извадат :pos:
Изгледа мајка му се јави да не го форсираат толку :icon_mrgr:
А и нашиве нефер изиграа, особено Драгаш му се намерачи во второ полувреме зареди неколку голови по ред. Не е фер многу јаки им ги шутираше :icon_mrgr:
Имаа добра докторка :drk::icon_mrgr:
Тренерот сто посто беше воџана на Балисти, плукнат на него, Шкљзен :icon_mrgr:

За жал поради хаосот во нашата навивачка група немаше баш најсјајна атмосфера :( Ептен е тапа без навивачка група, ама ќе се среди неделава ;)
И посетеноста послаба да речеме дека околу 800 луѓе имаше на трибините.
Во второ полувреме моравме малце да загрееме па имаше доста заебанции, и правење ОЛЕЕЕ на секое додавање :icon_mrgr:

Ајде нека ни е честито фајнл фор. Вака-така со низа осцилации стигнавме до целта.
Останува да се одигра уште во среда дербито со Металург.

Во моментов табелата е:
1.Брест Мешков 37 (17 меча)
2.Вардар 36 (17 меча)
3.Металург 36 (17 меча)
4.Загреб 35 бод (17 меча)
5.Татран Прешов 29 (16 меча)
6.Ловќен 29 (17 меча)
7.Нексе 25 (17 меча)
8.Борац 10 (17 меча)
9.Извиѓач 9 (17 меча)
10.Слога 3 (17 меча)

Останаа двете дербиња Загреб-Брест и Металург-Вардар.
Победи ли Брест во Загреб тогаш сигурно е дека во полуфинале играат Вардар и Металург.
Ако тепа Загреб тогаш сигурно е дека ќе се промашиме со Металург, а со кого ќе вкрстиме ќе зависи од резултатот од нашиот двомеч.

:D:D:D
 
Легенда си ти пријателе,ај откако ќе заврши вардар-металург обавезно да ни кажеш кај згрешил лино и како уствари треба да игра.
И стај си малку лабело,да не ти испука устата од толку.....
Еве ти од мене едно лајкче очекувам добра работа да завршиш.



Металург ќе играат без,Козлина,Манасков,Георгиевски,и веројатно Мојсо.
Ако не ги победите сега комшии,Вујо неотповиклива нека си даде,најсериозно.


A sto kaza tolku sto vaka moras da vrakas?
 
Имаше еден млад играа исто Сеха против нас, не знам кој тим беше, им се повреди брзо најдобриот во судир со Петриќ и после он играше десен бек нонстоп, ако е тој Липовина ќе го биде дечкото, ако не, нека го бараат него.
 
Ги уништивме. :)
Мислам дека денес немавме слаба точка во тимот. Не ми е јасно како овие успеаа да ни земат бодови во Струмица.
 
Ги уништивме. :)
Мислам дека денес немавме слаба точка во тимот. Не ми е јасно како овие успеаа да ни земат бодови во Струмица.
Имавме, десното крило. Јовчевски и Раковиќ се изнапромашија. Посебно Раковиќ, незнам што му стана на чоеков, излеа дека ептен го фалевме на почеток на сезона :icon_mrgr:
За одбележување е и голот на Милиќ а и тоа што Пецакот не им играше на овие, излеа па нешто повреден е тој....
 
Добро, Раковиќ од крило не изигра баш најбоље, ама затоа имаше неколку реализирани контри и неколку голови од бековска позиција. На Милиќ голот! :cuc:
 
На Раковиќ му броев 3/7 имаше учинок :D Даде еден гол од бек, утна три зицери од крило.
Јовчевски утна два зицери, ама даде 2 гола.
Фичо го отвори убаво мечот, даде 4 гола (2 од пенал). Понатаму мислам дека само цепелинот му беше. И едно голче од крило даде. Подобро крило да игра човеков:D
На пикер си ги менувавме играчите, и пак ќе речам Никола некако сомнителен ми е...
Како да не ми дава максимум :tapp:
Прво полувреме игравме слабо во одбрана.
Почнавме со Милиќ-Недановски-Маркоски-Јовчевски-Карачиќ-Петриќ-Лазаров. Петриќ ја направи разликата при крајот на првиот дел. Се играше гол за гол докај 8-8 ми се чини, после со серија голови поведовме со 3-4 разлика.
Немаа сили гостите. Везенковски ги вадеше на почетокот, и Колев со некоја одбрана. Во првиот дел и Милиќ им шлапна едно голче:D
После во вториот дел ги торпедиравме.
Им се измори единствената постава (а играа и без Пецаковски) и ги стопивме. Се нижеа контри и погосдоци. Недановски беше камен, па Ојлески одлично го замени со 4-5 гола. Марковиќ беше на трибините :)
Си реков ако пак ги потцениме како во Струмица исто кога Марковиќ не беше ни во состав, ќе ги убијам сите :D
Разликата дојде и над 10, а можеше и повеќе да не се разбранеше вториот голман на Зони Мак.
Како ни земале бод не ми е јасно. Чантурија заспа во вториот дел, ништо не изиграа.
Еден старец им влезе со број 4, не можеше да мрдне.
Конечно одлично бранење од Даскаловски. Ги отвори во вториот дел. Мада прво го биеше малер, таман ќе ја фати и ќе му досудат фаул :pos:
Проблем беше и што имаше доста сонце во салата, и им сметаше на играчите, а особено на голманите. Но мораше да играат во тој термин бидејќи после нас играа Тинекс-Куманово.

Салата е топ за навивање :D
Одма се осети разлика кога се игра во близина на Кисела Вода кај што има повеќе наши фанови :D
Без посебна најава, во сала беше доста полно. Според мене околу 400 гледачи. Мада тоа во Кале пвоторно би изгледало како празна сала :icon_mrgr:
Вардар имаше поддршка и од 40-тина членови на Комити, нормално неорганизирано :D Спонтано се почнуваше песна, и на крај им беше порачано дека САКАМЕ ТИТУЛА :D
Во салата има такво ехо, што кога свиревме при гостинските напади, судиското свирче воопшто не се слушаше :icon_mrgr:


Како што наслушнав со Тинекс Пролет ќе играме во вторник во 19 часот, но ќе почекаме за потврда.
 
Легенда си ти пријателе,ај откако ќе заврши вардар-металург обавезно да ни кажеш кај згрешил лино и како уствари треба да игра.
И стај си малку лабело,да не ти испука устата од толку.....
Еве ти од мене едно лајкче очекувам добра работа да завршиш.



Металург ќе играат без,Козлина,Манасков,Георгиевски,и веројатно Мојсо.
Ако не ги победите сега комшии,Вујо неотповиклива нека си даде,најсериозно.
Па ти одма да нападниш...
Томасино објективно даде коментар во врска со утакмицата а вие одма се палите.
Можи и да ти е криво шо никој од вашите фанови на форум нема такво ракометно познавање да напише таква анализа .
Пази малце со коментарите ...
Спортски поздрав . ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom