Вардар-Ловќен 38-29!
Каква утакмица

Не сум се смеел вака одамна

Ова кајгана екипава се лудаци, си одам накај дома вечерва ми текнуваат работи и се смеам како удрен по пат
Вујо стандардно им даде шанса на сите (мислам дека само Милиќ не влезе ниту еднаш и можеби Абутовиќ). Во составот не беше Недановски кој го реши претходниот меч, од голманите го немаше Чаневски, а Кукоски сеуште е пвореден и беше на трибините

Даскаловски го избрани цел меч против неговиот екс тим.
Искрено не сум задоволен од она што го прикажува досега. Ништо подобар од просечен голман

Не знам од кај му ги нашле овие 16 одбрани, некој да не бил на мечот ќе си рече којзнае како бранел

Вистина е фати нешто ама и се изнаприми смешни голови, особено во второ полувреме кога беше клекнат ко кокошки да брка па му ја пикнаа во аголче.
Од оние што играа повеќето дадоа гол.
Јовчевски разочара, целo полувреме играше ама слабо. Утна зицер слично како и со Магдебург, а неколку пати се посра му бегаше топката од рака

И Никола Маркоски под просекот, Вујо почна со него, продолжи со Лазовиќ а заврши со Столе.
Лазвоиќ неколку пати доби зицер топки и погодуваше, слично и Столе ако не се лажам само една утна.
Самиот по себе е атракција, со секое негово влегување предизвикува воодушевувања на трибините

Карачиќ има огромен напредок

И двајцата со Прибак се одлични. Прибак е најсериозен во екипата, нема трте мрте со него, ако загусти сам превзема се во свои раце и го закопува противникот

Нема како да се искомбинираат и двајцата, ќе треба Карачиќ како лев бек да игра, а таму конкуренцијата е голема.
Абутовиќ сепак треба да си остане само на одбрана, обисдот на Вујо да го игра и напред не е премногу продуктивен...
Слично и Драгаш иако даде пет гола, сепак не е за во напад некако

Тука е и Фичо, кој денес беше сосема солиден.
Петриќ одново енергичен не се забележува дека е веќе во години. Рајковиќ истотака солиден.
Каков мускул има на ногата маме му ебам, како робокап е

Раковиќ си газеше од десно, за Марковиќ не треба ни да се трошат зборови, ги утепа во напад за едно полувреме 4/4 и тоа две ги пикна од скоро мртов агол.
Ојлески играше во целиот втор дел и имаше сличен учинок, даде 4 гола од 4 шута.
Го забаваа од публика, му дадоа дополнителен мотив
Абе овие со втор тим да не ни играа?

Им го немаше Вујовиќ бе

Беа солидни на почетокот, мада ние секогаш имаме лош старт на натпреварите. Некако несериозно се сфаќаат мечевиве, како одамна да прославија влез во фајнл фор. Вујо сите играчи ги ротира.
Петриќ го онесвести нивниот најдобар дефанзивец

А они немаа нешто многу замени.
Кајгана скаутинг екипа му фрли око на Липовина, кој ни даде 5 гола 
Уште нема цврстина, добри додавања, ама млад е и со добар тренинг може да се научи

Го следев Марковиќ кој сме го барале и ние и Металург и не е ништо посебно...
Голманите им беа легенди

Што ремет изедоа

Првиот нивни голман се нервираше за секој гол и му викаме абе немој бе мне си ти крив овие твоиве ги оставаат да те пунат

Ама вториот голман каков беше

Човече дали имаше 16 госдини типот?
Како од улица да го имаа собрано.
Што ремет изеде, да се јавел на мајка му да не го мисли, да не пие ладна вода ќе го фати грлото, го мислеле дека игра жмурка а овој на утакмица во Македонија итн

И како кец на десетка делегатот нешто реагираше и само што влезе во вториот дел мораше да го извадат

Изгледа мајка му се јави да не го форсираат толку

А и нашиве нефер изиграа, особено Драгаш му се намерачи во второ полувреме зареди неколку голови по ред. Не е фер многу јаки им ги шутираше

Имаа добра докторка


Тренерот сто посто беше воџана на Балисти, плукнат на него, Шкљзен
За жал поради хаосот во нашата навивачка група немаше баш најсјајна атмосфера

Ептен е тапа без навивачка група, ама ќе се среди неделава

И посетеноста послаба да речеме дека околу 800 луѓе имаше на трибините.
Во второ полувреме моравме малце да загрееме па имаше доста заебанции, и правење ОЛЕЕЕ на секое додавање
Ајде нека ни е честито фајнл фор. Вака-така со низа осцилации стигнавме до целта.
Останува да се одигра уште во среда дербито со Металург.
Во моментов табелата е:
1.Брест Мешков 37 (17 меча)
2.Вардар 36 (17 меча)
3.Металург 36 (17 меча)
4.Загреб 35 бод (17 меча)
5.Татран Прешов 29 (16 меча)
6.Ловќен 29 (17 меча)
7.Нексе 25 (17 меча)
8.Борац 10 (17 меча)
9.Извиѓач 9 (17 меча)
10.Слога 3 (17 меча)
Останаа двете дербиња Загреб-Брест и Металург-Вардар.
Победи ли Брест во Загреб тогаш сигурно е дека во полуфинале играат Вардар и Металург.
Ако тепа Загреб тогаш сигурно е дека ќе се промашиме со Металург, а со кого ќе вкрстиме ќе зависи од резултатот од нашиот двомеч.