Фан клуб - РК Вардар

1.80 коеф за Вардар
2.20 за Селолург

И кладилниците знаат кој е кој ;)
 
Би требало да има :)
Никој не купува карти денови пред утакмца, ретки се тие...
Дојди пола саат порано и би требало да најдеш...
Немаме ние рестрикции како што прави Металург, па за дуели со Вардар раздаваат карти и селектираат на кого продаваат, затоа скоро цела спротивна трибина во Кале навива за металург...
Малце претеруваш 50-50 е таа трибина.........:)
 
Малце претеруваш 50-50 е таа трибина.........:)
50-50 ама без Пирати :)

Иначе сбајлево го видов Милиќ :D
Седнал во Аванти во ГТЦ, јаде ли јаде и се надевам тоа што го пиеше не беше некој алкохол, мада не памтам шише вода да се сервира во чаши за вино :icon_mrgr:
 
Ја неможам до Драчево да отидам не па надвор од државава :ROFLMAO:
Не ми кради лирики бе :icon_lol:
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 14:21 ---
Како предигра на денешниот меч, нашите кадети стандардно го силувале Металург сред Автокоманда.




ВО БОРБЕН НАТПРЕВАР КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ ЗАГУБИЈА ОД ВАРДАР

Објавено на : 10/11/2012 13:21
Текстот не е лекториран​
DSC_0268_resize.jpg

Во “Автокоманда“ денеска се одигра натпревар од машката кадетска лига меѓу екипите на Металург и Вардар ПРО. Победата му припадна на гостинскиот тим, со резултат 17:18 (9:11).
Видовме навистина борбен натпревар во кој и двете екипи ја посакуваа победата, но поуспешен, а на крајот и посреќен, беше тимот на Вардар ПРО. Целиот натпревар помина во израмнета борба, а резултатот е израмнуван дури 11 пати. Гостинските ракометари имаа перманентно водство (најмногу со три гола разлика, 4:7), но кадетите на Металург беа постојано на чекор до нив.
293821_493306427366881_1718548343_n.jpg

Во првото полувреме резултатот е израмнуван петпати. При резултат 4:4, Вардар се закани со серија од 3:0, но нашите кадети вратија со истата мера. Сепак, полувремето заслужено му припадна на нашиот противник.
480960_493306887366835_2117567255_n.jpg

Во второто полувреме работите се променија. Од самиот почеток нашите кадети го нападнаа водството на противникот и веќе во вториот напад го израмија резултатот. Во 32. минута го имавме нашето прво, за жал и последно, водство, 13:12. Од тој момент па се до крајот на средбата следевме резултатска нишалка во која екипата на Вардар очајнички го бранеше своето минимално водство. Во последната минута двете екипи влегоа со идентичен број постигнати голови, 17. Вардар го искористи својот последен напад и поведе со 17:18. Металург на секунда до крајот постигна гол, кој судијата Белимов го поништи извлекувајќи ја топката на девет метри. Тоа предизвика бурна реакција од нашата клупа, но не го промени крајниот резултат. Вардар ПРО победи со 17:18.
76231_493307777366746_1975425570_n.jpg

Најдобри поединци на средбата беа Димитриоски (кај Металург) и Калевски (кај Вардар ПРО), кои постигнаа по седум голови. На голот на Металург се истакна младиот голман, Дарио Алушовски.
374404_493308147366709_1455759385_n.jpg

РК Металург (кадети) - Вардар ПРО (кадети) 17:18 (9:11)
РК Металург: Алушовски, Обреновиќ, Доневски 1, Илиоски, Шулевски, Илиевски, Реџиќ, Димитриоски 7, Стојменов, Мијушковиќ, Ставридис 3, Гроздановски 1, Митревски 4, Цветковски 1, Беќаровски и Лазаревски. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 0 минути.
РК Вардар ПРО: Маркоски, Наумовски, Димовски 6, Калевски 7, Снчев 2, Трајковски, Ристов 3, Љубевски, Кизиќ, Петрески, Јовановски, Ламчевски, Никодиновски, Стојановски, Куртановиќ и Арсеновски. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 минути.
Судии: Белимов Кристијан и Николовски Ненад од Скопје.
Делегат: Младенов Сашо од Скопје.
 
^ Овој Алушовски да не му е син на Стевче?
Могуче е, како да ми се врти во глава дека во една емисија (на Телма ми се чини) Стефче кажуваше дека син му сакал да биде голман. Може грешка сум.
 
Могуче е, како да ми се врти во глава дека во една емисија (на Телма ми се чини) Стефче кажуваше дека син му сакал да биде голман. Може грешка сум.

Еве google помогна , вистина бил син на Стевче.

Синот Дарио веќе тргнува по татковите стапки
Сè уште активен играч, а веќе добива наследник. Тринаесетгодишниот Дарио е голман во пионерскиот тим на Металург, но, за разлика од легендата на Милан Паоло Малдини, Стевче не би сакал да заигра во тандем со својот син.
"И јас почнав на таа позиција и го охрабрував да биде голман, зашто добар голман е 60% од успехот на секоја екипа. Каде и да играв, Дарио секогаш бил мој голем навивач, било пред телевизор било во сала. Рано е да се каже за талентот, но гледам дека има голема желба да тренира, и тоа е важно, бидејќи добар ракометар е 95% работа", смета Стевче, исто така, татко на 10-годишната Дона.

Извор
 
Абе знаете што ми текна друго...
Се сеќава некој кога последен пат сме ги добиле Металург во Кале? :eek:
Ако убаво ме држи сеќавањево во последниве 5 сезони имаме само еден триумф на Кале, и тоа во финалето на купот 2008 :eek:
 
Сега ако не тепаме никогаш............
АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom