Малку смирено луѓе, не се бориме за титула во Бундес, се бориме за титула во македонска лига, ги направивте Еурофарм и Алкалоид како да се Кил и Магдебург... истиот тој толку јак Алкалоид што го правите изигра нерешено на домашен терен со Охрид, ние ги добивме, језда со лоша одбрана, но вака така ги добивме... Формата на екипата од ова подоле не може да оди, може само да оди во нагорна линија, сите од фаворитите ќе изгубат по некаде бодови... Кога ви ги читам коментарите имам чувство како да навиваме за екипа од ранг на Радовиш а не за Вардар... и на Еспиња повредата каква и да е, секако еден од него и Валах ќе можеше да игра на натпреварите од домашно првенство, плус тој тип на повреда паузата е месец-два, ништо страшно и сериозно.. Ако го добиеме дербито наредна недела ќе одиме на +3 бода од конкурентите, тогаш магично ќе сме први фаворити за титула или како ?