Ја неможам до Драчево да отидам не па надвор од државава
Не ми кради лирики бе
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 14:21 ---
Како предигра на денешниот меч, нашите кадети стандардно го силувале Металург сред Автокоманда.
ВО БОРБЕН НАТПРЕВАР КАДЕТИТЕ НА МЕТАЛУРГ ЗАГУБИЈА ОД ВАРДАР
Објавено на : 10/11/2012 13:21
Текстот не е лекториран
Во “Автокоманда“ денеска се одигра натпревар од машката кадетска лига меѓу екипите на Металург и Вардар ПРО. Победата му припадна на гостинскиот тим, со резултат 17:18 (9:11).
Видовме навистина борбен натпревар во кој и двете екипи ја посакуваа победата, но поуспешен, а на крајот и посреќен, беше тимот на Вардар ПРО. Целиот натпревар помина во израмнета борба, а резултатот е израмнуван дури 11 пати. Гостинските ракометари имаа перманентно водство (најмногу со три гола разлика, 4:7), но кадетите на Металург беа постојано на чекор до нив.
Во првото полувреме резултатот е израмнуван петпати. При резултат 4:4, Вардар се закани со серија од 3:0, но нашите кадети вратија со истата мера. Сепак, полувремето заслужено му припадна на нашиот противник.
Во второто полувреме работите се променија. Од самиот почеток нашите кадети го нападнаа водството на противникот и веќе во вториот напад го израмија резултатот. Во 32. минута го имавме нашето прво, за жал и последно, водство, 13:12. Од тој момент па се до крајот на средбата следевме резултатска нишалка во која екипата на Вардар очајнички го бранеше своето минимално водство. Во последната минута двете екипи влегоа со идентичен број постигнати голови, 17. Вардар го искористи својот последен напад и поведе со 17:18. Металург на секунда до крајот постигна гол, кој судијата Белимов го поништи извлекувајќи ја топката на девет метри. Тоа предизвика бурна реакција од нашата клупа, но не го промени крајниот резултат. Вардар ПРО победи со 17:18.
Најдобри поединци на средбата беа Димитриоски (кај Металург) и Калевски (кај Вардар ПРО), кои постигнаа по седум голови. На голот на Металург се истакна младиот голман, Дарио Алушовски.
РК Металург (кадети) - Вардар ПРО (кадети) 17:18 (9:11)
РК Металург: Алушовски, Обреновиќ, Доневски 1, Илиоски, Шулевски, Илиевски, Реџиќ, Димитриоски 7, Стојменов, Мијушковиќ, Ставридис 3, Гроздановски 1, Митревски 4, Цветковски 1, Беќаровски и Лазаревски. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 0 минути.
РК Вардар ПРО: Маркоски, Наумовски, Димовски 6, Калевски 7, Снчев 2, Трајковски, Ристов 3, Љубевски, Кизиќ, Петрески, Јовановски, Ламчевски, Никодиновски, Стојановски, Куртановиќ и Арсеновски. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 минути.
Судии: Белимов Кристијан и Николовски Ненад од Скопје.
Делегат: Младенов Сашо од Скопје.